Отоманско Царство: Разлика помеѓу преработките

Одземени 154.793 бајти ,  пред 11 година
Ја заменувам страницата со ''''Задебелен текст'''N00b'''Задебелен текст''''
с (r2.7.1) (Бот Менува: ta:உதுமானியப் பேரரசு)
(Ја заменувам страницата со ''''Задебелен текст'''N00b'''Задебелен текст'''')
'''Задебелен текст'''N00b'''Задебелен текст'''
{{Infobox Former Country
|common_name = Отоманска империја
|native_name = <big>دولتْ علیّه عثمانیّه</big><br />Девлет-и Алије-ји Османије<br />
|conventional_long_name = Отоманска империја
|continent = [[Азија]], [[Европа]], [[Африка]]
|status = Империја
|event_start = [[Создавање на Отоманската империја|Основана]]
|year_start = 1299
|event_end = [[Укинување на Султанатот]]
|year_end = 1923 <!--Don't change this date to 1922 because it alters the date of the Treaty of Lausanne as "24 јули 1922" (instead of 24 јули 1923) in the infobox-->
|date_end = 24 јули
|event_start = [[Подем на Отоманската Империја|Основана]]
|event_end = [[Лозански мировен договор]]<ref>[[Договорот од Севр]] (10 август, 1920) afforded a small existence to the Ottoman Empire. Аболицијата на Птоманскиот Султанат на 1 ноември, 1922 не значело крај на Отоманската ''Држава'', туку само на Отоманскаат ''династија''. Официјалниот крај на Отоманската Држава бил деклариран со [[Договорот од Лозана]] (24 јули, 1923). Тој ја принава новата "Влада во Анкара", а не старата Отоманска влада со седиште во Константинопол, како претставник на правниот сопственик и држава наследничка. Владата во Константинпол била практично обезглавена после заминувањето на султанот од градот. [[TBMM]] декларира државата наследничка да биде "[[Република Турција]]" (29 октомври, 1923).</ref>
|event1 = [[Отомански интерегнум|Интерегнум]]
|date_event1 = 1402–1413
|event2 = [[Прва уставна ера (Отоманска империја)|Прва уставна ера]]
|date_event2 = 1876–1878
|event3 = [[Втора уставна ера (Отоманска империја)|Втора уставна ера]]
|date_event3 = 1908–1918
|event4 = Укинување на [[Султанат|Султанатот]] ([[1 ноември]] [[1922]] година) и симнување на [[Мехмед VI]], последниот султан ([[17 ноември]] [[1922]] година)
|date_event4 = 17 ноември, 1922
|p1 = Селџукски султанат
|flag_p1 = Selcuklu.gif
|s1 = Турција
|flag_s1 = Flag of Turkey.svg
|image_flag = Ottoman Flag.svg
|flag = Знаме на Отоманската империја
|image_coat = Osmanli-nisani.svg
|symbol = Грб на Отоманската империја
|image_map = OttomanEmpireIn1683.png
|image_map_caption = Граници на Отоманската империја (1683) ([[Список на територии под отоманска власт|Видете: Список на територии]])
|national_motto = '''دولت ابد مدت'''<br />Девлет-и Ебед-мудет<br />(„Вечната држава“)
|national_anthem = [[Химна на Отоманската империја]]
|capital = [[Согут]] (1302–1326)<br />[[Бурса]] (1326–1365)<br />[[Едрене]] (1365–1453)<br />[[Константинопол]] (1453–1922)<ref>''The Encyclopædia Britannica'', Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; ''Constantinople, the capital of the Turkish Empire...''</ref><ref>[http://concise.britannica.com/ebc/article-9368294/Istanbul Britannica, Istanbul]:''When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.''</ref>
|official language(s) = [[Отомански турски јазик|Отомански турски]]
|government_type = Монархија
|title_leader = [[Список на отомански султани|Султани]]
|leader1 = Осман I
|year_leader1 = 1281–1326 (прв)
|leader2 = Мехмед VI
|year_leader2 = 1918–22 (последен)
|title_deputy = [[Спосок на отомански Големи визери|Голем Визер]]
|deputy1 = Алаедин Паша
|year_deputy1 = 1320–31 (прв)
|deputy2 = Ахмет Тевфик Паша
|year_deputy2 = 1920–22 (последен)
|stat_year1 = 1689
|stat_area1 = 7210000
|stat_year2 = 1856
|stat_pop2 = 35350000
|stat_year3 = 1906
|stat_pop3 = 20884000
|stat_year4 = 1914
|stat_pop4 = 18520000
|stat_year5 = 1919
|stat_pop5 = 14629000
|religion = [[сунитски ислам]]
|currency = [[акче]], [[куруш]], [[турска лира|лира]]
|footnotes = <Big>'''[[Хронологија на Османлиската империја|Хронологија]]'''</Big>
}}
'''Отоманската Империја''' или '''Османлиската Империја''' ([[Отомански турски јазик|отомански турски]]: دولتْ علیّه عثمانیّه ''Devlet-i Âliye-yi Osmâniyye'';<ref>[http://www.twareekh.com/images/upload/aboutus/ottmani10liras1334F-.jpg Ottoman banknote with Arabic script]</ref> [[турски јазик|турски]]: ''Osmanlı İmparatorluğu''), исто така од современите историчари позната ѝ како ''Турска империја'', претставувала мулти-етничка држава што постоела во периодот од [[1299]] до [[1922]] година, или вкупно 624 години<ref>Султанатот бил аболициран на 1 ноевмри, 1922. [[Мехмед VI]], последниот Отомански Султан, бил протеран од Константинопол на 17 ноември, 1922.</ref> како империјална [[монархија]], или до [[24 јули]] [[1923]] година, [[де јуре]] како држава<ref>Со [[Договорот од Лозана]] (потпишан на 24 јули, 1923) новата Турска држава (сеуште не Република, која била прогласена подоцна на 29 октомври, 1923) со седиште во [[Анкара]] е меѓународно призната како наследничка на Отомаксата Држава.</ref>.Таа била наследена од страна на [[Република Турција]],<ref>[http://wwi.lib.byu.edu/index.php/Treaty_of_Lausanne Full текст на Договорот од Лозана (1923)] {{en}}</ref>која официјално била прогласена на [[29 октомври]] [[1923]] година.
 
Таа е една од најголемите империи што било кога владееле со границите на [[Средоземно море|Средоземното море]]. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на [[Анадолија]], [[Блиски Исток|Блискиот Исток]], делови од [[Северна Африка]] и [[југоисточна Европа]]. Била основана од страна на [[турски народи|туркското]] племе [[Огузи]] во западна [[Анадолија]], а на нејзино чело стоела [[Отоманска династија|Османлиската династија]]. Основач на династијата бил [[Осман I]] (неброејќи го неговиот татко [[Ертугрул]]), иако како династија не била прогласена сѐ до [[1383]] година кога [[Мурат I]] се самопрогласил за [[султан]]. До тогаш, владетелите се нарекувале [[бег|бегови]] или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал [[османлии|Турци-Османлии]].
 
Отоманската Империја своето име го добила по својот основач, првиот [[султан]] [[Осман I]]. На [[турски јазик]], Осман се вика Отоман (''Uthmān'') од каде доаѓа и името на Отоманската Империја. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и [[Висока Порта]] или само ''Порта'', кое води потекло од [[француски јазик|францускиот]] превод за зборот ''Баб'и'али'' ([[турски јазик|турски]]: ''Bâb-i-âlî'') кое значи “висока капија“, според интегрирањето на империјата од [[Европа]] во [[Азија]].
 
Отоманската Империја во многу аспекти се смета за [[ислам|исламски]] наследник на [[Источната Римска империја]].<ref>Brown, Leon Carl, ''Imperial Legacy'', (Columbia University Press, 1997), 1. {{en}}</ref>
 
== Историја ==
=== Периодот од 1299 до 1453 година ===
{{главна|Подем на Отоманската Империја}}
==== Периодот од создавањето до интерегнумот ====
{{Историја на Отоманската империја}}
Почетокот на создавањето на Отоманската Империја се карактеризира со постојани [[Отоманско-византиски војни]] кои траеле околу 1,5 век. Потеклото на [[Отоманци]]те може да се проследи назад во [[11 век]], кога на територијата на [[Анадолија]] опстојувале неколку мали муслимански емирати со [[Турски народи|туркско потекло]]. Главната цел на овие т.н. [[Анадолски бејлици]] била да ги одбранат своите територии од страна на [[Византија]]. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населеле голем број на [[турски народи]].<ref>{{цитирана книга |last=Malcolm Holt |first=Peter |coauthors= Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis |title=The Cambridge History of Islamy |year=1977 |publisher=Cambridge University Press |isbn=0-5212-9135-6 |pages=231–232 }}</ref>Меѓутоа, во [[1073]] година и победата на [[Селџукска империја|Селџукската империја]] во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]], овие анадолски Бејлици добиле можност да прогласат своја независност од [[Селџуци]]те. Меѓу овие помали кнежества било и кнежеството со престолнина во [[Согут]]. Тоа било предводено од страна на [[Ертугрул]]. Кога во [[1281]] година починал, неговиот син [[Осман I|Осман]] станал негов наследник. Многу бргу по ова, новиот лидер се прогласил за врховен бег и основал нова династија, наречена според него [[Османлиска династија]]. Така, Осман станал првиот владетел на Османлиската империја во [[1299]] година.<ref>{{цитирана книга |last=Bideleux |first=Robert |coauthors=Ian Jeffries |title=A history of eastern Europe: crisis and change |year=1998 |publisher=Routledge |isbn=0-4151-6111-8 |pages=62 }}</ref>Во [[1265]] година, византискиот град [[Согут]] бил заземан од страна на Осман бег.<ref>{{цитирана книга|last=Parker|first=Geoffrey|title=Compact History of the World|location=London|publisher=Times Books|year=2005|pages=71}}</ref>По падот на [[Согут]], териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на [[Византија]]. Во исто време, [[Осман I]] успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на [[13 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан [[Јенишехир]], а по ова паднала [[Бурса]] и [[Никеја]] (денешен [[Изник]]), најголемиот византиски град во [[Анадолија]]. [[Бурса]] паднала во [[1326]] година, непосредно пред смртта на Осман.
 
Наследник на Осман станал неговиот син [[Орхан I]]. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на [[Византија]]. Така во [[1331]] година [[Опсада на Никеја (1331)|паднала Никеја]], а во [[1337]] [[Опсада на Никомедија|паднала Никомедија]]. [[Бурса]] станала новата престолнина на [[султанат]]от. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично. Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц [[Јован VI Кантакузин]]. Во [[1346]] година Орхан отворено го подржал Јован VI во симнувањето од престолот на [[Јован V Палеолог]]. Кога тој дошол на престолот, на Отоманците им било дозволено да го [[Падот на Галиполи|окупираат]] напуштениот [[Галиполи]]. Во следната деценија, Отоманците започнале колонизација на [[Тракија]] со [[Муслимани|муслиманско население]]. Сепак, [[Византиски владетели|византискиот император]] бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој [[Византија]] ја признала загубата на [[Тракија]].
 
Наследник на Орхан бил [[Мурат I]]. Првата поголема офанзива на новиот султан [[Мурат I]] била во [[1365]] година во [[Битка кај Адријанопол (1365)|битката кај Адријанопол]]. Византиската армија повторно доживеала пораз, со кое бил ставен почетокот на отоманското присуство на [[Балкан]]от и [[Европа]]. Веднаш по битката, престолнината на [[Отоманци]]те била пренесена од [[Бурса]] во Адријанопол, денешен [[Едрене]]. Ова преместување на престолнината на Отоманците им овозможило место при идните напади на [[Балкан|балканските земји]]. Во [[1354]] година Отоманците ги поминале [[Дарданели]]те. Ова бил голем момент од нивното напредување по морски пат, бидејќи во голема мера го ограничиле поморскиот пат кон [[Константинопол]], остварувајќи значајни победи против [[Венецијанска република|Венецијанската република]].
 
Во следните години следувале успешни воени походи против [[Бугарија]], [[Македонија]] и [[Србија]]. Во [[Маричка битка|Маричка битката]] (1371) Отоманците издвојувале убедлива победа против [[христијанство|христијаните]] од [[Балкан]]от. По ова, [[Македонија]] и делови од [[јужна Србија]] потпаднале под Отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на [[Балкан]]от. По оваа битка, Отоманците се упатиле кон внатрешнста на Србија, поточно кон [[Косово]]. До поголема битка дошло во [[1389]] година во т.н. [[Косовска битка]]. Битката завршила со катастрофален пораз на српската војска. Според голем дел од историчарите, Косовската битка била една од најзначајните победи на империјата.<ref>[http://www.britannica.com/eb/article-9046112 Battle of Kosovo, '' Encyclopedia Britannica'']</ref><ref>[http://www.bartleby.com/65/ko/Kosovo.html Kosovo Field, ''Columbia Encyclopedia'']</ref><ref>[http://encarta.msn.com/encyclopedia_761588292/Kosovo_Battle_of.html Kosovo, Battle of, ''Encarta Encyclopedia'']</ref><ref>Historical Dictionary Of Kosova By Robert Elsie, pg.95</ref><ref>The Encyclopedia of World History: Ancient, Medieval, and Modern, Chronologically Arranged By Peter N. Stearns, William Leonard Langer, pg. 125</ref><ref>Global Terrorism By James M Lutz, Brenda J Lutz, pg. 103</ref> Во оваа битка загинал султанот Мурат.
 
