Еколошка ниша: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ar, bg, ca, cs, da, de, el, en, eo, es, et, eu, fi, fr, gl, he, ht, hu, hy, id, it, ja, ko, la, lt, lv, nl, nn, no, pl, pt, ru, simple, sk, sl, sr, stq, sv, ta, uk, zh
дополнување
Ред 8:
Оваа разлика укажува на тоа дека меѓувидовата конкуренција води кон намалување на плодноста и животоспособноста и дека во фундаменталната ниша може да има таков дел кој го зазема даден вид, во кој како резултат на меѓувидовата конкуренција, тој не е во состојба да живее и успешно да се размножува. Овој дел од фундаменталната ниша на видот отсуствува во неговата реализирана ниша (Бигон и др., 1989). На овој начин, реализираната ниша секогаш влегува во состав на фундаменталната или е еднаква на неа.
 
== Принцип на конкурентнокомпетициско исклучување ==
 
Суштината на принципот на конкурентнокомпетициско исклучување, познат и како принцип на Гаузе, се состои во тоа што секој вид има своја сопствена еколошка ниша. Два различни вида не можат да заземат иста еколошка ниша. Формулиран на ваков начин, принципот на Гаузе бил критикуван. На пример, еден од познатите противречности на овој принцип е „планктонскиот парадокс“. Сите видови на живи организми кои припаѓаат на [[планктон]]от живеат на мошне ограничен простор и употребуваат ресурси од еден тип (главно сончева енергија и морски минерални соединенија). Современиот пристап кон проблемот на разделување на еколошките ниши на неколку видови укажува на тоа дека во некои случаи два вида можат да споделат една еколошка ниша, а во некои случаи ова води кон изумирање на еден од видовите.
 
Гаузе го формулирал принципот на компетициско исклучување работејќи со [[инфузории]]те ''[[Paramecium caudatum]]'', ''P. aurelia'' и ''P. bursaria''. Сите три вида растеле многу добро во монокултури, достигнувајќи во епруветите со течен медиум стабилни вредности на ограничувачките густини на популацијата. Како храна на инфузориите им служеле бактериски или квасочни клетки што растеле на овесно брашно кое регуларно било додавано. Меѓутоа, кога тој ја измоделирал еколошката ниша, заедно растејќи ги ''P. caudatum'' и ''P. aurelia'', се покажало дека ''P. aurelia'' го надрастила ''P. caudatum''. При заедничко растење, ''Р. caudatum'' и ''Р. bursaria'' коегзиситираат, но со густина на популацијата на пониско ниво за разлика од монокултура. Се покажало дека тие биле просторно разделени во епруветите — ''Р.bursaria '' се наоѓала на дното од епруветите и се исхранувала со квасци, додека ''Р. caudatum'' бил во горниот дел и се хранел со бактерии.
 
Оттогаш, принципот на компетициско исклучување, кој гласи дека „целосните компетитори не можат да постојат бесконечно“, станал една од главните догми на теоретската [[екологија]]. На ваков начин, ако два вида коегзистираат, тогаш меѓу нив мора да постои некаква еколошка разлика, а тоа значи дека секој од нив зазема своја сопствена ниша.
 
Кога слабиот компетитор е во компетиција со посилен, тогаш тој ја губи својата реализирана ниша.
 
== Наводи ==