Лазар Поп-Трајков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 106:
Дури и му испраќа писмо во кое срдечно го поздравува и го поканува да дојде кај него. Иако Поп Трајков знае дека Коте има врски со грчкиот владика Германос Каравангелис, тој сепак се препушта на Коте надевајќи се дека заедничката борба за време на востанието ги е средила сите недоразбирања меѓу Коте и ВМОРО. Но Поп Трајков не знае дека грчкиот владика веќе го врбувал Коте да работи за грчкиот комитет и дека добива месечна плата.
 
Како непомирлив борец против грчкото духовно господство во Костурско, Лазар Поп Трајков е трн во очите на Грците и тие нудат се што можат само да биде тој мртов. И така, во октомври 1903 година, во падините на планината Лисец, до село Руља, великиот водач Лазар Поп Трајков е заклан од страна на Коте и [[Павел Киров|Павле Киров]] (поранешен член на ВМОРО, потоа андарт).
 
Главата му е испратена на грчкиот владика Германос Каравангелис кој ја фотографира и испраќа по селата.