По оваа битка, новиот султан, [[Бајазит I]], наредил сите српски затвореници да бидат погубени. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на [[Балкан]]от поради кое главно бил наречен ''Јилдирим'' или [[молња]]. Една од најголемите негови победи е [[Битка кај Никопол|битката кај Никопол]], во која остварил голема победа против христијанските сојузници. Во негово време, од исток се појавиле [[Монголци|монголските освојувачи]] на чело со [[Тимур]]. Монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во [[Анадолија]]. До поголема војна дошло на [[28 јули]] [[1402]] година кај [[Анкара]]. Во таа битка учествувал и самиот [[Бајазит I]], заедно со своите синови: [[Иса (син на Бајазит)|Иса]], [[Мехмед I|Мехмед]], [[Муса (син на Бајазит)|Муса]], [[Мустафа (син на Бајазит)|Мустафа]] и [[Сулејман (син на Бајазит)|Сулејман]]. Во битката Монголите издвојувале голема победа. Султанот, заедно со син му Муса биле заробени. Следната година, султанот починал<ref>Ismail Hakki Uzuncarsili. Osmanli tarihi, cild, 3 baaski, Ankara 1972, 310-320</ref>.
 
==== Османлиски интеррегнум ====
{{главна|Османлиски интеррегнум }}
[[Податотека:Musa Çelebi.jpg|right|200px|thumb|Муса Челеби]]
 
По [[Анагорска битка|Анагорската битка]], во Отоманската Империја се дошло до [[интеррегнум]] - ''меѓувлада'', која трале повеќе од една деценија. По битката, синовите на Бајазит побегнале на различни страни. Така, Сулејман со Големиот везир Али Паша и јаничарскиот ага се засолниле во [[Бурса]] а потоа и во [[Едрене]] каде се самопрогласил за [[султан]]. Мехмед се зацврстил во [[Амасија]] и борејќи се против Монголите, успеал да поврати некои од претходно изгубените територии. Иса се засолнил во [[Бурса]] и ја зацврстил својата власт во [[Караманија]]. Мустафа мистериозно исчезнал, додека пак Муса Челеби кој бил заробен заедно со својот татко, по неколку месеци се вратил со останките на султанот. Според пишаните извори, во времето кога тој пристигнал во [[Анадолија]], тој ги пронашол своите браќа Мехмед и Иса скарани, помеѓу кои била започната војна. Во таа војна Иса бил победен и затоа тој побегнал кај својот брат Сулејман во [[Едрене]]. Сулејман многу бргу го прифатил, со кое го ставил на чело на една армија која тргнала во поход против Мехмед. Иса, во битката кај [[Ески Шехир]] бил поразен. Во самата битка тој бил заробен а подоцна и погубен во [[1406]] година, <ref>Furuzan Hursev Tokin, Turkiyede halk hareketleri, Istanbul 1968, 35.</ref>Тогаш Сулејман со својата армија преминал во [[Анадолија]] борејќи се против своите двајца браќа Мехмед и Муса, кои биле во тоа време во сојуз. Во исто време, во анадолскиот регион пристигнал влијателниот шејх Бедредин.
 
Војната завршила во [[1413]] година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името [[Мехмед I]].
 
==== Стабилизација и освојување на Константинопол ====
[[Податотека:Zonaro GatesofConst.jpg|thumb|left|[[Мехмед II]] влегува во Константинопол]]
 
Кога Мехмед Челебија остварил победа над своите браќа, во [[1413]] година тој бил крунисан за нов султан во [[Едрене]] како [[Мехмед I]]. Неговата прва задача била да ја врати гордоста и силата на Отоманската Империја. Мехмед престолнината на империјата ја преместил од [[Бурса]] во [[Едрене]] или Адријанопол. Албанските племиња успеале да се обединат во една држава, [[Босна]] и [[Молдавија]] биле потполно независни. [[Унгарија]] сѐ уште ги држела своите амбиции кон Балканот, а [[венецијанска република|Венеција]] пак крајбрежните делови.
 
По доаѓањето на тронот на [[Мурат II]], Отоманската империја започнала воена кампања против бунтовите кои избувнувале на Балканот, особено во [[Србија]]. Во [[1422]] година Мурат безуспешно го [[Опсада на Константинопол (1422)|опседнал]] [[Константинопол]], а по повеќегодишна опсада, во [[1430]] година го [[Опсада на Солун (1422–1430)|зазел]] [[Солун]]. Наспроти ова, тој безуспешно водел војни против [[Скендербег]], на територијата на денешна [[Албанија]] и [[Македонија]].
 
Неговиот наследник, [[Мехмед II]] на отоманскиот престол се качил во [[1451]] година, по смртта на Мурат. Мехмед успеал да потпише мировен договор со Венеција и Унгарија. Откако го обезбедил тоа, тој се свртел кон престолнината на [[Византија]], Константинопол. Во текот на летото во [[1452]] година [[Мехмед II]] (чиј прапрадедо [[Бајазит I]] изградил тврдина на азиската страна на [[Босфор]]) решил да изгради нова тврдина на европската страна на [[Босфор]]от со што го зацврстил отоманското влијание кај теснецот.<ref name="Norwich373"/> Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Константинопол му се скратила можноста да добива помош од колиниите на [[Република Џенова|Џенова]] кои во тоа време постоеле на брегот на [[Црно Море]]. Новата твдрина била наречена [[Румелихисар|Римска тврдина]] ([[турски]]: Rumeli Hisarı).
 
Конечната [[Падот на Константинопол (1453)|опсада на Константинопол]] започнала на [[2 април]] [[1453]] година. По скоро два месеци војна и битки, на [[29 мај]] престолнината била заземена. По заземањето на Константинопол, Мехмед го изградил [[Топкапи Сарај]] и престолнината на Отоманската Империја била преместена од [[Едрене]] во [[Константинопол]]. Мехмед бил прогласен за новиот ''Римски цезар'', замислувајќи се себе си како наследник на престолот на [[Римската Империја]]. [[Црква Света Софија (Истанбул)|Црквата Света Софија]] била претворена во [[џамија]]. По падот на Константинопол, Мехмед кој станал познат и како ''Освојувач'' се свртел кон [[Балкан]]от, односно [[Опсада на Белград (1456)|Белград (1456)]], каде не успеал да го зазеде, и [[Кројска тврдина|Кроја]] која била [[Четврта опсада на Кроја|освоена]] по смртта на [[Скендербег]].
 
=== Периодот од 1453 до 1683 година ===
{{главна|Територијално проширување на Отоманската Империја}}
[[Податотека:Battle of Mohacs 1526.png|thumb|left|[[Мохачка битка (1526)|Мохачката битка]] го означил крајот на [[Кралство Унгарија]]]]
[[Податотека:Battle of Preveza (1538).jpg|thumb|[[Битка кај Превеза]]]]
 
Периодот од историјата на Отоманската Империја од [[1453]] до [[1683]] година е познат како периот на [[Територијално проширување на Отоманската Империја|територијално проширување на империјата]].
 
Во [[1481]] година, султанот [[Мехмед II]] неочекувано починал. На негово место, на престолот застанал неговиот поголем син [[Бајазит II]]. Според законите на Отоманската Империја, тоа означувало смртна пресуда за [[Кем (син на Мехмед)|Кем]], кој бил помал брат на Бајазит. Во тоа не се согласил Кем, па затоа во околината на Караман успеал да мобилизира одредена војска и да тргне кон [[Бурса]]. По неколкумесечната војна, Бајазит успеал да ја мобилизира својата војска и да го порази на својот брат кај [[Јенишехир]]. Во [[1499]] година избила [[Отоманско-венецијански војни|Отоманско-венецијанска војна]], која траела до [[1503]] година кога [[Отоманци]]те ги добиле последните венецијански упоришта на [[Пелопонез]] и некои градови по должината на [[Јадранско Море|јадранскиот брег]]. Кон почетокот на [[16 век]] започнала ѝ војна со [[Мамелуци]]те, која завршила со победа на империјата во [[1513]] година.
 
Претходно, во периодот од [[1509]]-[[1512]], во империјата избувнала [[Отоманска граѓанска војна|граѓанска војна]]. Во времето на војната, [[Бајазит II]] бил [[султан]] на империјата. Војната се водела помеѓу неговите синови Ахмед и Селим. Во [[1509]] година Ахмед успеал да ги порази Сафавидите и нивните сојузници во [[Мала Азија]]. По ова тој се упатил кон [[Константинопол]]. Плашејќи се за својата безбедност, Селим организирал бунт во [[Тракија]], но бил поразен од страна на Бајазит и принуден да побегне во [[Крим]] ([[1511]]). По ова Бајазит дознал дека Ахмед се приближува кон престолнината, па затоа одбил да му ги отвори портите на градот. Селим се вратил од [[Крим]] и со поддршка од [[јаничари]]те, најпрвин го поразиле а подоцна и го убиле Ахмед. По овој настан, Бајазит абдицирал од престолот ([[25 април]] [[1512]]).
 
Новиот султан, [[Селим I]], успеал да ги зазеде современите држави [[Сирија]], [[Либан]], [[Палестина]] и [[Египет]], вклучувајќи го и светиот град [[Ерусалим]], како и [[Каиро]], престолнината на [[Абасидски калифат|Абасидите]]. По ова, тој се прогласил за калиф во империјата. Империјата воспоставила морнарица во [[Црвено Море]]. Ова главно се споровело поради поморските војни со [[Португалија]] кои се воделе главно за трговијата. Во текот на овој период, империјата се натпреварувала со големите европски колонијални сили, во [[Индиски Океан]]. Голем број на флоти, со војници и оружје, биле испраќани за поддршка на муслиманските владетели во [[Кенија]] и во [[Ачех]].
[[Податотека:Ottoman small animation.gif|мини|лево|250|Ширењето на империјата]]
Наследник на Селим I бил [[Сулејман I]]. Во негово време, тој ги освоил најсветите муслимански градови [[Мека]], [[Медина]], [[Ерусалим]], [[Дамаск]] и [[Багдад]]. Во [[август]] [[1521]] година била освоена речиси цела [[Србија]]. Во [[1522]] година бил заземен [[Родос]]. На [[29 август]] [[1526]] година започнала [[Мохачка битка (1526)|Мохачката битка]]. [[Отоманци]]те ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од [[Лајош II]]. Битката го означил крајот на [[Кралство Унгарија]]. Од [[1541]] година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна [[Унгарија]], како и [[Трансилванија]], [[Влахија]] и [[Молдавија]] кои станале вазалства на султанот. Сулејман водел три воени кампањи против Сафавидската империја во [[Персија]] и [[Ирак]]. Во [[1534]] година бил заземен градот [[Багдат]]. Вториот поход ([[1548]]-[[1549]]) резултурал со зазимање на [[Табриз]] и [[Азербејџан]], [[Ван (покраина)|провинцијата Ван]] и делови од денешна [[Грузија]]. Третиот поход се случил во [[1555]] година, кој завршил со договорот од [[Амасија]], според кој биле признаени границите на Отоманската Империја. Во текот на неговото владеење биле спроведени воени походи во [[Северна Африка]] во кој биле заземани [[Освојување на Тунис (1534)|Тунис]], [[Алжирска инвазија (1541)|Алжир]] и [[Опсада на Триполи (1551)|Триполитанија]]. Во овој период, Отоманската Империја станала доминантна во [[Средоземно Море]]. Отоманската морнарица исто така обезбедила контрола и над [[Црвено Море]] и [[Персиски залив|Персискиот залив]] во [[1554]] година, кога нивните сили биле поразени од страна на [[Португалска империја|Португалија]]. По ова следувал поразот во [[Падот на Аден (1548)|битката кај Аден]] во [[1548]] година. Во [[1533]] година, [[Хајредин Барбароса]] спровел воен поход против [[Хабсбуршка Шпанија]]. Во [[1541]] година бил [[Опсада на Будим (1541)|опсаднат]] градот [[Будим]]. Опсадата резултирала со зазимање на градот [[Буда (град)|Будим]]. По оваа победа била воспоставена контрола над [[централна Унгарија]]. Битката е дел од т.н. [[Мала војна во Унгарија]]. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против [[Фердинанд I (Света Римска империја)|Фердинанд I]], најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола<ref>Garnier, p.200</ref>.
[[Податотека:SiegeOfViennaByOttomanForces.jpg|thumb|left|[[Опсада на Виена (1529)|Опсада на Виена]] од 1529 година]]
[[Податотека:Battle of Lepanto 1571.jpg|thumb|[[Битка кај Лепанто (1571)|Битката кај Лепанто во 1571 година]]]]
Една од најнеуспешните војни и битки на Сулејман I била [[Опсада на Виена (1529)|опсадата на Виена]] во [[1529]] година. Опсадата претставува крајна точка на [[Османлиски војни во Европа|османлиската инвазија во Европа]], бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во [[Европа]], иако во [[1683]] година имал уште [[Опсада на Виена 1683)|еден обид]] за зазимање на градот.
 
По смртта на Сулејман I, негов наследник станал неговиот син [[Селим II]]. Во текот на неговото владеење, тој успеал да ги зазеде [[Јемен]] и [[Крит]]. Во [[1570]] година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот [[Кипар]] и крајбрежните делови од денешните држави [[Италија]] и [[Шпанија]]. Војната продолжила од [[1570]] до [[1573]] година. Во текот на [[1570]] и [[1571]] година биле заземани градовите [[Никозија]] и [[Фамагуста]]. Тој доживеал голем пораз во [[Битка кај Лепанто (1571)|битката кај Лепанто]] во [[1571]] година. Самиот Селим II се оддал на харемовиот живот. Во практика неговата империја била управувана од страна на [[Мехмед паша Соколовиќ]]. Тој починал во [[1574]] година од [[алкохол]].
 
