U2: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
Групата е формирана во [[Даблин]], сабота [[25 септември]] [[1976]]. Четиринаесетгодишниот [[Лари Мален Јуниор]] објавил на средношколската табла дека бара музичар за својот бенд. Набрзо ја имале својата прва проба во кујната на Лари.
 
Групата, тогаш позната како „Бендот на Лари Мален“, го сочинувале Мален кој свирел на тапани, [[Адам Клејтон]] на бас гитара, Пол Хјусон ([[Боно]]) како вокал, Дејв Еванс ([[The Edge|Ди Еџ]]) на гитара, неговиот брат Дик Еванс и другарите на Мален, Ајван Макормик и Питер Мартин на гитари. После неколку недели и Мартин и Макормик биле исфрлени од групата бидејќи биле многу млади за да можат да свират на договорените настапи по баровите. Подоцна името го промениле во '''Feedback'''. Иако се познати како Ирски бенд, два члена, Еџ и Адам Клејтон се Британци по потекло.
 
Хјусон го добил надимакот „Боно Вокс“ по рекламната кампања на компанијата која продавала апарати за слушање (''vox bona'' што на латински значи „добар глас“). Имено, еден негов другар рекол дека тој пее толку гласно што и ако огчуви нема да му требаат апарати за слушање. ''The Edge'' (en:- ''ивица'') го добил надимакот од Боно кој мислел дека Дејв е секогаш „на ивица“ поради ситуацијата во светот. Боно исто така мислел дека „оштрица“ е најдобар опис на главата на Еџ.
 
После 18 месеци проба го промениле името на бендот од Feedback во '''The Hype'''. Кога во 1978. настапиле на еден фестивал ги забележал еден од судиите – Џеки Хајден (Jackie Hayden) кој бил продуцент на „CBS Records“. Освоиле прва награда и 500 фунти, а Хајден им дал на располагање студио како би можеле да го снимат својот прв демо албум.
 
Дик Еванс (брат на Еџ) најавил дека ќе замине од групата во [[март]] [[1978]], а потоа одржале проштална забава. Во [[мај]] [[Пол Макгинис]] станал нивен [[менаџер]].
Ред 39:
Четворочлената група, која што веќе била позната на местата каде што свирела, го објавила својот прв сингл „U2-3“ во [[септември]] [[1979]] година. Песната стигнала на врвот на ирските топ листи. Во [[декември]], истата година групата отпатувала во [[Лондон]] на нивниот прв настап надвор од Ирска, кој неспеал да го привлече вниманието на англиската публика и на нивните критики.
 
