Разлика помеѓу преработките на „Архангел Урил“

с
нема опис на уредувањето
с
с
Во современата и само маргинално христијанска [[ангелологија]], за Урил се вели дека е [[серафим]], [[херувим]], намесник на сонцето, светлина Божја, ангел на Божественото присутност, претседавач над Тартар (пеколот), архангел на спасението, и во подоцнежни писанија, поистоветуван со [[Фануил (архангел)|Фануил]] „лик Божји“. Често е прикажан како носи книга или папирусна ролна која ја претставува мудроста. Урил е и покровител на уметноста.
 
[[Слика:uril.jpg|thumb|left|250px|Архангел Урил на мозаик, Италија]]
На Римскиот собор во 745, [[Папа Захариј|папата Св. Захариј]], намеравал да го разјасни црковното учење на тема ангели и да ја спречи тенденцијата кон богослужение на ангели, ја осудил опсесијата со ангелски интервенции и ангелопоклонството, но ја потврдил и одобрил практиката на почитување на ангели. Овој синод исфрлил многу имиња на ангели од листата на оние кои можат да се почитуваат во Римската црква, меѓу кои и Урил. Така останало дозволено само почитување на архангелите споменати во признаениот католички канон: Михаил, Гаврил и Рафаил.
 
ВОВо првата половина на [[XI век]], следбениците на т.н. дуалистичкиот ерес [[Богомилство]] правеле ритуали за повикување на Урил.
 
Во ''[[Златна легенда]]'', Урил е еден од ангелите на планетите - ангел на Марс. Како таков споменат е и на други места.