По смртта на Селим, неговите следни два наследника [[Мурат III]] и [[Мехмед III]] продолжиле со борбата за превласт во [[харем]]от. Нивното време се одбележува со голема [[корупција]]. Од овие два султани се очекувало премногу, но сепак тие живееле типичен сарајски живот. границите на империјата повеќе не можеле да бидат проширувани бидејќи самиот султан не размислувал за тоа.
 
[[Ахмед I]] на престолот застанал во [[1603]] година, на свои 14 години. Во [[1617]] година бил потпишан мир со [[Персија]] и [[Молдавија]]. Тој бил првиот султан којшто не извршил братоубиство. Својот брат [[Мустафа I]] го прогласил за негов наследник бидејќи синот му Осман бил премногу млад. [[Мустафа I]] по само три месеци бил сменет од страна на [[Осман II]]. Осман II ја обезбедил источната граница со потпипшшување на мировен договор со Сафавидски Иран. Тој ја предводел инвазијата над [[Полска]]. По [[Битка кај Котин (1621)|битката кај Котин]], Отоманците биле поразени и Осман бил принуден да се врати во престолнината во срам, обвинувајќи ги јаничарите за поразот.
 
[[Мурат IV]] на престолот дошол во [[1623]] година. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Често пати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Тој водел победоносна војна со [[Персија]], освојувајќи го [[Азербејџан]], [[Табриз]] и [[Хамадан]]. Во [[1638]] година го зазел и [[Багдат]]. [[Мехмед IV]] имал само 7 години кога бил прогласен за [[султан]]. Државната власт била управувана од страна на [[Валиде султан]] и самите јаничари. Во [[1664]] година неговите сили доживеале пораз кај [[Битка кај Сентготард (1664)|Сентготард]]. Големиот везир [[Кара Мустафа Паша]] залудно се свртел кон [[Виена]] во [[1683]] година и ја [[Опсада на Виена (1683)|ставил под опсада]]. По неговата неуспешна опсада, Кара Мустафа Паша бил погубен.
 
=== Периодот од 1683 до 1827 година ===
{{главна|Стагнација на Отоманската империја}}
 
Периодот од [[1683]] до [[1827]] година, во историјата на империјата е познат како стагнација на Отоманската Империја.
 
Во текот на овој период, голем дел од [[Балкан]]от бил отстапен на [[Австрија]]. Одредени области во империјата, како [[Египет]] и [[Алжир]] станале полузависни, за да подоцна паднат под влијание на [[Велика Британија]] и [[Франција]]. Во текот на [[18 век]] централната власт била реорганизирана, голем број на провинции добиле автономија. Во текот на [[18 век]] и [[19 век]] се воделе серија од војни со [[Руска империја|Руската империја]]. Со престанувањето на победничките војни започнале да се намалуваат приходите на империјата. [[Јаничари]]те повеќе не биле купувани преку т.н. [[данок на крв]]. Тие добиле право да се женат, да тргуваат. Самите чиновници во империјата сфатиле дека земјата повеќе не претставува светска сила ниту во [[Европа]] ниту на [[Блиски исток|Блискиот исток]].
 
Долгиот период од османлиската стагнација обично се карактеризира како историска ера во која голем број на реформи пропаднале. Сепак, во вториот дел од овој период, во времето на [[Селим III]] ([[1789]]-[[1807]]) се започнало со образовни и технолошки реформи, кои вклучувале создавање на институции за високо образование. Еден од најпознатите академски институции од овој период е [[Технички универзитет (Истанбул)|техничкиот универзитет]]. Освен тоа, султанот основал нов пешадиски корпус [[низам-и-џедид]], направил [[девалвација]] на парите, конфискувал голем број на имоти и ги зголемил даноците. Османлиската Империја започнала да отвара амбасади во европските престолнини.
[[Податотека:Sultan Mahmud II.jpg|thumb|десно|250px|[[Махмуд II]]]]
Султанот [[Махмуд II]] ([[1808]]-[[1839]]) продолжил со реформите на својот претходник. Во [[1826]] година по негова заповед бил ликвидиран јаничарски корпус, [[спахија|спахиите]] и организирал нова коњаница и артилерија. Освен тоа, вој вовел и реформи во [[морнарица]]та. Неколку големи везири и членови на [[Висока порта|Високата порта]] отворено го подржувале султанот и неговите реформи. Најпрвин била реформирана централната власт, Високата Порта добила нови министерства, војската добила нова униформа.
 
Додека султанот се обидувал да ја спаси империјата, на [[Балкан]]от започнале организирани борби против отоманслата власт. Т.н. процес на распаѓање на импријата го започнале [[Срби]]те во [[1804]] година. [[Српска револуција|Српската револуција]] го одбележил почетокот на националното будење на балканските народи. По т.н. [[Второ српско востание]], [[Србија]] добила независност ([[де јуре]] [[1830]]).<ref>http://www.njegos.org/past/liunion.htm</ref><ref>Berend, Tibor Iván, ''History derailed: Central and Eastern Europe in the long nineteenth century'', ([[University of California Press]] Ltd, 2003), 127.</ref> Во [[1821]] година започнала [[Грчка револуција|грчката револуција]], која вклучувала и делови во [[Македонија]], [[Крит]], [[Пелопонез]] и [[Кипар]]. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на [[Пелопонез]] непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани. <ref>Jelavich, p. 217.</ref>Во крајна сметка, грчките револуционери, помогнати од страна на европските сили, во 1830 година издвојувале победа, по кое била создадена слободна држава [[Грција]].
 
=== Периодот од 1828 до 1908 година ===
{{главна|Пад на Отоманската Империја}}
[[Податотека:Malakhov1.jpg|thumb|десно| [[Кримска војна|Кримската војна]] од [[1853]] година]]
Периодот од 1828 до 1908 година, во историјата на Отоманската империја е познат како период на [[Пад на Отоманската Империја|пад на империјата]]. Во текот на овој период, империјата се соочила со предизвиците на одбрана на земјата од странските напади и окупации. Поради фактот што [[Османлии]]те сè повеќе започнале да ги губат своите позиции во [[Европа]], таа започнала да гради сојузништва со европски земји, како што се [[Франција]], [[Холандија]], [[Велика Британија]]. Таков е примерот со [[Кримска војна|Кримската војна]] од [[1853]] година, кога Османлиите во сојуз со [[Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска|Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска]], [[Втора француска република|Втората француска република]] и [[Кралство Сардинија|Кралството Сардинија]] војувале против [[Руската империја]].
 
Кримската војна го предизвикала масовното иселување на [[Кримски Татари|Кримските Татари]]. Од вкупното татарско население кое броело околу 300.000 во Тавридсакта област, околу 200.000 [[Татари]] биле преселени во Отоманската империја.<ref>[http://monderusse.revues.org/docannexe1800.html "''Hijra'' and Forced Migration from Nineteenth-Century Russia to the Ottoman Empire"], by [[Bryan Glynn Williams]], ''Cahiers du Monde russe'', 41/1, 2000, pp. 79–108.</ref>Kон крајот на [[Кавкаски војни|Кавкаските војни]], голем број на [[Черкези]] ги напуштиле своите домови во [[Кавказ]] и принудно заминале во Отоманската империја. Во текот на [[19 век]], иселувањето или протерувањето на муслиманското население од [[Bалкан]]от, [[Кавказ]], [[Крим]] и [[Крит]] кон денешна [[Турција]] станало честа појава.
 
За време на периодот на [[Танзимат]]от, ([[1839]]-[[1876]]), османлиските власти вовеле уставни реформи во империјата, како и модернизација на војската, банкарскиот систем, биле заменети занаетчиските дејности со изградба на неколку модерни фабрики. Во [[1856]] година бил донесен реформски акт наречен [[Хатихумјун]]. Според овој акт, во империјата се ветувало верска и национална рамноправност на сите народности во империјата, слобода на вероисповед и мислење, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во османлиската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидувал и црковни реформи, замена на натуралните даноци кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго. Освен тоа, било формирано ново ерменско национално собрание.<ref>[[Hagop Barsoumian|Barsoumian, Hagop]]. "The Eastern Question and the Tanzimat Era", in ''The Armenian People From Ancient to Modern Times, Volume II: Foreign Dominion to Statehood: The Fifteenth Century to the Twentieth Century''. [[Richard G. Hovannisian]] (ed.) New York: St. Martin's Press, p. 198. ISBN 0-312-10168-6.</ref>
 
Периодот на реформите својот врв го достигнал кога бил донесен [[Отомански устав|Отоманскиот устав]], кој бил напишан од страна на членовите на [[Младотурци]]те. Тој бил изгласен на [[23 ноември]] [[1876]] година. Споиред уставот, во рацете на султанот останала апсолутната власт, и самите министри останале да бидат одговорни пред него. [[Прва уставна ера (Отоманска империја)|Првата уставна ера]] од историјата на империјата била краткотрајна. Во [[1876]] година, султанот [[Абдул Азис]] бил симнат од власт од страна на неколку либералните кругови во империјата. Тој абдицирал во корист на [[Мурат V]]. Сепак, новиот [[султан]] бил ментално болен и од престолот бил соборен по само неколку месеци. Негов наследник станал [[Абдул Хамид II]] ([[1876]]-[[1909]]). Во време на неговото владеење во империјата стапил насила првиот Отомански устав, на [[23 декември]] [[1876]] година.<ref>[[Patrick Kinross|Kinross, Patrick]] (1977) ''The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire'' London: Perennial. ISBN 978-0-688-08093-8. p. 576.</ref> Исто така бил создаден и првиот отомански парламент. По неуспехот на Цариградската конференција, империјата претрпела пораз по Руско-турската војна од [[1877]]-[[1878]], по која империјатата засекогаш ја изгубила [[Бугарија]] со потпишувањето на [[Санстефански договор|Санстефанскиот мировен договор]] ([[3 март]] [[1878]] година). Во почетокот на [[1878]] година уставот бил суспендиран и парламентот распуштен. Бил воспоставен тирански режим во останатите делови на Отоманската империја (претежно [[Македонија]]).
[[Податотека:Ottoman Parliament 1877.jpg|thumb|десно|250px|Отоманскиот парламент]]
[[Национализам|Национализмот]] во Отоманската империја од страна на потчинетите народи сè повеќе доаѓал до израз. Во [[1821]] година била формирана [[Прва Грчка република|Првата Грчка република]]. Таа била првата земја од [[Балкан]]от која ја прогласила својата независност од империјата. Официјално од страна на [[Висока порта|Високата порта]], новата земја на Балканот била приознаена по завршувањето на [[Грчка војна за независност|грчката војна за независност]]. Танзиматските реформи не го сопрел национализмот во [[Дунавски кнежества|Дунавските кнежества]] и [[Кнежество Србија]], кои биле полунезависни за речиси шест децении. Во [[1875]] година, [[Кнежество Црна Гора|Црна Гора]] и Србија, заедно со [[Обединето кнежество на Влахија и Молдавија|Обединетото кнежество Влахија и Молдавија]] ја прогласиле својата независност од Отоманската империја. Во [[1876]] година, на територијата на денешна [[Бугарија]] избувнало т.н. [[Априлско востание]] кое индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, по [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]] од [[1877]]-[[1878]], како [[Кнежество Бугарија]].
 
Во [[Македонија]], како и во останатите балкански земји, исто така избувнале неколку востанија. Така, во [[1876]] и [[1877]] година избувнале [[Разловечко востание|Разловечкото востание]] и [[Кресненско востание|Кресненското востание]]. Едно од наголемите востанија на македпнскиот народ избувнало во [[1903]] година, познато како [[Илинденско востание]]. Востанијата главно биле насочени против османлиската тиранија и желбата за создавање на нова држава на [[Балкан]]от. Сите овие бунтови против османлиската власт биле крваво задушувани.
 
[[Османлиска Босна|Вилаетите Босна]] и [[Новопазарски санџак]] делумно биле окупирани од страна на силите на [[Австро-Унгарија]] по потпишувањето на [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]] во [[1878]] година, но тие номинално останале во границите на империјата. И покрај присуството на отомански војници, [[Босна]] во [[1908]] година била анексирана кон [[Австро-Унгарија]] по т.н. [[Босанска криза]].
 
Освен овие територијални промени, по Берлинскиот конгрес [[Кипар]] ѝ бил доделен на [[Велика Британија]].
 
Во [[1862]] година, британските сили го окупирале [[Египет]] и [[Судан]]. Како отомански провинции, овие денешни земји останале [[де јуре]] до [[1914]] година кога Отоманската империја се приклучила кон [[Централни сили|Централните сили]] во [[Прва светска војна|Првата светска војна]]. Во текот од [[1830]] - [[1912]] година во [[Северна Африка]] биле изгубени и други провинции, како [[Алжир]] (окупиран од Франција во [[1830]]), [[Тунис]] (окупиран од Франција во [[1881]] година) и [[Либија]] (окупирана од [[Италија]] во [[1912]]).
 
