Меѓународен ден на жената: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 92.53.21.70 (разговор), вратено на последната верзија на Luckas-bot
Ред 1:
[[Податотека:Zetkin_luxemburg1910.jpg|200px|мини|десно|[[Клара Цеткин]] и [[Роза Луксембург]]]]
 
'''Меѓународниот ден на жжената''' е меѓународен празник што се одбележува на [[8 март]] секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
 
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше [[социјализам|социјалистичкото движење]]. Првиот Ден на жената е одбележан на [[28 февруари]] [[1909]] година во [[САД]] по иницијатива на [[Социјалистичка партија на Америка|Социјалистичката партија на Америка]]. Во 1910 под закрила на [[Втора интернационала|Втората интернационала]] во [[Копенхаген]] е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на [[19 март]] [[1911]], овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во [[Австрија]], [[Данска]], [[Германија]] и [[Швајцарија]]. На 8 март [[1913]] година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.