Народно собрание на Крушевската Република: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Народното собрание''' е највисоката законодавна власт на [[Крушевската Република|Крушевската република]], тоа се состоело од 60 делегати <ref name="InKiK"><small>''Историја на Крушево и Крушевско, Од постанокот на градот до поделбата на Македонија, книга прва, Крушево, 1978''</small></ref>, претставници на сите етнички групи и други (верски) конфесионалности од [[Крушево]]. Една од најважните одлуки на ''Собранието'' е изборот на [[Привремена влада на Крушевската република|Привремената влада]] и нејзините членови. Собранието сите свои одлуки ги донело во духот на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], создавање на републиканско уредување, учество и еднакво задоволување на сите етнички групи и нивно обединување околу идејата за ''автономна Македонија''.
 
==Состав==
== Свикување ==
 
По ослободувањето на [[Крушево]], на [[4 август]] [[1903]] година било свикано ''Собрание'' на градот. Тоа се состоело од 60 истакнати крушевски граѓани по 20 од секоја народност. Околу припадноста на овие народнсоти нема согласност во историската наука. Дел од историчарите истакнуват дека имало три народности: [[Власите во Македонија|влашка]], [[Албанци во Македонија|албанска]] и ''бугарска'', односно ''македоци - егзархисти'' <ref group="белешка" name="vg_1"/>, а според други населението се делело на 4 народности, иако стнува збор за конфесионални зедници. Во тој период населнието се состоело од:
 
:1''патријаршисти'', тука влегувале поголемиот дел од [[Власите во Македонија|Власите]], малубројни [[Албанци во Македонија|Албанци]] и незначителен дел на [[Македонци]]
 
:2''Власи романофили или националисти''
 
:3''Македонци - егзархисти''
 
:4''Српска партија'', која била незначајна
 
Од трите доминантни конфесионални (верски) општини било создадено собранието на ослободено [[Крушево]].
 
== Белешки ==
{{Reflist|group="белешка"|refs=
 
<ref name="vg_1">Во Османлиската империја не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед.
 
Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија.
 
Под графата ''Муслимани'' биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед.
 
Во графата ''Рум Милет'' (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманската империја кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци.
 
Христијанското населние кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како ''Бугар милет'', тука спаѓаат македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари.
 
Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како ''Јауди'', но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003</ref>
 
}}
 
== Извори ==