Питу Гули: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 34:
=== Илинденско востание===
 
По пристигнувањето во родниот крај Питу Гули наеднаш бил вброен меѓу командниот кадар и вклучен во војводското тело на [[Крушевски востанички реон|Крушевскиот востанички реон]]. Сите биле максимално ангажирани во подготовките на [[востание]]то, а за Питу ги обиколувал селата.

Неговиот одред бил најмногуброен. Тој од селата ја собрал и селската [[милиција]], па одредот на почетокот броел околу 350 луѓе. На Втори август утрината Питу пред сите востаници одржал говор, наспомнувајќи им ја заклетвата и барајќи строго извршување на наредбите од претпоставените [[Старешина|старешини]].

Веднаш по преземањето на градот, Питу Гули демонстративно ја искажал својата гордост и радоста од постигнатиот успех. Јавнат на бел [[ждребе]]ц, облечен во запленета [[бег]]овска срмена облека, тој одел на чело на [[одред]]от, следен од знаменосецот [[Ѓорѓи Димев]], со развеано [[знаме]]. Утрото на [[12 август]] [[Бахтијар паша]] го испратил фатениот Крушевчанец [[Коста Њику Баждавела]] во својство на [[парламентарец]] кај востаниците со порака да се предадат ''на милоста на [[султан]]от''. Заедно со пораката дошол и [[ултиматум]]от дека ''доколку не се предадете и не наведнете глави, градот ќе го бомбардирам и запалам, додавајќи дека тој го смирил [[Косово]] и е кадарен да го смири Крушево''.

Иако постоело колебање во [[ШтабГорски штаб на Крушевската востаничка околија|Штабот]]от, конечното решение гласело градот да се брани, а на војводите им била испратена наредба секој да остане на своите позиции. [[Наум Томалевски]] знае дека Питу на последното советување во Штабот решително го отфрлил предлогот за предавање на градот, изјавувајќи дека тргнува кај четата за да се бие и да ги брани честа и градот.
 
==== Битката кај Мечкин камен ====