Масовни медиуми: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
[[Никола Тесла]] и [[Нејтан Стејфлфилд]] ги патентирале безжичните радио трансмитери, па затоа Тесла важи за изумител на радио технологијата, што било докажано и по судски пат, кога Маркони го изгубил спорот со Тесла во американскиот Врховен суд.
 
Кај радио-телеграфијата брановите се испраќаат на идентичен николце начин како што се пишуваат во телеграфска порака со точки и цртички. Во тоа време, предавателите биле нарекувани „пали-гаси машини“, а биле употребувани во комуникацијата на бродовите меѓу себе и со копното. Американската морнарица прва ја употребила оваа технологија во 1899 година, а две години подоцна создала комплетен безжичен систем, испраќајќи ги гулабите „во пензија“. Првата приватна порака на овој начин била испратена од американскиот претседател Теодор Рузвелт, до англискиот крал Едвард VII, во 1903 година, од базата на Маркони во Масечусетс. Понатаму, се бележат употреби во метеоролошки, известувачки и полициски цели.
 
[[Ли Де Форест]] дал свој придонес со повеќе откритија: вселенската телеграфија, триодниот засилувач и детекторот на електромагнетно зрачење. Сето ова направило да стане возможно засилувањето на радио-фреквенцискиот сигнал што антената го добива, пред да се употреби во приемникот. Тој се смета и за „кум“ на зборот „радио“. Врз основа на ова е откриена амплитудната модулација, односно АМ-радиото. Претходните предаватели од типот „пали-гаси“ не го поддржувале овој систем. Соединетите американски држави го контролирале овој пронајдок се до крајот на Првата Светска војна. Потоа сите патенти поврзани со радио технологијата биле префрлени на компанијата RCA (Radio Corporation of America).