Разлика помеѓу преработките на „Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези“

Живописот во нерешката црква, е дело на повеќе раце, пред сè на рацете на двајцата главни мајстори. Тие се разликуваат помеѓу себе не толку спорèд цртежот колку според колоритот. В. Лазарев смета дека живописот го работеле неколкумина мајстори (четворица или петмина) и дека главниот мајстор е повиканиот мајстор кој дошол од Цариград. Неговата рака го извела живописот на најодговорните и најосветлените делови во црквата, а на тој дел му припаѓаат и најзначајните досега сочувани композиции: [[Сретение]], [[Преображение]], [[Лазарево воскрсение]], [[Раѓање на Св. Богородица]], [[Воведение на Св. Богородица во храмот]], [[Влегување во Ерусалим]], [[Симнување од крстот]] и [[Оплакување Христово]]. Вториот зограф, според Лазарев, најблискиот помошник на главниот мајстор кој ја работел композицијата на [[Евхаристијата]] (Причестувањето на апостолите) и некои од ликовите на [[светите воини]], работи во помалку сигурен манир и слика со нешто поразводнети бои. На овие двајца главни мајстори им помагале и двајца или тројца ученици чии раце можат да се распознаат во живописот изведен во нартексот и страничните простории. Врвно дело на главниот зограв се композициите Оплакување Христово и Симнување од крст.
 
[[Податотека:Lamentation icon Nerezi MK.jpg|мини|десно|230п250п|Оплакување Христово]]
 
Композицијата Оплакување Христово е позната тема која се сретнува речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква. Но Оплакувањето во Нерези од сите нив се разликува, не толку по иконографските посебности, колку по извесни елементи што се покажуваат како достоинство на непознатиот зограф од Нерези. Во прв ред тоа е нагласеното истакнување на внатрешните чувства на прикажаните личности. Св. Богородица е насликана како мајка која плаче над својот мртов син. Нејзиното лице покажува болен израз на длабока болка. Нејзиниот поглед е вперен во лицето на мртвиот син кого што го држи во драматична прегратка.