Економски и социјално, империјата имала тешкотии во враќањето на отоманскиот јавен долг кон европските банки, кои го предизвикале формирањето на Административниот совет на отоманскиот јавен долг. До крајот на [[19 век]], двете најголеми сили, [[Австро-Унгарија]] и [[Руската империја]] сакале своето влијание кон Балканот дополнително да го прошират.
 
=== Периодот од 1908 до 1922 година ===
{{главна|Распаѓање на Отоманската Империја}}
[[Податотека:Ottoman-Empire-Public-Demo.png||thumb|200px|Протести во реонот на Султанахмет во Истанбул, 1908.]]
 
Периодот од историјата на Отоманската империја од [[1908]] до [[1922]] година е познат како периот на [[Распаѓање на Отоманската Империја|распаѓање на империјата]]. Почетокот на овој период се карактеризира со започнување на [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[1908]] година. Претходно, пред крајот на [[19 век]], на [[Балкан]]от биле создадени три нови држави: [[Грција]], [[Бугарија]] и [[Србија]].
 
Овој период започнал со т.н. [[Втора уставна ера]], кој придонел за промена на уставот кој бил донесен во [[1876]] година и создавање на отомански парламент и првите [[Список на партии во Отоманската Империја|политички партии]]. Новите држави на [[Балкан]]от, со поткрепа на [[Руската империја]] сакале целосно да ја протерат османлиската власт во [[Албанија]], [[Македонија]] и [[Тракија]]. Во [[1912]] година избувнала т.н. [[Прва балканска војна]], која завршила со потпишување на [[Лондонски договор, 1913|Лондонскиот мировен договор]] во [[1913]] година. Според него, [[Албанија]] на [[27 декември]] [[1912]] била призната за независна држава, а предлогот за [[Македонија]] не бил прифатен. Во [[Тракија]], двете главни бугарски војски удриле со сета сила на [[Лозенград]] и [[Едрене]]. По завршувањето на Првата Балканска војна, помеѓу сојузничките сили започнала нова т.н. [[Втора Балканска војна]].
 
==== Прва светска војна ====
[[Податотека:Turkish trenches at Gallipoli.jpg|thumb|left|200px|[[Мустафа Кемал Ататурк|Мустафа Кемал (Ататурк)]] во [[Опсада на Галиополи (1915-1916)|Галиополи]] во 1915 година.]]
 
Веднаш по завршувањето на Балканските војни, ногу бргу започнала Првата светска војна. Во [[Првата светска војна]], [[Османлии]]те се приклучиле кон [[Централни сили|Централните сили]], се со цел повраќање на загубените територии. Младотурската влада потпишала таен договор за создавање на сојуз помеѓу империјата и [[Германска империја|Германија]] во [[август]] [[1914]] година. Отоманската империја официјално во војната влегла по [[Гебенски и Бреславски инцидент|Гебенскиот и Бреславскиот инцидент]]. Во текот на првите години од војната следувале неколку успеси на страната на Османлиите, како [[Опсада на Галиополи (1915-1916)|заземањето на Галиополи]] и [[Опсада на Кут|Кут]]. По ова, следувал [[Кавкаски поход|Кавкаскиот поход]], во кој [[Османлии]]те биле катастрофално поразени од страна на [[Русија]]. [[САД]] никогаш не објавила војна на Османлиската империја.<ref>Spencer Tucker, ed. ''Encyclopedia of World War I'' (2005) p 1080</ref>
 
Во [[1915]] година, по победата на [[Руси]]те во [[Кавказ]], тие продолжиле со својот напредок кон [[источна Анадолија]] со помош на ерменските волонтерски единици од регионот на Кавказ, како и со помош на Османлиските Ерменци. Во крајна сметка, ова завршило со масовна евакуација и убиството на неколку стотици илјади или преку милион [[Ерменци]] од страна на младотурскиот режим. Овој настан во историјата е познат како [[Ерменски геноцид]].<ref>[[Peter Balakian|Balakian, Peter]]. ''The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response''. New York: Perennial, 2003. ISBN 0-06-019840-0</ref><ref>[[Christopher J. Walker|Walker, Christopher J]]. "World War I and the Armenian Genocide" in ''The Armenian People From Ancient to Modern Times'', Volume II, pp. 239–273.</ref><ref>Akcam. ''A Shameful Act'', pp. 109–204.</ref>Денеска, овој настан претставува тема на дискусија на голем број историчари. Проценките се различни околу тоа колку Ерменци загинале. Според едни, оваа бројка се движи околу 600.000,<ref>Toynbee, Arnold J., ''The Treatment of Armenians in the Ottoman Empire 1915–16: Documents presented to Viscount Grey of Fallodon, Secretary of State for Foreign Affairs By Viscount Bryce''. New York and London: G.P.Putnam's Sons, for His Majesty's Stationary Office, London, 1916, p. 650.</ref> а според други, оваа бројка достигнува околу 1.500.000 Ерменци.<ref>[[Israel Charny|Charny, Israel]] et al. [[s:A Letter from The International Association of Genocide Scholars|A Letter from The International Association of Genocide Scholars]]. International Association of Genocide Scholars. 13 јуни, 2005. Accessed 12 септември, 2009.</ref><ref>See Marashlian, Levon. ''Politics and Demography: Armenians, Turks, and Kurds in the Ottoman Empire''. Cambridge, Mass.: Zoryan Institute, 1991.</ref>
 
Во [[1916]] година избила т.н. [[Арапска побуна]]. Таа завршила во [[1918]] година кога бил потпишан [[Севренски договор|Севренскиот договор]]. Според договорот, [[Месопотамија]] ([[Ирак]]), [[Палестина]] и [[Трансјорданија]] биле дадени на [[Велика Британија]] под протекторат на [[Лига на народите|Лигата на народите]]; [[Сирија]] и [[Либан]] на [[Франција]]. Освен тоа, според договорот, североисточните региони од Анадолија биле дадени на [[Ерменија]], северен [[Епир]] бил даден на новосоздадената држава [[Албанија]], источна [[Тракија]] со исклучок на [[Константинопол]], [[Босфор]]от и [[Дарданели]]те на [[Грција]].
 
==== Турска војна за независност ====
{{главна|Турска војна за независност }}
[[Податотека:Sultanvahideddin.jpg|thumb|Заминувањето на [[Мехмед VI]], последниот султан на Отоманската империја, 1922]]
 
[[Окупација на Константинопол|Окупацијата на Константинопол]], заедно со [[окупација на Измир|окупацијата на Измир]] од страна на победничките сили во војната го дал почетокот на [[Турска војна за независност|Турската војна за независност]], која траела од [[1919]] до [[1922]] година. На чело на Турското национално движење застанал [[Мустафа Кемал Паша]].<ref>Mustafa Kemal Pasha's speech on his arrival in Ankara in November 1919</ref>
 
Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во [[Анкара]]. На 1[[2 февруари]] [[1920]] последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот се распуштил од страна на британските сили, откако бил прогласен за ''Misak-i Milli'' („Национален пакт“). На [[10 август]] [[1920]] година, Големиот везир [[Дамат Ферид Паша]] го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманската империја, вклучувајќи го и региони Турските родољупци ги сметале за важни делови. Мустафа Кемал инсистирал на целосна независност и заштитата на интересите на мнозинството на [[Турци]]те на турската почва. Тој го убедил Собранието да ја собе национална армија. Армијата се соочила со окупација на сојузничките сили и се борела на три фронта: француско-турскиот, грчко-турскиот и турско-ерменскиот фронт. По серијата битки за време на грчко-турската војна, грчката армија стигнала до реката Сакарја, само осумдесет километри западно од Собранието. На [[5 август]] [[1921]] година, Мустафа Кемал бил промовиран како командант на силите од страна на Собранието. Во август [[1922]], Кемал започнал со силни напади врз грчките војници и турските сили ја поврати контролата на [[Измир]] на [[9 септември]] [[1922]] година. На [[10 септември]] [[1922]], Мустафа Кемал испратил телеграма до Лигата на нации каде вели Анкара Владата нема да биде одговорна за масакрите извршени за време на војната за независност.
 
Конференцијата во Лозана започнала на [[21 ноември]] [[1922]] година. Турски претставник [[Исмет Инону]] одбил секаков предлог што би бил компромис за турскиот суверенитет, главните прашања во врска со контролата на турски финансии, Босфорот, правдата, и слично. На [[24 јули]] [[1923]] година, Договорот од Лозана бил потпишан. Крајниот исход на војната за независност било прогласувањето на [[Република Турција]] на [[29 октомври]] [[1923]] година. Со ова, офоцијално престанала да постои Османлиската империја.
 
==== Прогонство и потомци ====
 
Во [[1947]] година, на потомците на [[Османлиска династија|Османлиската династија]] им било доделено правото да се здобијат со турско државјанство од страна на Големото турско собрание. [[Мехмед Орхан]], син на [[Мехмед Абдил Кадир]] починал во [[1994]] година оставајќи го внукот на османлискиот султан [[Абдулхамид II]], [[Ертугрул Осман]], како најстар преживеан член на сменетата династија. Осман долги години одбивал да го зеде турскиот пасош, нарекувајќи се себе си како граѓанин на Османлиската империја. Сепак, и покрај тоа што тој не го прифатил турскиот пасош, на прашањето дали тој самиот лично сака да ја обнови империјата, тој одговорил негативно. Тој рекол дека “демократијата работи добро во Турција“. Во [[1992]] година, тој за прв пат се вратил во [[Турција]], и во [[2002]] година станал турски граѓанин.<ref>{{цитирана веб страница|title=Political Obituaries: Ertugrul Osman|publisher=[[The Daily Telegraph]]|date=2009-09-27|url=http://www.telegraph.co.uk/news/obituaries/politics-obituaries/6237121/Ertugrul-Osman.html|accessdate=2009-10-26}}</ref>На 23 септември 2009 година, Осман починал на својата 97 година од животот, како последниот преживеан наследник на прогонетата османлиска власт. Главно поради ова, тој се нарекува “''последниот Отоманец''“.<ref>{{цитирана веб страница|title='Last Ottoman' dies in Istanbul|publisher=[[BBC]]|date=2009-09-24|url=http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/8273396.stm|accessdate=2009-09-24}}</ref>[[Бајазит Осман]] во моментот е најстариот преживеан член на поранешната владејачка класа.
 
== Економија ==
{{Main|Економија на Османлиската империја}}
[[Податотека:Bankalar Caddesi.jpg|thumb|upright|[[Банкарска улица (Истанбул)|Банкарската улица]] во [[Галата]] била голем финансиски центар на Отоманската Империја. На сликата е прикажана Отоманската централна банка]]
 
Османлиските власти во текот на постоењето на империјата многу експертски придонесувале за развој на своите историски престолнини [[Бурса]], [[Едрене]] и [[Константинопол]], и ги претварале во големи трговски и индустријални центри<ref name=inalcikstudies209>Halil İnalcık, Studies in the economic history of the Middle East : from the rise of Islam to the present day / edited by M. A. Cook.
London University Press, Oxford U.P. 1970, p. 209 ISBN 0-19-713561-7</ref>. Најмногу се одавало внимание на трговците и занаетчиите кои биле неопходни при создавањето на новата престолнина. За таа цел, [[Мехмед II]] и неговиот наследник [[Бајазит II]] го зголемиле мигрирањето на [[евреи|евреите]] од различни градови по [[Европа]] и ги утврдиле во [[Цариград]] и други пристанишни градови, како што е [[Солун]], во кој се создала најголемата еврејска населба во светот. На многу места во [[Европа]], [[евреи|еврејското население]] страдало од христијанските владетели, посебно по завршувањето на [[Реконквиста]]та во [[Шпанија]].
 
Отоманската економија била тесно поврзана со основните принципи на државата и општеството на [[Блиски исток|Блискиот исток]], каде крајна цел на државата била задржување и проширување на власта на владетелот, и начинот по кој богатите ресурси ќе бидат искористени<ref name=inalcikstudies217>Halil İnalcık, Studies in the economic history of the Middle East : from the rise of Islam to the present day / edited by M. A. Cook.
London University Press, Oxford U.P. 1970, p. 217 ISBN 0-19-713561-7</ref>. Крајна цел била да се зголемат државните приходи, доколку тоа е возможно, без да се создаваат некакви социјални безредија и немири меѓу населението.
 
Разработувањето и организирањето на економијата во империјата бил во најголем степен најуспешна работа. До [[17 век]], Османлиската империја била подржана со најголем економски развој помеѓу другите исламски империи и била меѓу најдобрите економии во [[Европа]]. Организацијата се засновала на [[бирократија|бирократијата]].<ref name="Black p199">Antony Black (2001), "The state of the House of Osman (devlet-ı al-ı Osman)" in ''The History of Islamic Political Thought: From the Prophet to the Present'', p.&nbsp;199</ref> Ефективноста на овој финансиски професионален систем стоел зад успехот на многу големи отомански државници.<ref>Halil İnalcık, Donald Quataert (1971), ''An Economic and Social History of the Ottoman Empire, 1300–1914'', p.&nbsp;120</ref>. Едно од најголемите причини за големиот раст на економијата се согледува во геополитичката структура. Османлиската Империја очигледно претставувала сериозна пречка за одвивањето на трговијата меѓу [[Европа]] и [[Азија]], но и сериозна закана за опстанокот на христијанскиот свет. Империјата се наоѓала помеѓу истокот и западот, по кој начин го блокирала патот кон исток на шпанските и португалските морепловци кои патувале за откривање на нови територии и нови богатства, познати како [[Големите географски откритија]]. Во времето кога [[Кристофер Колумбо]] во [[1492]] година патувал кон [[Бахамски Острови|Бахамските острови]], Османлиската империја била во најголем подем која се простирала на три континенти. Современите историчари сметаат дека промената на односот помеѓу отоманците и [[Централна Европа]] се должи на откривањето на нови морски патишта. Ова довело до пад на економијата на Османлиската империја.
 
