|result=Османлиска победа<ref>Sedlar, Jean W., ''East Central Europe in the Middle Ages, 1000-1500'', (University of Washington Press, 1994), 385.</ref>
|casualties1=големи загуби<ref>Rossos, Andrew, ''Macedonia and the Macedonians'', (Hoover Institution Press Publications, 2008), 40.</ref>
|casualties2=непознато
}}
{{Шаблон:Средновековни османлиско-српски војни}}
{{Османлиско-македонски војни и востанија}}
'''Маричката битка''' позната и како '''Черноменска битка''' или Втора Маричка битка, се одиграла на реката [[Марица (река)|Марица]] близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26. септември 1371. помеѓу [[Отоманска империја|Отоманската]] војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на [[Волкашин Мрњавчевиќ]] и неговиот брат, деспотот [[Јован Углеша]].
Деспотот Углеша сакал да ги нападнат турците ненадејно во нивното упориште [[Едрене]], додека султанот [[Мурат I]] бил во [[Мала Азија]]. Отоманската војска била многу помала македонската која броела околу 70.000, но благодарение на тактиката со ноќен напад врз кампот на противниците, успеале да ја поразат христијанската војска и да ги убијат кралот Волкашин и брат му Углеша.
Со ова, Македонија и делови од јужна Србија потпаднале под Отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на [[Балкан]]от. Синот на Волкашин, [[Крале Марко]], го наследил татка си на престолот на прилепското кралство, но сега како вазал на турците. Бугарија исто така останала во вазалска статус.