Разлика помеѓу преработките на „Сулејман Демирел“

Додадени 52 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
'''Сулејман Демирел''' ([[турски]]: ''Süleyman Demirel'') ({{роден на|1|ноември|1924}} во {{роден во|Атабеј}}) е турски политичар.
 
Демирел завршил на [[Технички универзитет (Истанбул)|Техничкиот универзитет]] во [[Истанбул]] во [[1948]] година. Во текот на [[1968]] година влегол во политичкиот живот на земјата и бил избран за пратеник во турскиот парламент од партијата на справедноста. По три години застанал на чело на партијата, а на [[27 октомври]] [[1965]] година тој станал најмладиот [[премиер на Турција]]. Во текот на својот мандат водел политика на зближување на земјата кон [[НАТО]], а во меѓу време вовел редица реформи за развој на селското стопанство.
 
Во текот на есента [[1979]] година бил повторно избран за премиер, но следната година во текот на септември бил извршен воен преврат, па на Демирел му било забрането да се занимава со политика.
 
Во текот на [[1987]] година, тој повторно станал премиер, а во [[1993]] година станал [[претседател на Турција]], и на таа функција останал до [[2000]] година.