Една од најголемите финансиски области во престолнината била т.н. [[Банкарска улица (Истанбул)|Банкарска улица]] каде се наоѓале голем број на познати банки, финансиски институции и осигурителни компании, вклучувајќи ги ѝ Отоманската Централна банка (се одржа како ''Банка-и Османи'' до [[1856]] година, а подоцна и реорганизирана како ''Банка-и Османи-и Шахане'' во [[1863]] година <ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.obarsiv.com/ob-tarih.html |title=Ottoman Bank Museum: History of the Ottoman Bank |publisher=Obarsiv.com |date= |accessdate=2009-07-14}}</ref> и Отоманската берза од 1866 година.<ref name=OBM>{{цитирана веб страница|url=http://www.obmuze.com/eng/voyvoda.asp|title=Ottoman Bank Museum|publisher=Ottoman Bank Museum|accessdate=2009-06-18}}</ref>.
 
== Државно уредување ==
{{Main|Државно уредување на Османлиската империја}}
{{Државна организација на Отоманската Империја}}
[[Податотека:Pera Museum 2.jpg|thumb|200px|Амбасадори во [[Топкапи сарај]]]]
 
Државното уредување во Отоманската империја се засновувалo на многу едноставен систем кој имал два главни центри: воената администрација и државната администрација. [[Султан]]от ја имал највисоката позиција во системот, како врховна глава на целата империја. Граѓанскиот систем бил базиран на локалните административни единици врз основа на карактерот на регионот. Отоманците практикувале систем во земјата (исто како и [[Византиската империја]]) во кој имале целосна контрола врз свештенството. Одредени предисламски турски традиции од исламски [[Иран]], кои продолжиле да се практикуваат, оставиле важно место во отоманските административни кругови.<ref>Norman Itzkowitz, ''Ottoman Empire and Islamic Tradition'' p.38.</ref>Според отоманското општество и разбирање, примарната одговорност на државата била да го брани и да го прошири во земјата [[ислам]]от, како и да се обезбеди безбедност и хармонија во рамките на своите граници еден општ контекст на династичкиот суверенитет на управување.
 
[[Отоманска династија|Отоманската династија]] или ''Куќата на Осман'', по потекло имала туркски карактер. Со текот на времето, династијата ги изгубила својот [[турски народи|туркски карактер]], главно поради тоа што голем број на султани се оженувале со различни етноси, па дури и различни по вероисповед.<ref name="Donald"/>На единаесет пати султанот бил симнуван од престолот затоа што од страна на неговите непријатели во империјата претставувал директна закана. Во текот на историјата на Отоманската империја, имало само два обиди за соборување на владеачката отоманска династија од престолот.
 
[[Податотека:Thomas allom, c1840, The Enterance to Divan.png|thumb|left|''Баб-и Али'', [[Висока порта|Високата порта]]]]
 
Највисоката позиција во исламот, [[калиф]]от, била заземена од страна на султанот. Првите османлиски владетели всушност не се нарекувале султани, туку [[бег]]ови. [[Мурат I]] бил првиот владетел со титула [[султан]], односно цар. Од [[1517]] година па сè до својата пропаст, султанот истоивремено се нарекувал и калиф, а со тоа земјата често пати била нарекувана ѝ како Отомански калифат. Султанот работел односно бил единствен [[регент]] на империјата, кое се сметало како едно олицетворение на неговата влада, и покрај тоа што не секогаш тој ја имал целосната контрола врз империјата или администрацијата.
 
[[Податотека:Tughra Suleiman.jpg|thumb|200px|Тугра на [[Сулејман Величествениот]] (1520)]]
 
Империјалниот [[харем]] бил еден од најважните судови односно резиденции на Османлиската империја. Тој бил управуван од страна на [[Валиде султан]], односно мајката на султанот. Позицијата на Валиде султан била втора по важност во отоманската хиерархија, по онаа на султанот. Таа имала огромно влијание врз управувањето на земјата. Во текот на [[17 век]], главно поради застанувањето на тронот на неколку неспособни султани кои постепено ја уништувале империјата, формално власта била во рацете на Валиде султан. Овој период од историјата на Отоманската империја се нарекува [[Султанат на жените]].
 
Високиот образовен систем во палатата бил насочен и кон елиминирање на сите потенцијални наследници на тронот. Во почетокот, [[Медреса|медресата]] била единствената образовна институција каде се школувале сите државни функционери и научници, според исламската традиција. Финансиското оптоварување на Медресите било потпомогнато од страна на [[Вакуф|вакуфите]], кое дозволувало на децата кои потекнуваат од сиромашни семејства да се преселат кон повисоките социјални нивоа.<ref>Bernard Lewis, ''Istanbul and the civilization of the Ottoman Empire'', p151</ref>По османлиското зазимање на [[Румелија]], голем број на христијански деца помеѓу осум и дваесет години, биле собирани од отоманските власти за потребите на [[Јаничари|јаничарскиот корпус]]. Тие биле школувани во [[Ендерун]]. Годишно биле регрутирани околу 3.000 деца. Овој процес на присилно одзимање на христијанските деца од [[Балкан]]от се нарекѕва [[данок во крв]].<ref>Kemal H Karpat, ''Social Change and Politics in Turkey: A Structural-Historical Analysis'', p204</ref>
 
== Општество ==
=== Административна поделба ===
{{main|Административна поделба на Отоманската Империја}}
{{Социјални структури во Отоманската империја}}
Административната поделба на Отоманската империја претставува територијална поделба на империјата која се засновала на воената администрацији но со цивилна управа. Оваа поделба не ги опфаќала вазалните и потчинетите држави.
 
Првобитната организација своите корени ги имала уште во времето на настанувањето на империјата, како вазална држава на [[Селџуци|Селџуците]] во [[централана Анадолија]]. Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на [[Селџуци]]те, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата [[бег]]. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под [[сузерен]]ство на Отоманските султани. Титулата [[бег]] од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.
 
Отоманската империја на почетокот било поделено на суверени [[санџак (историски поим)|санџаци]] и санџаци доделени на султановите синови. Со санџаците управувале [[санџак-бег]]ови, воени управници кои добивале од страна на султанот знаме, или [[барјак]] таканаречен ''санџак''. Како што се ширела империјата низ [[Европа]], се појавила потреба за формирање на нови административни единици од повисоко ниво. За време на владеењето на [[Мурат I]] (владеел од [[1359]]-[[1389]]), [[беглер-бег]]овите биле одредувани да управуваат со [[Румелија]], т.е. со европскиот дел на империјата. По формирањето на [[беглер-беглук|беглер-беглуците]], санџаците станале второстепени административни единци. Беглер-беговите покрај тоа што имале обврска да управуваат со доделената територија, биле и команданти на сите воени трупи на својата територија.
 
Како што слабеела империјата, административната структура била разнишена. Со Отоманскиот закон од [[1864]] била направена реформа на административната поделба на империјата во која [[ејалет]]ите постанале мали вилаети со кои управувале [[валија|валии]]. Вилаетите биле поделени на санџаци, муташарифати и вазални држави како што биле [[Србија]], [[Романија]] и [[Црна Гора]], кои останале надвор од овој административен систем. После крајот на [[Танзимат]]от од [[1885]], [[Мала Азија|анадолската]] област со кое управувала империјата била поделена на 15 вилаета, едан санџак и едан утершафлик на Константинополскиот вилает (и двата од азиската страна на [[Босфор]]). Секој вилает бил поделен на неколку санџаци.
 
=== Социјални структури ===
 
Едно од најуспешното разделување на отоманските земји било можноста од создавање на [[милет (Отоманска империја)|милети]]. Под отоманска власт, на неколку признати верски групи им било дозволено да основат свои самостојни заедници кои се викале милети. Во милетите тие ги задежиле своите сопствени верски закони, традиции и јазик, под заштита на [[султан]]от. Тие биле управувани од страна на верски поглавар. Павославниот милет на пример, бил управуван во почетокот од страна на грчкиот патријарх.
 
Во времето на [[Мехмед II]], на [[фанариоти|Фанариотите]] им биле доделени големи права. [[Евреи]]те биле поканети да се населат во Отоманската империја. Во крајна сметка, релативно високиот степен на толеранција на етничките групи кои живееле во империјата, била една од најголемите предности за интеграцијата на новите региони. Од друга страна пак, асимилативната политика довела до зголемување на [[Национализам|национализмот]] кај потчинетите граѓани.
 
== Законодавство ==
Османлиската империја во текот на своето постоење развила напредна организациона структра на државата. Иако имала голема централизирана власт, со султан кој стоел на чело на империјата, поседувала и голема контрола врз сите провинции. Со шиењето на империјата растела и потребата од системна распределба на администрациските организации. Империјата била поделена на вилаети. Секој вилает имал свој управител. Идејата за вилаетите била превземена од [[Селџуци|селџуците]] кои владееле пред Османлиите во [[Централна Анадолија]].
 
Централниот систем се засновал од [[Султан|Султанот]] и неговите соработници. Оваа организација се нарекувала “''Домот на Султанот''“ на кој претседавал [[Диван]]. Владеачката класа се нарекувала [[ашкер]]. Во текот на историјата на империјата, [[Диван]] стекнал голема моќ. Во времето на [[Мурат V]], султанот престанал да учествува на заседанието на [[Диван]]. Султанот имал голем број на советници и министри. Најмоќни биле [[везир|везирите]] од [[Диван]], на чиј врв стоел [[Голем Везир]]. Диванот претставувал совет каде се состанувале сите везири и расправале околу политичките прашања на империјата. Големиот везир имал должност да го извести султанот околу мислењето на Диванот за определени прашања. Султанот своите решенија обично ги зимал со советување на везирот, но во никој случај не му бил потчинет. Во некои случаи, и самиот султан го закажувал советот на везирите, доколку имал некои важни соопштенија или дилеми. Во текот на [[14 век]], Диванот се состоел од три везири, а во [[17 век]] нивниот број бил единаесет, од кој четри везири служиле како Везири на Домот, како најважни министри по Големиот Везир. Понекогаш, на заседанијата на Диванот присуствувале и генералите на јаничарите.
 
Веднаш под хиерархијата, под везирите стоеле нивните советници, наречени кајха. Верските претставници исто така имале голема улога во султанскиот двор. [[Муфтија|Муфтијата]] и [[Имам|имамот]] биле претставници на верската власт. Мутеферика пак претставувало еден вид собир на синовите на ефендијата, пашите и други истакнати личности. Најважните министерства во империјата биле министерството на правдата, во чие министерство ги вклучувало кадија|кадиите, цивилните судии и воените судии, кои биле највиша судска власт во империјата по сејхулисламот.
 
== Култура ==
{{Main|Култура на Османлиската империја}}
{{Култура на Отоманската Империја}}
Османлиската империја својата култура ја стекнала на просторот на [[Средоземно море|Средоземното]] и [[Црно море|Црното море]], додека примањето на нови традиции, обичаи и искуства ги стекнале со помешување на реонските култури, при кое се задржал исламскиот разум на културата. Во [[Среден век|средниот век]], [[османлии|османлиите]] имале голем степен на толеранција према надворешните култури и религии. Нешто порано, [[османлии|османлиите]] ја пропаднале [[христијанство|христијанска]] [[Византија]] и во [[1453]] година го превзеле [[Константинопол]], претварајќи многу [[црква|религиозни христијански објекти]] во [[џамија|џамии]]. Дворскиот живот во царството го задржав во голема мера традиционалниот антички поредок од времето на [[Персија]], но многу елементи од византиската и европската култура биле вклучени во секојдневниот живот. Многу години царството било еден вид засолниште за протераните [[евреи]] од секаде низ светот, каде евреите во царството имале своја слобода на сопствена вероисповед.
 
=== Османлиска архитектура ===
{{Main|Османлиска архитектура}}
[[Податотека:Edirne 7333 Nevit.JPG|thumb|240px|[[Селимије џамија]] била проектирана од страна на [[Мимар Синан]], главен архитект во времето на [[Селим I]], [[Сулејман Величенствениот]], [[Селим II]] и [[Мурат III]].]]
[[Податотека:Gate of Salutation Topkapi Istanbul 2007 Pano.jpg|thumb|right|[[Топкапи сарај]] била официјална резиденција на отоманските султани во периодот од 1465 до 1856, кога султанот [[Абдул Меџит I]] ја преместил во [[Долмабахче]].]]
 
