Комутација на пакети: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Комутација или преклпувањепреклопување на пакети''' е метод на дигитална мрежна комуникација која ги дели податоците кои се праќаат во податочни болокови со оптимална големина, наречени податочни пакети, без разлика на нивната содржина, тип или структура. Комутацијата на пакети се одликува со променлива брзина на податочниот проток кај споделените мрежи. При поминување низ мрежните приспособувачи, преклопувачи, насочувачи и други мрежни јазли, пакетите се чуваат во мемориски региони наречени бафери, каде се подредуваат, што доведува до променливо задоцнување и пропусен опсег кои зависат од оптовареноста на мрежата.
 
Друга основна парадигма за мрежна комуникација, која се разликува од методот на комутирање на пакети е комутацијата на кола. Со овој метод се резервираат конечен број на посветени врски со константна податочна брзина и константно задоцнување помеѓу јазлите, за ексклузивна употреба за време на комуникациската сесија. Во случај на трошоци при користен мрежен сообраќај, на пример кај мобилната телефонија, кај комутацијата на кола трошокот се пресметува по временска единица(цена/време), дури и кога не се праќаат податоци. Додека кај комутацијата на пакети, трошокот се пресметува по информациска единица(цена/информација).