Разлика помеѓу преработките на „Александар Турунџев“

Кога завршил со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организирал на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу востаниците и аскерот учествувал по една половина од вкупниот број.
 
За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во Леринско била запазена директивата на [[Смилевскиот конгрес|Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.
[[Податотека:Besenje na Turundžev.jpg|мини|лево|Бесењто на Турунџев]]
Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во [[Битола]] донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на [[14 ноември]] [[1903]] година.