Архитектурата во империјата започнува во [[Бурса]] и [[Едрене]] во текот на [[14 век]] и [[15 век]]. Оваа [[архитектура]] била во голем степен наследник на архитектурата на [[Селџуци]]те. Таа била продолжение на предисламската [[сасанидска архитектура]]<ref>Von Gabriel Piterberg, An Ottoman Tragedy: History and Historiography at Play, pp.98–103, [http://books.google.de/books?id=bbTPTqs9n5EC&pg=PA103&dq=Ottoman+Sassanian&sig=ZrujU_vQ2ZFsvPI8L02bqokjsAE#PPA103,M1 Books.Google.de]</ref><ref>Von Helen Gardner, Horst De la Croix, Richard G. Tansey, Gardner's Art Through the Ages, p. 263, ISBN 0-15-503758-7,[http://books.google.de/books?id=gcFPAAAAMAAJ&q=Ottoman+Sassanian&dq=Ottoman+Sassanian&pgis=1 Books.google.de]</ref> , исламските традиции на [[мамлуци|мамлуците]], како и [[византиска архитектура|византиската архитектура]]. Скоро петстотини години, византиската архитектура служела како модел за многу од османлиските џамии. Како севкупност, османлиската архитектура низ историјата е запишана како мешавина од архитектурни традиции на [[Медитеран]]от и [[Блискиот Исток]]. Во родната си [[Централна Азија]], турците живееле во [[куполи]], како минипалати. Кога [[Селџуци]]те први престигнале во [[Иран]], од нив произлегла архитектурата на старите традиции. Селџуците изградиле и нови видови на структурни елементи, како [[медреса]]. Првата позната [[медреса]] е [[Низамијах]] која датира од [[11 век]] и била изградена од страна на [[Низам ал-Мулк]], трите медреси во [[Нишапур]], [[Тус]] и [[Багдад]]. Друга област во која придонеселе Селџуците во архитектурата се сводовите и [[мавзолеј|мавзолеите]]. Куполниот архитектурен стил еволира од [[Бурса]] и [[Едрене]]. [[Џамија|Џамиите]] во [[Бурса]] и [[Едрене]] биле првите кои биле изградени од страна на Османлиите, предимно со една купола. Во [[1394]] година, во [[Анадолија]] (време кога Константинопол сѐ уште не бил под власта на Османлиите) бил изграден [[Анадолски Хисар]] на азиската страна од денешниот град (тогаш област) и [[Румелихисар]] на европската страна во [[1452]] година, на само една година пред освојувањето на [[Константинопол]] од страна на [[Османлии]]те.
 
[[Падот на Константинопол (1453)|Падот на Константинопол]] и префрлувањето на престолнината на Османлиската империја од [[Едрене]] во [[Цариград]] предизвикала голема промена во архитектурниот стил на империјата. Градба која била изградени во периодот на преместувањето на престолнината е [[Џамија Бајазид II|џамијата Бајазид II]], која се смета исто така за раниот период од развојот на османлиската архитектура, потоа [[Фатих џамија]], [[Топкапи Сарај]] и други. По Падот на Константинопол и преземањето на градот од страна на османлиите, многу цркви и манастири, изградени со византиски стил, биле претворени во џамии. Една од најпознатите такви е [[Црква „Света Софија“ Истанбул|Света Софија]] во [[Истанбул]]. Султанот [[Мехмед II]] наредил да се изготви голем план за промена на архитектурниот изглед на градот. Во ова време започнале да се градат [[Топкапи Сарај]], [[Капали чаршија (Истанбул)|Голема чаршија]], златната порта (главна порта за влез во градот).
 
Во текот на [[ера на лалињата|ерата на лалињата]], архитектурата била под големо влијание на стиловите од [[Западна Европа]]: [[барок]], [[рококо]], [[империја (стил)|империјалниот стил]] и други. Концептот на отоманската архитектура се темелела главно на џамијата. Џамијата била составен дел од општеството. Во времето на класичниот период, една од главните карактеристики е неразделноста односно споеноста на внатрешниот двор со [[џамија|џамијата]]. Главен архитект од тоа време е [[Синан]] ([[1492]]-[[1588]]). [[Синан]] создал една нова ера не само во османлиската архитектура туку и во светската, создавајќи вкупно 334 градби во различни градови. Првата позначајна градба му била [[Џамија Шехзаде|џамијата Шехзаде]] од [[1548]] година, [[Сулејманова џамија|Сулејмановата џамија]] од [[1557]] година, и [[Селимије џамија]] во [[Едрене]].
 
Во времето на султанот [[Ахмед III]] ([[1703]]-[[1730]]), османлиската архитектура, благодарение на врските си со [[Франција]] започнала да паѓа под влијание на [[барок|барокот]] и [[рококо|рококото]], кои веќе биле популарно развиени во [[Западна Европа]]. Се претпоставува [[барокна архитектура|барокната архитектура]] била разработена од страна на [[селџуци|селџуците]]. <ref>{{цитирана книга |last=Hoag|first=John D|title=Islamic architecture|year=1975 |publisher=Faber|isbn=0571148689|location=London}}</ref><ref>{{цитирана книга |last= Aslanapa|first=Oktay |title=Turkish art and architecture |year=1971 |publisher=Faber|isbn=0571087817|location=London}}</ref> Позначајни градби од тој период се: [[Палата Ајналикавак]] ([[1677]]-[[1679]]) и [[Нуруосманлиска џамија|Нуруосманлиската џамија]] ([[1748]]-[[1755]], првата барокна џамија во престолнината, исто така позната по својата барокна [[фонтана]]). Во текот на [[18 век]], во [[Топкапи Сарај]] бил додаден женскиот [[харем]], исто така во стил на барокот. По [[танзиматски реформи|танзиматските реформи]] кои ефективно го започнале процесот на европизација на империјата во [[1839]] година, новите палати и џамии биле градени во стил на [[Неокласика]], [[Барок]] и [[Рококо]]. Од ова време датираат палатите [[Долмабахче]] и [[Бејлербејски дворец]], како и [[Џамија Ортакој]].<ref>Kartın. F, 1974, ''Ortaköy Camii'', ''Rölöve ve Restorasyon Dergisi'', 1., Ankara, p. 87–89</ref> Најпознати градби од [[20 век]] кои биле изградени во денешниот Истанбул се: [[Палата Јилдиз]], [[Палата Хедив]] и.т.н.
 
=== Османлиски јазик ===
{{Main|Отомански турски јазик}}
 
[[Отомански турски јазик|Османлискиот турски јазик]] е варијанта на [[турски јазик]] што се користел за администрацијата и бил официјален јазик на Отоманската Импперија. Јазикот бил пишуван на [[арапска азбука]] со некои модификации и имал многу зборови од арапско и персиско потекло. Денешниот [[турски јазик]] има големо влијание од отоманскиот турски јазик. Овој јазик попаднал под влијание на три други јазици: [[турски јазик]], [[персиски јазик]] и [[арапски јазик]]. Во глобала, персискиот јазик најмногу се користел како литературен јазик, додека пак арапскиот бил користен за верски обреди. во тоа време се појавиле и голем број на персиски поети.
 
Локалното етничко население продолжило да зборува на свој мајчин јазик. Во големите градови обично се зборувал османлискиот или персискиот јазик, но оние кои биле пообразувани зборувале и на арапски јазик. Освен тоа, во отоманскиот јазик се користиле определени арапски и персиски граматички фроми. Главно поради ова, кон средината на [[19 век]] отоманскиот јазик започнал значително да се разликува од турските дијалекти низ империјата. Кон средината на [[19 век]], по воведувањето на [[Танзимат]]от, започнал процесот на создавање на т.н. нов отомански јазик кој содржал голем број на зборови од западноевропските јазици.
 
Етничките групи продолжиле да се служат со своите сопствени јазиви во своите семејства и пошироко. Во поголемите градови покрај отоманскиот, најзборувани биле арапскиот и персискиот јазик. Во последните два века, [[француски|францискиот]] и [[англиски|англискиот јазик]] започнале сè повеќе да се зборуваат, посебно помоѓу христијанското население. Елитното население обично го проучувал францускиот јазик.
 
По создавањето на модерната [[Турција|турска република]] во [[1924]] година, била направена кодификација на современиот турски јазик, а отоманскиот турски јазик бил отфрлен од употреба.
 
=== Класична музика ===
{{Main|Класична отоманска музика}}
Османлиската класична музика претставувал важен дел од животот на османлиската елита. Многу султани композирале музика, како на [[Селим III]], чии композиции сѐ уште се користат до ден денес. Османлиската класична музика се составила во голем степен од византиската музика, арапската и персиската музика. Инструментите кои биле користени биле мешавина од инструментите кои се упоребувале претходно во [[Анадолија]] и [[Централна Азија]], како [[баглама]], [[кеменче]], а подоцна и западните инструменти како оуд, танбур, канун, неј и неј, а подоцна и пијано и клавир.
 
=== Кујна ===
{{Main|Отоманска кујна}}
 
Османлиската кујна се однесува главно на кујната во престолнината [[Цариград]] и обласните градови, која што може да биде опишана како соединување и прочистување на централно-азиските, блискоисточните, средоземноморските и балканските кујни.<ref>Nur İlkin - A Taste of Turkish cuisine</ref><ref>{{цитирана книга |last1=Aarssen | first1=Jeroen |last2=Backus | first2=Ad |year=2000 |title=Colloquial Turkish |url=http://books.google.com/books?id=7yR_icdtJ7sC&pg=PA71&dq=cuisine&lr= |publisher=Routledge |page=71 |isbn=978-0415157469 |accessdate=15 април 2009}}</ref> Често пати, најголемите кувари од империјата биле носени во дворецот на императорит за да му служат. Денеска, османлиската кујна се користи најмногу во [[Анадолија]], [[Балкан|Балканот]] и [[Блиски исток|Блискиот исток]].
 
== Демографија ==
 
Вкупниот број на население на Отоманската империја до ден денес претставува прашање кое е дебатирано од страна на голем број истражувачи и историчари. За скоро половина милениом од своето постоење, населението на империјата не можело точно да се пресмета, освен доколку се исклучат бројките за работната популација. Ова главно се должело на постојаното менување на границите на империјата како и на неброењето на сите жители кои живееле во неа. Ова пред се се однесува на жените, кои не биле броени во сите неофицијални пописи. Првиот официјалне попис на населението се случил од [[1881]] до [[1893]] година. По завршувањето на пописот било познато кои се основните етнички групи кои живееле во империјата. Покрај муслиманите, во империјата живееле и [[Грци]], [[Ерменци]], [[Бугари]], [[Католици]], [[Евреи]], [[Протестанти]], [[Латини]], [[Цигани]] и други.<ref>{{harv|Karpat|1978|pp.237-274}}</ref> <ref>{{harv|Shaw|1978|p.323-338}}</ref> Нов попис на населението бил направен во периодот од [[1905]] до [[1906]] година.
 
{| class="wikitable"
|-
! Година|| Население
|-
| 1520 || 11,692,480<ref name="Kabadayı"/>
|-
| 1566 || 15,000,000<ref name="Kinross206">L. Kinross, ''The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire'', 206</ref>
|-
| 1683 || 30,000,000<ref name="Kinross281">L. Kinross, ''The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire'', 281</ref>
|-
| 1831 || 7,230,660<ref name="Kabadayı"/>
|-
| 1856 || 35,350,000<ref name="Kabadayı"/>
|-
| 1881 || 17,388,604<ref name="Kabadayı"/>
|-
| 1906 || 20,884,000<ref name="Kabadayı">M. Kabadayı, [http://www.iisg.nl/research/labourcollab/turkey.pdf Inventory for the Ottoman Empire / Turkish Republic 1500-2000]</ref>
|-
| 1914 || 18,520,000
|-
| 1919 || 14,629,000
|-
|}
 
== Религија ==
{{Главна|Религија во Отоманската Империја}}
 
[[Податотека:Tile with Calligraphy.JPG|thumb|left|300px|Калиграфија на пророкот Мухамед и првите четири калифи, Абу Бакр, Умар, Утман и Али напишани на арапски. Комбинацијата ја означува верноста кон сунитскиот ислам. ]]
Официјалната [[религија]] во Османлиската империја бил [[ислам]]от, а званично империјата од [[1517]] до [[1922]] година била прогласена за исламска држава, кога калифатот бил формално напуштен и сите негови ингиренции биле дадени на турскиот парламент.
 
Пред да се воведе [[ислам]]от, процес кој во голема мера започнал да се спроведува по победата на [[Абасиди]]те по [[Битка кај Талас|битката кај Талас]] во [[751]] година и која битка обезбедила големо влијание на Абасидите врз турските народи во [[Централна Азија]], различните [[турски народи]] го практикувале [[шамантизам|шаманизмот]]. По таа битка, голем број на различни турски племиња, вклучувајќи ги и [[Огузи]]те, кои биле предци на [[Селџуци]]те и [[Отоманци]]те, започнале да го прифаќаат исламот како своја официјална [[религија]]. Со започнувањето на нивната инвазија, кон [[11 век]] тие го донеле исламот во [[Анадолија]].
 
Отоманската империја во принцип ги толерирала [[христијанство|христијанските религии]] и [[јудаизам|јудаизмот]]. Сепак постоела дискриминација на верската слобода поради кое немуслиманското население, според законот на [[шеријат]]от, морало да плаќа данок кој се викал [[џизија]]. Во времето кога било дозволено да се создаваат т.н. ''милети'', најголемата немуслиманска верска група, [[Православие|православната]], добила огромни привилегии во областа на политиката и трговијата, но сепак морала да плаќа повисоки даноци на државата од муслиманските поданици.<ref>"[http://www.loyno.edu/history/journal/1998-9/Krummerich.htm The Divinely-Protected, Well-Flourishing Domain: The Establishment of the Ottoman System in the Balkan Peninsula]", Sean Krummerich, [[Loyola University New Orleans]], ''The Student Historical Journal'', volume 30 (1998–99</ref><sup><small>,</small></sup><ref>[http://www.globaled.org/nyworld/materials/ottoman/turkish.html Turkish Toleration], [[The American Forum for Global Education]]</ref>
 
По освојувањето на градот [[Константинопол]] во [[1453]] година, султанот [[Мехмед II]] им дозволил на локалните христијани да останат во градот и да ги задржат нивните институции, каква што била [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]]. Во [[1461]] година, во времето на истиот султан била основана [[Ерменска патријаршија|Ерменската патријаршија]] во [[Константинопол]] и на тој начин им било дозволено на [[Ерменци]]те да изградат црква во внатрешноста на [[Константинополски ѕидини|градските ѕидини]]. Инаку, Ерменската патријаршија се сметала за монофизитска и еретичка (односно не била во сослужение со останатите православни цркви затоа што оваа црква не ги прифаќала заклучоците на [[Четврти вселенски собор|Четвртиот вселенски собор]]).
 
