Стамат Икономов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: de:Stamat Ikonomow
Ред 25:
 
=== Приврзаник на козервативаната струја ===
По востанието, доаѓа до поделба на македонското револуционерно движење. Икономов се нашол во виорот на тие настани. Постепено во Организацијата јасно се диференцирале две групи: [[Умерно - конзервативна струја (МРО)|Конзервативна струја]] и [[Радикалнa - реформска струја|Реформска струја]]. Согласнос своите убедувања тој клонел кон првата струја.
 
Во 1904 година во [[Варна]] бил одржан окружен конгрес на Одринскиот револуционерен округ на кој бил избран за задграничен претставник на овој округ со што било направено преседант, имено Окрузите немале право да имаат свои задгранични преставници. Како делегат на Одринскиот револуционерен округ учествувал во работата на [[Рилски конгрес|Рилскиот конгрес]], таму го подржал [[Даме Груев]] кои застанал зад централистичките принципи за идно уредуввање на Организацијата.
 
Во 1906 година со чета навлегол во Одринско, но поради болест се вратил во Бугарија. Бил избран за делегат на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] од 1908 година, но не успеал да присуствува .
 
=== Подоцнежна дејност ===
По [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] на 31 декември 1908 година во Едрене е одржан конгрес на Одринскиот револуционерен округ, таму Стамат Икономов учествувал како делегат и е вклучен во составот на раководството. Во пресрет на Балканската војна неговото здравје е многу кревка.
 
Икономов умрел во 1912 година во Софија, во беда <ref>Енциклопедия България, том 3, Издателство на БАН, София, 1982, стр. 95.</ref><ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 64.</ref>.
 
== Извори ==