Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
== 1919-1924 ==
 
По [[Првата светска војна]], Александров заедно со Протогеров, под претекст дека ја возобновуваат старата [[ВМОРО]] од време на Илинденското востание, во Пиринска Македонија ги удира темелите на ВМРО. Зборот Одринска е изваден од името, затоа што во 1913 година [[Турција]] ги прогонува сите христијанибугари од оваа област. Таа самата се повикувала на таков континуитет, иако сега била есктремно десничарска, па како таква сурово се пресметувала со низа автентични Илинденци, нејзини неистомисленици, како [[Ѓорче Петров]] на пример. ВМРО израснува во силна герилска организација, при што од своите бази во Бугарија извршува терористички акции против властите на новите поробувачи на Македонија, соседните Кралства на СХС и Грциjа, а создава и ригидна паралелна власт и брутално се меша во политичкиот живот на Бугарија, како во случајот со [[Деветојунски преврат|Деветојунскиот преврат]] и [[Септемвриско востание|Септемвриското востание]] во [[1923]] година. Во 1922 г. со помошта на ВМРО е создадена и [[Внатрешна Тракиска Револуционерна Организациjа]] (ВТРО), начело со [[Тане Николов]], бивш воjвода од ВМОРО.
 
Александров заедно со Алеко Паша создава силна организација со челична дисциплина на територијата на Пиринска Македонија. Бугарските власти ја толерираат Организацијата, под услов таа да биде катализатор кој ќе спречува ескалација на политичката ситуација.