За овој период карактеристично е тоа што голем број на цркви, чии седишта претходно биле зазедени од страна на [[Отоманци]]те, биле претварани во џамии. Во 1492 година, кога муслиманите и сефардските евреи биле протерани од [[Шпанија]], по завршувањето на [[Реконквиста]]та и почетокот на [[Шпанска инквизиција|Шпанската инквизиција]], отоманскиот султан [[Бајазит II]] им дозволил на истите да се населат на територијата на имепријата.
 
Во текот на историјата, поголеми проблеми помеѓу муслиманското и немуслиманското население во империјата немало, ако се има предвид т.н. [[потурчување]] на христијанското население. Цариградската Патријаршија имала улога за помагање на црковното и училишното дело во Османската Империја и директно се спротиставувала на некои од обидите на империјата за потурчување на одделни региони на [[Балкан]]от.
 
Долги години, во Отоманската империја била задржана структурата на христијанските цркви. Со започнувањето на развојот на национализмите на Балканот Цариградската патријаршија започнува да им служи на великогрчките интереси што довело до укинување на Охридската архиепископија и на другите помесни православни цркви{{факт}}. Подоцна, во [[1870]] година била создадена [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], со седиште во [[Константинопол]].
 
Меѓусебните конфликти помеѓу христијаните и муслиманите, својата кулминација ја достигнала во периодот меѓу [[1912]] и [[1922]] година, за време на [[Балкански војни|Балканските војни]], [[Прва светска војна|Првата светска војна]] и [[Турска војна за независност|Турската војна за независност]]. Христијанското население се намалило од 450.000 на 240.000 во периодот на воениот период.<ref>[http://www.scribd.com/doc/6920910/Globalization-Cosmopolitanism-and-the-Donme-in-Ottoman-Salonica-and-Turkish-Istanbul Globalization, Cosmopolitanism, and the Dönme in Ottoman Salonica and Turkish Istanbul]. Marc Baer. University of California, Irvine.</ref>
 
== Војска ==
{{главна|Војска на Отоманската Империја}}
{{Војска на Отоманската Империја}}
[[Податотека:OttomanMilitaryMiddleEast.jpg|thumb|left|Современа [[Отоманска војска]]]]
Почетокот на [[16 век]] претставува период кога Отоманската империја била најсилна империја во [[Медитеран]]от и пошироко. Голем број на битки и војни од страна на [[Отоманци]]те биле добиени не само поради [[Шеријат|шеријатската]] должност кон неверниците, туку и поради турските номади кои биле желни за освојување и ограбување. Тоа најмногу се должело на силниот и голем воен систем.
 
Првата воена единица на Отоманската империја била војската, која била основана и организирана од стрна на [[Осман I]] од племињата кои живееле во [[западна Анадолија]] во доцниот [[13 век]]. Воениот систем со непосредното проширување на империјата станувал сè посложен. Војската на Османлиската империја се состоела претежно од платеници и регрутанти. Главните воени единици биле [[Јаничари]]те, [[Спахија|Спахиите]], [[Акиџија|Акинџиите]] и други. Отоманската армија можеби никогаш не користела најнапредни и современи орудија во светот, но сепак била една од првите кои во своите битки и војни користеле [[топ|топови]] и [[мускета|мускети]]. Отоманците за прв пат започнале да користат топ во [[Опсада на Константинопол (1422)|опсадата]] на [[Константинопол]] во [[1422]] година, иако бил со краток дострел. Отоманската коњаница зависела повеќе од самата брзина и мобилност отколку од тешките оклопи. Кавалеријата користела лакови и кратки мечеви. Од нив, најмногу се користеле [[Арапски коњ|арапскиот]] и [[Туркменски коњ|туркменскиот коњ]].<ref>Milner ''The Godolphin Arabian'' pp. 3–6</ref><ref>Wall ''Famous Running Horses'' p. 8</ref> Падот на ефикасноста и силата на отоманската армија се почуствувала во средината на [[17 век]], по [[Голема турска војна|Големата Турска војна]]. Во текот на [[18 век]] следувале неколку успеси против [[Венецијанска република|венецијанската република]], но по овие победи [[Османлии]]те биле поразени во поредните [[Руско-турски војни]]. Модернизацијата на отоманската војска започнала во текот на [[19 век]]. Во [[1826]] година султанот [[Махмуд II]] го укинал [[Јаничари|јаничарскиот корпус]] и основал модерна отоманска војска. Овој нов воен ред бил познат под името [[Низам-и Кедид]]. Во исто време, отоманската војска била првата воена институција која ангажирала странски експерти и испраќала свои офицери за обука во западните европски земји. Следствено, [[Младотурци|движењето на Младотурците]] започнало во времето кога тие студенти се вратиле од [[Западна Европа]].
[[Податотека:Ottoman Navy at the Golden Horn.jpg|thumb|[[Отоманска морнарица]]]]
[[Отоманска морнарица|Отоманската морнарица]] значително придонела за проширување на териториите на империјата на европскиот континент. Таа го иницирала освојувањето на [[Северна Африка]], пред сè [[Алжир]] и [[Египет]] во [[1517]] година. Во почетокот на [[19 век]], Отоманската империја започнала да ги губи своите територии. Во [[1821]] била изгубена [[Грција]], а во [[1830]] [[Алжир]]. Со тоа започнала да опаѓа и поморската власт и контрола над далечните прекуморски територии на империјата. Султанот [[Абдул Азис]] ([[1861]]-[[1876]]) се обидел да ја обнови некогашната моќна отоманска морнарица, по примерот на флотите на [[Франција]] и [[Велика Британија]]. Во Бароу, [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]] ја изградила првата подморница во [[1886]] година за Отоманската империја.<ref name="first submarine at shipyard">[http://www.ellesmereportstandard.co.uk/latest-north-west-news/Petition-created-for-submarine-name.4001190.jp Ellesmerereportstandard.co.uk], The standard - Petition created for submarine name</ref>Сепак, слабеењето на отоманската економија не можела да ја одржи моќта на флотата за предолго. По [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во [[1908]] година, Комитетот се обидел да развие една силна поморска флота. Во [[1910]] година била основана ''Фондација на Отоманската морнарица'', чија цел била да се купат нови бродови преку јавни донации.
[[Податотека:BALKANHARBINDEHARLANTAYYAREMIZ-1912.jpg|thumb|[[Отоманско воздухопловство]]]]
[[Отоманско воздухопловство|Отоманското воздухопловство]] било основано во [[јуни]] [[1909]] година, како една од првите во светот. Империјата своите први пилоти и авиони ги подготвила на [[3 јули]] [[1912]] година во [[Константинопол]], преку создавањето на академијата ''Хава Окулу''. Образовната академија забрзано напредувала во воената авијациона програма, зголемувајќи го бројот на пилоти и авиони. Во [[мај]] [[1913]] година започнала првата светска обука на специјализирани пилоти од страна на академијата. Во [[јуни]] [[1914]] година била основана нова воена академија која се викала ''Дениз Хава Окулу''. Со избувнувањето на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], модернизацијата на воздухопловните сили запрела. Во текот на Првата саветска војна, отоманските воздухопловни сили се бореле на повеќе фронтови, од [[Галиција]] на запад до [[Кавказ]] на исток и [[Јемен]] на југ.
 
== Поврзано ==
{{Portal|Отоманска империја|image=Topcu_arma.jpg}}
{{sisterlinks|Ottoman Empire}}
* [[Список на отомански султани]]
* [[Список на Валиде султан]]
* [[Список на отомански Големи визери]]
* [[Список на отомански валии во Египет]]
* [[Список на паши во Алжир]]
* [[Список на отомански министри за финасии]]
* [[Список на партии во Отоманската Империја]]
* [[Список на адмирали во Отоманската Империја]]
* [[Административна поделба на Отоманската Империја]]
* [[Список на отомански територии]]
* [[Список на вазални земји на Отоманската Империја]]
* [[Список на отомански опсади]]
* [[Список на битки на Отоманската Империја]]
* [[Список на договори на Отоманската Империја]]
* [[Хронологија на Отоманската Империја]]
{{-}}
 
== Надворешни врски ==
 
=== Англиски ===
 
 
* [http://www.umich.edu/~turkish/ottemp.html The Ottoman Empire: Resources - University of Michigan]
* [http://www.turizm.net/turkey/history/ottoman.html The Ottoman Empire: A Chronogical Outline]
* [http://www.wsu.edu:8080/~dee/OTTOMAN/OTTOMAN1.HTM World Civilizations: The Ottomans] — a comprehensive site that covers much about the Ottoman state and government
* [http://aton.ttu.edu Turkish Oral Narrative]
* [http://www.theottomans.org Information about Ottomans]
* {{PDFlink|[http://www.unm.edu/~phooper/thesis_condensed.pdf Forced population transfers in early Ottoman imperial policy]|566&nbsp;[[Kibibyte|KiB]]<!-- application/pdf, 580460 bytes -->}} - covers the period 1300-1600
* [http://muze.sabanciuniv.edu/collection/collection.php?lngCollectionID=11&bytLanguageID=2 The Sakıp Sabancı Collection of Ottoman Calligraphy ]
* [http://ottomanblog.wordpress.com Ottomans History Blog]
 
=== Турски ===
* [http://www.barbaros.biz/DOWNLOAD.htm Download Ottoman Pictures] "Отоманска империја"
* [http://www.theottomans.org/turkce/index.asp Osmanlı İmparatorluğu Hakkında bilgi...]
* [http://dilbilimi.net/osmanli_arastirmalari.htm Ottoman Studies Resources in Internet]
 
== Наводи ==
{{Наводи|2}}
 
== Литература ==
 
* Barkey, Karen. ''Empire of Difference: The Ottomans in Comparative Perspective.'' (2008) 357pp [http://www.amazon.com/Empire-Difference-Ottomans-Comparative-Perspective/dp/0521715334/ref=sr_1_7?ie=UTF8&s=books&qid=1240307430&sr=1-7 Amazon.com], excerpt and text search
* Creasy, Sir Edward Shepherd. ''History of the Ottoman Turks: From the beginning of their empire to the present time''. R. Bentley and Son, 1877.
* Finkel, Caroline. ''Osman's Dream: The Story of the Ottoman Empire, 1300–1923''. John Murray, 2005. ISBN 0-7195-5513-2. [http://www.amazon.com/Osmans-Dream-History-Ottoman-Empire/dp/0465023967/ref=sr_1_6?ie=UTF8&s=books&qid=1196874589&sr=8-6 Amazon.com], excerpt and text search
* Goodwin, Jason. ''Lords of the Horizons: A History of the Ottoman Empire'' (2003) [http://www.amazon.com/Lords-Horizons-History-Ottoman-Empire/dp/0312420668/ref=sr_1_16?ie=UTF8&s=books&qid=1196874589&sr=8-16 Amazon.com], excerpt and text search
* Heywood, Colin. ''Writing Ottoman History: Documents and Interpretations.'' Ashgate, 2002. 376 pp.
* Imber, Colin. ''The Ottoman Empire, 1300–1650: The Structure of Power''. Palgrave Macmillan, 2002. ISBN 0-333-61386-4.
* Inalcik, Halil and Quataert, Donald, ed. ''An Economic and Social History of the Ottoman Empire, 1300–1914.'' 1995. 1026 pp.
* Itzkowitz, Norman. ''Ottoman Empire and Islamic Tradition.'' 1972.
* Kinross, Lord. ''Ottoman Centuries'' (1979)
* Levy, Avigdor, ed. ''Jews, Turks, Ottomans: A Shared History, Fifteenth to the Twentieth Century.'' (2002). 304 pp.
* McCarthy, Justin. ''The Ottoman Turks: An Introductory History to 1923'' 1997 [http://www.questia.com/read/58745078 Questian.com], online edition
* Mansel, Philip. ''Istanbul: City of the World's Desire, 1453–1924''. Gardners Books, 1997. ISBN 0-14-026246-6.
* Ochsenwald, William, and Sydney Nettleton Fisher. ''The Middle East: A History'' (2003) [http://www.amazon.com/Middle-East-History-William-Ochsenwald/dp/0072442336/ref=sr_1_14?ie=UTF8&s=books&qid=1196874166&sr=8-14 Amazon.com], excerpt and text search
* Pamuk, Sevket. ''A Monetary History of the Ottoman Empire.'' 1999. 276 pp.
* Quataert, Donald. ''The Ottoman Empire, 1700–1922'' (2005), standard scholarly survey [http://www.amazon.com/Ottoman-1700-1922-Approaches-European-History/dp/0521547822/ref=sr_1_2?ie=UTF8&s=books&qid=1196874589&sr=8-2 Amazon.com], excerpt and text search ISBN 0-521-54782-2.
* Rogan, Eugene. ''The Arabs. A History''. London, Allen Lane. 2009 ISBN 978-0-7139-9903-7
* Shaw, Stanford J., and Ezel Kural Shaw. ''History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Vol. 1,'' 1977.
* Somel, Selcuk Aksin. ''Historical Dictionary of the Ottoman Empire.'' (2003). 399 pp.
* {{цитирана книга | last1=Uyar | first1=Mesut | last2=Erickson | first2=Edward | title=A Military History of the Ottomans: From Osman to Atatürk | year=2009 | isbn=978-0275988760 }}
* {{1911}}
 
