Малешевски Планини: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Малешевските планини''' се средновисоки планини во источниот дел на [[Република Македонија]] и југоизападниот дел на [[Република Бугарија]]. Припаѓаат на громадните планини од [[Родопската маса]]. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32 km а површина на планината е 315 km².. Билата се заоблени, а највисоки врвови се [[Џами Тепе]] (1.801 m) и [[Ченгино Кале]] (1.748 m), најисточната точка на Република Македонија. [[Брегалница]] и [[Ратевска Река]] длабоко се всечени во старите палезоитски карпи - некаде речиси кањонски. Билата се голи, а планинските страни се покриени со букова и дабова шума.<ref>''Британика Енциклопедиски Речник''. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 35 </ref>
 
Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема [[Беровската Котлина]] се покриени со [[неогени седименти]]. Преку билото на планината минува делумно [[македонско-бугарската граница]]. На највисоките делови се наоѓа изворскиот дел на реката [[Брегалница]]. Билата се голи додека планинските страни се покриени со букова и дабова шума.