Александар Станишев: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
с Отстрането уредување на 213.240.241.95, вратено на последната верзија од Nk |
||
Ред 1:
'''Александар Димитров Станишев''' <sup>[[# Дообјаснувања|1]]</sup> e познат научник и лекар во првата половина на ХХ век. Исто така, познат е по тоа што бил министер за внатрешни работи и за здравје во бугарската влада, за време на [[Втора Светска војна|Втората Светска војна]]. Документите на [[АСНОМ]], го третираат како "[[фашизам|фашистички]] агент", додека [[Бугариjа|бугарски]] историски извори сметаат дека тој се залагал за "ослободувањето на [[Македонија]] од [[Грција|грчко]] и [[Србија|српско]] ропство", и нејзино припојување кон [[Бугарија]].
име= Александър Станишев▼
Роден на 15 декември 1886 во [[Кукуш]], [[Егеjска Македониjа]]. Му припаѓа на познатиот кукушки преродбенички род [[Станишеви]].
Средно училиште го завршува во [[Солун]]. Студирал општествена историja во [[Софиja]] (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во [[Минхен]], [[Германиjа]] (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во [[Минхен]] и во болници во [[Берн]] и [[Ландау]] (1910-1912). Во [[Балкански воjни|Балканските]] и [[Прва светска воjна|Првата светска воjна]] учествувал како [[Хирургија|хирург]] во бугарски воjни болници во [[Тракија]] и [[Македонија]].
Специјализира во [[Хаjделберг]] и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургиjа на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет, а од 1923 е редовен професор на истата катедра. Оснивач е и прв директор на Хируршката клиника во Софиjа. [[Декан]] е на Медицинскиот факултет на [[Софиски универзитет|Софискиот универзитет]] (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - [[ректор]] на Софискиот универзитет "Свети [[Климент Охридски]]" (1938-1939).
Александар Станишев e добитник на многу меѓународни признаниjа. Во 1935 година е избран за член, а во 1938 за подпретседател на Меѓународната хируршка академиjа во [[Женева]]. Од 1939 година е почетен член на [[Универзитетот во Хамбург]], а на следната година е прогласен и за доктор хонорис кауза на [[Берлински универзитет|Берлинскиот универзитет]].
Политичката деjност на Александар Станишев е поврзана со борбата за ослободувањето на Македониjа од српско и грчко ропство, и нејзино припојување кон Бугарија, а потоа со окупацијата на Македонија од страна на прохитлеровскиот режим на Бугарија во [[Втора Светска Војна|Втората Светска Војна]] (во бугарската верзија, оваа окупација е претставена како ослободување на Македониjа од српско и грчко ропство). Од [[1 jуни]] [[1944]] до [[2 септември]] [[1944]] година е министер на внатрешните работи и народното здравје на Бугариjа. После промените во Бугариjа на [[9 септември]] [[1944]] е осуден на смрт од [[Народен суд во Бугариjа|Народниот суд]] и на 1 февруари 1945 г. е стрелан заедно со други интелектуалци поврзани со политичкиот живот на Бугариjа за време на Втората Светска Војна.
Професор д-р Александар Станишев е автор на преку 50 научни дела од областа на хирургиjата на различни jазици - [[бугарски]], [[германски ]], и др. Од обjавените на бугарски jазик наjзначаjни се:
"Волево движение на изкуствената рака. Заубербахова операция, сопствена метода и техника на протезата" (Софиjа, 1919), "Пластично възстановяване на горната усна чрез трансплантация на долната" (Софиjа, 1924), "Лекции" (Софиjа, 1924), "Хирургиjа. Лекции" (Софиjа, 1942).
== Дообјаснувања ==
¹ Вклучувањето на Александар Станишев во категоријата Македонски лекари се должи на неговото потекло од Македонија. Тоа не значи дека тој бил т.е. се чувствувал како Македонец, во национална смисла. Станишев е истотака вклучен во листата на видни бугарски лекари. Види: [http://bg.wikipedia.org/wiki/Александър_Станишев]
== Надворешни линкови ==
* [http://www.doctorbg.com/stanishev.htm Професионална биографиjа] на Александар Станишев (бугарски)
[[Category:Историја на македонскиот народ|С]]
[[Category:Македонски борци|С]]
[[Category:Македонци|С]]
|