=== До 1830 ===
* Braude, Benjamin, and Bernard Lewis, eds. ''Christians and Jews in the Ottoman Empire: The Functioning of a Plural Society '' (1982) [http://www.questia.com/read/52272246 Questia.com], online edition
* Clot, André. ''Suleiman the Magnificent.'' 1993. 399 pp
* Goffman, Daniel. ''The Ottoman Empire and Early Modern Europe'' (2002) [http://www.questia.com/read/107381987 Questia.com], online edition
* Guilmartin, John F., Jr. "Ideology and Conflict: The Wars of the Ottoman Empire, 1453–1606", ''Journal of Interdisciplinary History'', (Spring 1988) '''18''':4., pp721–747.
* Holt, P. M. ''Egypt and the Fertile Crescent, 1516–1922: A Political History.'' 1966.
* Kunt, Metin and Woodhead, Christine, ed. ''Süleyman the Magnificent and His Age: The Ottoman Empire in the Early Modern World.'' 1995. 218 pp.
* Leiner, Frederick C. ''The end of Barbary terror : America's 1815 war against the pirates of North Africa''. New York : [[Oxford University Press]], 2006.
* [[Albert Howe Lybyer|Lybyer, Albert Howe]]. ''The Government of the Ottoman Empire in the Time of Suleiman the Magnificent''. AMS Press, 1978. ISBN 0-404-14681-3.
* Melis, Nicola, "The importance of Hormuz for Luso-Ottoman Gulf-centred policies in the 16th century: Some observations based on contemporary sources", in R. Loureiro-D. Couto (eds.), ''Revisiting Hormuz - Portuguese Interactions in the Persian Gulf Region in the Early Modern Period'', "Maritime Asia" 19, Fundação Calouste Gulbenkian/Harrassowitz Verlag, Wiesbaden 2008, pp.&nbsp;107–120.
* Murphy, Rhoads ''Ottoman Warfare 1500–1700'' (1999) 278 pp.
* Necipoğlu, Gülru. ''Architecture, Ceremonial, and Power: The Topkapı Palace in the Fifteenth and Sixteenth Centuries''. [[MIT Press]], 1991. ISBN 0-262-14050-0.
* Parry, V.J. ''A History of the Ottoman Empire to 1730'' (1976)
* Pierce, Leslie P. ''The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire.'' 1993. 374 pp.
* Shaw, Stanford J. ''History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, Vol I; Empire of Gazis: The Rise and Decline of the Ottoman Empire 1290–1808''. [[Cambridge University Press]], 1976. ISBN 978-0-521-21280-9.
* Turnbull, Stephen. ''The Ottoman Empire 1326–1699'' (2003) 95 pp [http://www.questia.com/read/108569306 Questia.com], online edition
* Wheatcroft, Andrew. ''The Ottomans.'' 384 pp.
=== По 1830 ===
 
* Ahmad, Feroz. ''The Young Turks: The Committee of Union and Progress in Turkish Politics, 1908–1914'', (1969).
* Arnold, Guy. ''Historical Dictionary of the Crimean War.'' (2002). 179 pp.
* Berend, Tibor Iván, ''History derailed: Central and Eastern Europe in the long nineteenth century'', University of California Press Ltd, 2003.
* Black, Cyril E., and L. Carl Brown. ''Modernization in the Middle East: The Ottoman Empire and Its Afro-Asian Successors.'' 1992.
* Cleveland, William L. "The Ottoman and Safavid Empires: A New Imperial Synthesis" in ''A History of the Modern Middle East''. Westview Press, 2004. pp37–56. ISBN 0-8133-4048-9.
* Erickson, Edward J. ''Ordered to Die: A History of the Ottoman Army in the First World War'' (2000) [http://www.amazon.com/Ordered-Die-History-Contributions-Military/dp/0313315167/ref=sr_1_5?ie=UTF8&s=books&qid=1196874166&sr=8-5 Amazon.com], excerpt and text search
* Faroqhi, Suraiya. ''Subjects of the Sultan: Culture and Daily Life in the Ottoman Empire.'' (2000) 358 pp.
* Findley, Carter. ''Bureaucratic Reform in the Ottoman Empire.'' 1980.
* Fortna, Benjamin C. ''Imperial Classroom: Islam, the State, and Education in the Late Ottoman Empire.'' (2002) 280 pp.
* Fromkin, David. ''A Peace to End All Peace: The Fall of the Ottoman Empire and the Creation of the Modern Middle East'' (2001) [http://www.amazon.com/Peace-End-All-Ottoman-Creation/dp/0805068848/ref=sr_1_10?ie=UTF8&s=books&qid=1196874166&sr=8-10 Amazon.com], excerpt and text search
* Göçek, Fatma Müge. ''Rise of the Bourgeoisie, Demise of Empire: Ottoman Westernization and Social Change.'' (1996). 220 pp.
* Hale, William. ''Turkish Foreign Policy, 1774–2000.'' (2000). 375 pp.
* Hanioglu, M. Sukru. ''A Brief History of the Late Ottoman Empire'' (2008) [http://www.amazon.com/Brief-History-Late-Ottoman-Empire/dp/0691134529/ref=sr_1_5?ie=UTF8&s=books&qid=1261350646&sr=1-5 Amazon.com], excerpt and text search
* Inalcik, Halil and Quataert, Donald, ed. ''An Economic and Social History of the Ottoman Empire, 1300–1914.'' 1995. 1026 pp.
* Jelavich, Barbara. ''History of the Balkans: Eighteenth and Nineteenth Centuries''. Cambridge University Press, 1983. ISBN 0-521-25249-0.
* Karpat, Kemal. ''Ottoman Population, 1830–1914'' 1985.
* Karpat, Kemal H. ''The Politicization of Islam: Reconstructing Identity, State, Faith, and Community in the Late Ottoman State.'' (2001). 533 pp.
* Kayali, Hasan. ''Arabs and Young Turks: Ottomanism, Arabism, and Islamism in the Ottoman Empire, 1908–1918'' (1997); [http://content.cdlib.org/ark:/13030/ft7n39p1dn/?&query=&brand=ucpress CDlib.org], complete text online
* Kushner, David. ''The Rise of Turkish Nationalism, 1876–1908.'' 1977.
* McCarthy, Justin. ''The Ottoman Peoples and the End of Empire''. Hodder Arnold, 2001. ISBN 0-340-70657-0.
* Miller, William. ''The Ottoman Empire, 1801–1913.'' (1913) ,[http://books.google.com/books?id=1wpFAAAAIAAJ&printsec=frontcover&dq=intitle:The+intitle:Ottoman+intitle:Empire+intitle:1801+intitle:1913&lr=&num=30&as_brr=0&as_pt=ALLTYPES Books.Google.com] full text online
* Owen, Roger. ''The Middle East in the World Economy, 1800–1914.'' (1981)
* Quataert, Donald. ''Social Disintegration and Popular Resistance in the Ottoman Empire, 1881–1908.'' 1983.
* Shaw, Stanford J., and Ezel Kural Shaw. ''History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Vol. 2, Reform, Revolution, and Republic: The Rise of Modern Turkey, 1808–1975.'' (1977). [http://www.amazon.com/History-Ottoman-Empire-Modern-Turkey/dp/0521291666/ref=sr_1_2?ie=UTF8&s=books&qid=1196874166&sr=8-2 Amazon.com], excerpt and text search
* Toledano, Ehud R. ''The Ottoman Slave Trade and Its Suppression, 1840–1890.'' (1982)
 
{{Османлиски султани}}
 
{{избрана статија}}
 
[[Категорија:Отоманска Империја| ]]
[[Категорија:Прва Светска војна]]
[[Категорија:Поранешни земји во Европа]]
[[Категорија:Поранешни империи]]
[[Категорија:Поранешни монархии]]
[[Категорија:Халифати]]
[[Категорија:Историски туркски држави]]
[[Категорија:Историја на турските народи]]
 
{{Link FA|ja}}
{{Link FA|lv}}
 
[[af:Ottomaanse Ryk]]
[[als:Osmanisches Reich]]
[[ar:الدولة العثمانية]]
[[an:Imperio Otomán]]
[[ast:Imperiu Otomanu]]
[[az:Osmanlı İmperiyası]]
[[bn:উসমানীয় সাম্রাজ্য]]
[[zh-min-nan:Osman Tè-kok]]
[[be:Асманская імперыя]]
[[be-x-old:Асманская імпэрыя]]
[[bs:Osmanlijsko Carstvo]]
[[br:Impalaeriezh otoman]]
[[bg:Османска империя]]
[[ca:Imperi Otomà]]
[[cs:Osmanská říše]]
[[cy:Ymerodraeth yr Otomaniaid]]
[[da:Osmanniske Rige]]
[[de:Osmanisches Reich]]
[[et:Osmanite riik]]
[[el:Οθωμανική Αυτοκρατορία]]
[[en:Ottoman Empire]]
[[es:Imperio otomano]]
[[eo:Otomana Imperio]]
[[eu:Otomandar Inperioa]]
[[fa:امپراتوری عثمانی]]
[[hif:Ottoman Samrajya]]
[[fr:Empire ottoman]]
[[fy:Osmaanske Ryk]]
[[ga:Impireacht Otamánach]]
[[gl:Imperio Otomán]]
[[ko:오스만 제국]]
[[hy:Օսմանյան կայսրություն]]
[[hi:उस्मानी साम्राज्य]]
[[hr:Osmansko Carstvo]]
[[io:Otoman imperio]]
[[id:Kesultanan Utsmaniyah]]
[[ia:Imperio Ottoman]]
[[os:Османты импери]]
[[is:Tyrkjaveldi]]
[[it:Impero ottomano]]
[[he:האימפריה העות'מאנית]]
[[jv:Kakaisaran Ottoman]]
[[kn:ಆಟಮನ್ ಸಾಮ್ರಾಜ್ಯ]]
[[ka:ოსმალეთის იმპერია]]
[[kk:Османлы империясы]]
[[ky:Осмон Империясы]]
[[sw:Milki ya Osmani]]
[[ku:Împeratoriya Osmanî]]
[[lad:Imperio Otomano]]
[[la:Imperium Ottomanicum]]
[[lv:Osmaņu impērija]]
[[lb:Osmanescht Räich]]
[[lt:Osmanų imperija]]
[[hu:Oszmán Birodalom]]
[[ml:ഓട്ടൊമന്‍ സാമ്രാജ്യം]]
[[mt:Imperu Ottoman]]
[[mr:ओस्मानी साम्राज्य]]
[[arz:امبراطوريه عثمانيه]]
[[mzn:عوسمانی]]
[[ms:Empayar Uthmaniyyah]]
[[mwl:Ampério Outomano]]
[[mn:Османы эзэнт гүрэн]]
[[nl:Ottomaanse Rijk]]
[[ja:オスマン帝国]]
[[no:Det osmanske rike]]
[[nn:Det osmanske riket]]
[[oc:Empèri Otoman]]
[[uz:Usmonlilar imperiyasi]]
[[pnb:سلطنت عثمانیہ]]
[[nds:Osmaansch Riek]]
[[pl:Imperium osmańskie]]
[[pt:Império Otomano]]
[[crh:Osmanlı Devleti]]
[[ro:Imperiul Otoman]]
[[rmy:Otomano Thagaripen]]
[[ru:Османская империя]]
[[sco:Ottoman Empire]]
[[stq:Osmaniske Riek]]
[[sq:Perandoria Osmane]]
[[scn:Mpiru uttumanu]]
[[simple:Ottoman Empire]]
[[sk:Osmanská ríša]]
[[sl:Osmansko cesarstvo]]
[[so:Dawlada Cosmaniya]]
[[ckb:عوسمانی]]
[[sr:Османско царство]]
[[sh:Otomansko Carstvo]]
[[fi:Osmanien valtakunta]]
[[sv:Osmanska riket]]
[[tl:Imperyong Otomano]]
[[ta:உதுமானியப் பேரரசு]]
[[roa-tara:'Mbere Ottomane]]
[[tt:Госман империясе]]
[[th:จักรวรรดิออตโตมัน]]
[[tr:Osmanlı İmparatorluğu]]
[[tk:Osman imperiýasy]]
[[uk:Османська імперія]]
[[ur:سلطنت عثمانیہ]]
[[ug:ئوسمان ئىمپېرىيىسى]]
[[za:Osman Daeqgoz]]
[[vec:Inpero Otoman]]
[[vi:Đế quốc Ottoman]]
[[fiu-vro:Osmannõ riik]]
[[zh-classical:鄂圖曼帝國]]
[[war:Imperyo Otomano]]
[[yi:אטאמאנישע אימפעריע]]
[[yo:Ilẹ̀-Ọba Òttómánì]]
[[zh-yue:鄂圖曼帝國]]
[[diq:İmparatorina Osmanıcan]]
[[bat-smg:Uosmanu imperėjė]]
[[zh:奥斯曼帝国]]
Анонимен корисник