Отвори го главното мени

Промени

Одземени 5.115 бајти, пред 8 години
::* [[Miomoptera]] ''изумрен''
 
==
== Еволуција ==
[[Податотека:Meadow Argus02.jpg|лево|210px|мини|Пеперутка ''[[Junonia villida]]''.]]
Инсектите најверојатно еволуирале од некој примитивен член од надкласата ''[[Многуноги|Myriapoda]]'' за време на [[Силур]] (пред околу 400-440 милиони години). Во овој период од геолошката историја, васкуларните [[растенија]] тукушто започнале со освојување на копното. Овие растенија несомнено претставувале нов и огромен неексплоатиран извор на храна и засолниште, а е евидентно од раните фосилни пронајдоци дека инсектите биле брзи во искористувањето на овој нов ресурс. Нивниот штотуку стекнат успех во овие суви, копнени услови се должел најмногу на [[егзоскелет]]от со надворешен слој од восочна [[кутикула]] за да се минимизира [[десикација]]та.
 
Иако не постојат [[фосил]]ни пронајдоци за првите инсекти, разумно е да се шпекулира дека инсектите еволуирале независно од другите [[шестоноги]] (споредба на главени структури и усни делови). Како што и претходно се спомена, сите примитивни инсекти имаат ектогнатни усни делови (мандибулите и магзилите не се затворени со главената празнина). Овие усни делови се најчесто насочени надолу од вентралната страна на главата (хипогнатни) отколку нанапред од предниот дел на главата (прогнатни) како кај другите хексаподи. Инсектите исто така еволуирале со додатен склерит ([[клипеус]]) на предната површина од главената капсула. [[Мускул]]ите се протегаат од клипеусот до горните ѕидови на предусната празнина (цибариум) зад усните делови. Кога овие мускули се контрахираат, [[цибариум]]от се зголемува и ја цица храната кон устата.
 
Најраните фосилни инсекти се пронајдени во [[девон]]ските карпи. Тие се неверојатно слични со инсектите кои денес ги нарекуваме [[праменоопашести]]. Овие ,,најпримитивни‘‘ инсекти се членови на поткласата Apterygota ([[бескрилци]]). Тие се без крилја и имаат [[Метаморфоза (зоологија)|аметаболен развиток]]. Во минатото, [[Ентомологија|ентомолозите]] ги групирале сите примитивни бескрилни инсекти во еден ред (''Thysanura''). Но, од неодамна, оваа класа е поделена на три реда: ''[[Archaeognatha]]'', ''Thysanura'' и ''[[Monura]]''. Од сите овие, ''Archaeognatha'' и ''Thysanura'' преживеале до денес. Овие аптериготни редови делат неколку ,,примитивни‘‘ особини со многуногите и неинсектските хексаподи. Прво, тие продолжуваат да се [[Преслекување (зоологија)|преслекуваат]] дури и како адулти. Некои ''Thysanura'', на пример, можат да живеат и до неколку години и да се преслечат 40-50 пати. Второ, аптериготните инсекти имаат кратки и сегментирани телесни додатоци долж страните на абдоменот. По се изгледа дека овие структури се хомологни со екстремитетите за одење на многуногите. Трето, мажјаците произведуваат [[сперматофор]]и кои се положуваат на земјата и подоцна се собираат од женката (надворешно оплодување). Некои видови развиле елаборирани ритуали на парење кои ја осигуруваат брзата и ефикасна размена на сперматофори.
 
== Наводи ==
Анонимен корисник