==''The Unforgettable Fire'' и ''Live Aid'' (1984-85)==
''[[The Unforgettable Fire]]'' бил издаден во 1984. Амбиентален и апстрактен, во тоа време претставувал најголема промена на групата. Групата се плашела дека после рокерскиот албум ''[[War]]'', ќе станат уште една обична рок група. Поради тоа, барале експериментирање, како што се присеќава Адам Клејтон: "Баравме нешто што ќе биде посеризно, поуметнички". Д Еџ бил восхитен од амбиенталната и чудна музика на Брајан Ино, кој, заедно со инженерот Даниел Ланоа, се согласиле да го продуцираат албумот.
''The Unforgettable Fire'' има богат и оркестриран звук. Под водство на Ланоа, тапаните на Мулен станале полабави, пофанки и басот на Клејтон посублиминален; ритамската секција повеќе не се нафрлувала, туку течела заедно со песните. Текстовите на албумот се отворени за многу интерпретации, овозможувајќи, според групата, многу визуелно чувство. Поради тесниот рок при снимањето, Боно мислел дека песните како Bad и Pride (In The Name Of Love) биле некомплетни скици. Pride (In The Name Of Love) , песна за Мартин Лутер Кинг, била прв сингл на албумот и станала најголем хит на групата до тогаш и исто така нивна прва песна која влегла во топ 40 во САД. Поголем дел од турнејата за албумот се одвивала во затворени сали, како што групата почнала да победува во битката за публика. Комплексните текстури на песните било проблематично да се отсвират на концерт. Едно решение биле прграмирани секвенцери, кои групата пред тоа претходно не сакала многу да ги користи, но сега се употребуваат во повеќето концерти на групата. Имало критики дека песните на албумот се недовршени, матни и нефокусирани, но биле подобро прифатени од критиката кога биле отсвирени на концерт.
ЈУ ТУU2 учествувале на Live Aid концертот против гладот во [[Етиопија]] на стадионот Вембли во јули 1985. Перформансот на групата пред 85 000 луѓе било важна точка во кариерата на групата. За време на 14 минутната изведба на песната Bad, Боно скокнал од сцената да прегрне и да игра со една обожавателка, што им покажало на милиони гледачи ширум светот дека Боно може да создаде лична конекција со публиката. Во 1985, магазинот Ролинг Стоун ги нарекол ЈУ ТУ Група на '80-тите, велејќи дека со нивниот број на рокенрол обожаватели кој постојано се зголемувал, тие станале група која навистина нешто важи.
==''Тhе Joshua Tree'' и ''Rattle and Hum'' (1986-89)==
Сфаќајќи дека немаат радиција и дека нивното познавање на музиката е ограничено, групата се приближила кон музиката со американски и ирски корени. Пријателството со Боб Дилан, Ван Морисон и Кит Ричардс ја мотивирало групата да ја истражи блуз, фолк и госпел музиката и го фокусирало Боно на неговите вештини како пишувачнапишувач на песни и текстови. За нивниот петти албум, ''Тhе Joshua Tree'', групата сакала да ја надогради текстурата на ''The Unforgettable Fire'', но наместо тоа експериментирање надвор од фокус, тие барале по удирачки звук. ЈУ ТУU2 го прекинале снимањето во 1986 за бидат насловна група на турнејата Заговор за Надеж на Амнести Интернешнл. Наместо да биде дистракција, турнејата додала екстра интензитет и моќ на нивниот нов материјал. Во 1986, Боно отпатувал во [[Сан Салвадор]] и [[Никарагва]] и од прва рака ја видел вознемирената на селаните кои биле малтретирани во внатрешните конфликти кои биле предмет на американска политичка интервенција. Ова искуство станало централно внимание врз новата музика. ''[[Тhе Joshua Tree]]'' бил издаден во 1987. Албумот изразувал антипатичност спрема [[САД]]. Групата сакала музика со чувство за локација и кинематски квалитет и музиката и текстовите имале влијание од американските автори чии дела ги читале сите во групата. Овој албум бил најбрзо распродаден во историјата на британските топ листи и бил број еден девет недели во САД. Првите два сингла, "[[With or Without You]]" и "[[I Still Haven’t Found What I’m Looking For]]", брзо станале првите број еден хитови на групата во САД. Тие станале четвртиот рок бенд кој бил на насловната на магазинот Тајм. Со овој албум, ЈУ ТУU2 ги освоиле првите две Греми награди и се издигнале на ново ниво на успех. Многу публикации, вклучувајќи го и Ролинг Стоун, ги прогласиле за еден од најдобрите рок бендови. Турнејата за албумот била првата во која групата оддржувала концерти на стадиони. Документарецот Rattle and Hum содржел снимки од турнејата. Двојниот албум вклучувал девет студиски песни и шест изведби во живо. Издадени во октомври 1988, албумот и филмот биле направени како почит кон американската музика и вклучувале снимки од Сан Студиос во Мемфис и перформанси со Боб Дилан и Б.Б. Кинг. Rattle and Hum поминал скромно на бокс офисот и добил измешани критики од музичките и филмските критичари. Еден уредник на Ролинг Стоун зборувал за возбудата во албумот, друг го опишал како бомбастичен и промашен. Режисерот на филмот, Фил Џону, го опишал како премногу претенциозен поглед на ЈУ ТУ. Повеќето од новиот материјал бил изведен на Лавтаун турнејата , со која ги посетиле Австралија, Јапонија и Европа, бидејќи сакале да ја избегнат американската критика. Исто така тие не биле задоволни со нивните настапи во живо; Мулен рекол дека биле најголеми, но не биле најдобри. Со чувство на музичка стагнација, Боно им рекол на фановите на еден од последните концерти на турнејата дека нешто завршило за ЈУ ТУ и дека треба да заминат некаде и да го одсонуваат повторно.
==''Achtung Baby'', ''Zoo TV'' и ''Zooropa''==
