36.763
уредувања
== Илинденско востание ==
[[Податотека:
По одлуката за кревање востание на [[Солунски конгрес|Солунскиот]] и нејзиното потврдување на [[Смилевски конгрес|Смилевскиот конгрес]], на Турунџев му била доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието.
За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во Леринско била запазена директивата на [[Смилевскиот конгрес|Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.
Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во [[Битола]] донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на [[14 ноември]] [[1903]] година.
== Смрт==
[[Податотека:Alexandar-Turundzhev-Grave.JPG|мини|десно|240п|Гробот на Александар Турунџев во Битола]]
По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското горско началство.
|