Погодени од критицизмот за Rattle and Hum, групата направила калкулирана промена во музичката и тематската насока за нивниот седми студиски албум, ''[[Achtung Baby]]''; промената била најдраматична после ''The Unforgettable Fire''. Барајќи инспирација во обединувањето на Германија, тие почнале да работат на албумот во Источен Берлин во октомври 1990 со продуцентите Даниел Ланоа и Брајан Ино. Сесиите биле полни со конфликти, бидејќи групата се расправала за музичкиот правец и квалитетот на материјалот. Додека Клејтон и Мулен го преферирале звукот сличен на нивните претходни албуми, Боно и Еџ биле инспирирани од европската електронска денс сцена и се залагале за промена. По неколку недели тензија и бавен прогрес со имрпвизираното пишување на песната One. Се вратиле во Даблин во 1991, каде што моралот се подобрил и поголемиот дел од албумот бил завршен. Во ноември 1991 го издале албумот ''[[Achtung Baby]]''. Во однос на звукот, вклучувал влијанија од алтернативен рок, денс и индастриал. Тематски, бил интроспективен и личен албум; бил потемен, но на моменти и полесен од нивните претходни албуми. Во однос на комерцијалноста и критиката, тој бил еден од најуспешните албуми на групата. Од него испаднале хит сингловите "[[The Fly]]", "[[Misterious Ways]]" и "[[One]]". Како и ''Joshua Tree'', и овој албум од многу магазини бил наречен еден од најдобрите рок албуми. Турнејата Zoo TV била мултимедиски интензивен настан со сцена на која имало десетици видео екрани. Исто како и Achtung Baby, Zoo TV турнејата била многу различна од од другите на групата. За разлика од сцените на другите турнеи, овие биле голем мултимедијален настан. Тоа било сатиризирање на убедливата природа на телевизијата и нејзиното замаглување на вестите и забавата со цел сензорно да ги преоптоварат своите гледачи. На сцената имало големи видео екрани на кои имало визуелни ефекти, видео клипови од поп културата и светлечки текстуални пораки. Во '80-тите ЈУ ТУ биле познати по своите сериозни настапи. Од друга страна настапите на Zoo TV биле намерно иронични; биле правени телефонски повици со претседателот Буш, Обединетите Нации и други. Снимките во живо преку сателит од Сараево предизвикале многу контроверзи. Албумот Zooropa сниман набрзина за време на паузата на турнејата во средината на 1993, продолжил многу од темите во Achtung Baby. Овој албум бил уште поразличен од претходните, вклучувајќи уште повеќе влијанија од денс музиката и други електронски ефекти. Џони Кеш ја отпеал песната The Wanderer. Повеќето од песните биле изведени барем еднаш за време на турнејата во Европа, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.
==''Pass'', ''Pop'' и ''PopMart'' (1994-99)==
Во 1995, ЈУ ТУ издадоа експериментален албум наречен Original Soundtracks 1.Брајан Ино, продуцент на претходните три нивни албуми, дал придонес како целосен партнер, вклучувајќи пишување и изведување. Поради оваа пришина и поради експерименталната природа на албумот, групата решила да го издаде под името Пассенгерс за да се разликува од нивните конвенционални албуми. Мулен за албумот изјавил: Има тенка линија меѓу интересна музика и само-задоволство. Ние ја поминавме со Passengers. Албумот останал критички незабележан и добил релативно лоши критики. Меѓутоа, синглот Miss Sarajevo заедно со Лучијано Павароти, кој му бил омилен на Боно, бил успешен.
Ред 57:
37-миот Super Bowl и шоуто било рангирано како најдобро шоу на полувреме во историјата на натпреварувањата.
Следниот студиски албум, How to Dismantle an Atomic Bomb, бил издаден во ноември 2004. Групата барала уште поголем рок звук од претходниот албум. Првиот сингл, Vertigo, бил составен дел од рекламата за Ај Под на Епл. Албумот дебитирал на првото место во САД и во првата недела биле продадени дупло повеќе копии од претходниот албум. Боно за албумот рекол: Нема слаби песни. Но како албум, целината не е поголема од збирот на нејзините делови и тоа ме нервира. Турнејата за албумот содржела песни кои не биле изведени од раноте '80-ти. Турнејата била комерцијален успех. Албумот и сингловите освоија Греми во осум категории во кои беа номинирани. Во 2005, Брус Спрингстин ги внесе ЈУ ТУ во Рокенрол Халата на Славните. 3-Д концертен филм сниман за време на девет концерти во Латинска Америка и Австралија на Vertigo е издаден на 23 јануари 2008. Во август 2006, групата својот бизнис за издавање го преселил во Холандија, по лимитирањето на враќањето на данокот во Ирска. Еџ изјавил дека сите бизниси бараат начин да ги минимизираат трошоците за данок. Потегот бил критикуван од ирскиот парламент. Групата изјавила дека критиките не се фер, велејќи дека 95% од нивниот бизнис бил надвор од Ирска и дека тие биле глобално оданочувани. Во март 2008, групата потпишува 12 годишен договор со Live Nation вреден 100 милиони долари. Според договорот Live Nation ги контролира спонзорството и нивната официјална интернет страница.
==''No Line On The Horizon'' и турнејата 360°==
Дванаесетиот албум на ЈУ ТУ, No Line On The Horizon, е издаден во февруари 2009. Намерата на албумот била по експериментална работа од претходните албуми и е продуциран од Брајан Ино и Даниел Ланоа кои ги делат заслугите за песните со групата. Тие работеле на нови песни со продуцентот Рик Рубин во 2006, но материјалот бил тргнат на страна. Во јуни 2007 почнале да снимаат со Ино и Ланоа. Снимањето продолжило во 2008 година во САД, Британија, Ирска и во Фез, Мароко каде што ја истражувале цеверно африканската музика. Албмот бил завршен во декември 2008 и добил генерално позитивни критики. Критичарите, меѓутоа, изјавиле дека албумот не бил толку елспериментален колку што се очекувало. Албумот дебитирал на 9 место во над 30 земји, но албумот слабо се продавал според нивните стандарди и не содржел хит сингл.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/U2