Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
По војните во раниот 20ти век, Џон Мејнард Кејнс (John Maynard Keynes) ја предводел реакциијата против она што беше опишано како владино апстинирање од економски работи, застапувајќи интервентна фискална политика за стимулација на економската побарувачка и раст. Со свет поделен помеѓу капиталистите – првиот свет, комунистите – вториот свет и сиромавите од третиот свет, пост-воениот консензус се сруши. Другите како Милтон Фридман (Milton Friedman) и Фридрих Хајек (Friedrich von Hayek) предупредуваа за „Пат до ропството“ (The Road to Serfdom) и социјализам, фокусирајќи ги нивните теории на она што би се постигнало преку подобра монетарна политика и дерегулација. Додека Кејнзијанската политика попушташе во 1970те, се појави таканаречената Нова Класична Школа со истакнати теоретичари како Роберт Лукас (Robert Lucas) и Едвард Прескот (Edward Prescott). Владините економски политики од 1980те беа оспорени и економистите за развој како Амартија Сен (Amartya Sen) и економистите за информација како Џозеф Стиглиц (Joseph Stiglitz) воведоа нови идеи во економската теорија во 21-от век.
 
<big>'''Содржина'''</big>
 
• 1 Рана економска теорија
 
:o 1.1 Аристотел
 
:o 1.2 Среден век
 
• 2 Меркантилисти и национализам
 
:o 2.1 Томас Ман
 
:o 2.2 Филип фон Хајнрих
 
:o Жан Баптист Колберт
 
• 3 Британска школа
 
:o 3.1 Џон Лок
 
:o 3.2 Дадли Норт
 
:o 3.3 Дејвид Хјум
 
• 4 Теорија на обрт
 
• 5 Богатството на народите
 
:o 5.1 Содржина
 
:o 5.2 Невидливата рака
 
:o 5.3 Ограничувања
 
• 6 Класична политичка економија
 
:o 6.1 Џереми Бентам
 
:o 6.2 Жан Баптист Сеј
 
:o 6.3 Томас Малтус
 
:o 6.4 Дејвид Рикардо
 
:o 6.5 Џон Стјуарт Мил
 
• 7 Капитализам и Маркс
 
:o 7.1 Содржина
 
:o 7.2 Капитал (Das Kapital)
 
:o 7.3 По Маркс
 
• 8 Неокласична теорија
 
:o 8.1 Маргинална (гранична) корист
 
:o 8.2 Математичка анализа
 
:o 8.3 Австриска школа
 
• 9 Колапс и реконструкција
 
:o 9.1 Џон Мајнард Кејнз
 
:o 9.2 Општа теорија
 
:o 9.3 Кејнзијанска економија
 
• 10 „Американски начин“
 
:o 10.1 Институционализам
 
:o 10.2 Џон Кенет Гелбрејт
 
:o 10.3 Пол Самјуелсон
 
:o 10.4 Кенет Ароу
 
• 11 Монетаризам и школата од Чикаго
 
:o 11.1 Роналд Коуз
 
:o 11.2 Милтон Фридман
 
• 12 Времиња на гобализација
 
:o 12.1 Амартја Сен
 
:o 12.2 Џозеф Стиглиц
 
:o 12.3 Пол Кругман
 
• 13 Привремена економска теорија
 
:o 13.1 Макроекономија од ерата на Бретон Вудс
 
 
Ред 246 ⟶ 150:
Роберт Овен (Robert Owen) (1771-1858) бил индустријалист кој бил решен да ги подобри условите на неговите работници. Тој купил текстилни погони во Њу Ланарк, Шкотска и забранил децата под десет години да работат, создал работно време од 6:00 до 19:00 и обезбедил вечерни школи за децата откако ќе завршеле со работа. Ваквите оскудни мерки имале суштинско значење за напредокот и неговиот бизнис можел да поднесе поголемо производство, иако неговите плати биле пониски од државниот просек. Тој ја издал својата визија „The New View of Society“ (1816) за време на изгласувањето на актите за фабриките но, негвиот обид од 1824 година, да создаде нова општествена утопија во Њу Хармони, Индиана, неславно завршил. Еден од оние кои имале влијание врз Маркс, бил францускиот филозоф Пјер Проудон. Иако бил длабоко критичен кон капитализмот, тој исто така, им се спротивставил на оние современи социјалисти кој ја идолизирале задругата. Во неговата книга „The Philosophy of Poverty“, Поудон извршил политичко-економски напад врз класичната, егзистенцијална теорија на приходи (1846). Во неговата книга „What is Property“ (1840), тој тврди дека имотот е „кражба“, поинаков став од оној на Мил кој напишал: „делумното оданочување е послаба форма на грабеж“. Меѓутоа, пред крајот на неговиот живот, Проудон променил некои од своите поранешни гледишта. Во постхумно објавената книга „Theory of Property“, тој истакнал дека „имотот е единствена сила што може да дејствува како противтежа на државата“. Фридрих Енгелс, публициран радикален автор, ја издал книгата под наслов „The Condition of the Working Class in England in 1844“ во која местоположбата на луѓето ја опишува како „највидливата кулминација на општествената мизерија на денешницата“. По смртта на Маркс, Енгелс го завршил вториот дел на книгата „Das Kapital“ од неговите забелешки.
 
=== '''Das Kapital''' ===
 
Карл Маркс ја започнува „Das Kapital“ со концептот за материјалните добра. Според Маркс, пред капиталистичките општества, начинот на производство се засновал на ропството (на пр.: во античкиот Рим) за потоа да се создаде феудалната закрепостеност (на пр.: во средовековна Европа). Со напредокот на општеството, економските стеги се олабавиле но, актуелната серија на размена на трудот создала исто толку настрана и нестабилна состојба којашто ги создала условите за револуција. Луѓето купуваат и продаваат работна сила, исто како што купуваат и продаваат материјални добра и услуги. Луѓето самите претставуваат расположливи средства. Како што напишал во „Communist Manifesto“,
Ред 259 ⟶ 163:
Од работата на Маркс произлегла и теоријата на вредност на трудот која класичарите ја искористиле против него. Неговата мрачна иронија навлегува сè подлабоко со прашањето за тоа кое е општественото неопходно работно време за производство на самиот труд (т.е. работници). Маркс одговара дека ова е минимумот за луѓето да опстојат и да се размножуваат со особини неопходни за економијата. Оттука, луѓето се оддалечени од двете, плодовите од производството и разбирањето на својот потенцијал, психолошки, преку нивната угнетена позиција во пазарот на трудот. Но, бајката раскажана заедно со екплоатацијата и оттуѓувањето е онаа за зголемувањето на капиталот и растотна економијата. Работодавачите се под постојан притисок на конкурентноста на пазарот која ја отежнува нивната работа и на границите на инвестирање на технологија за замена на работниците (на пр.: пакувач со робот). Ова ги зголемува профитите и го проширува зголемувањето но, само во корист на оние кои имаат приватен имот со ваков начин на производ. Работничката класа во меѓувреме, се соочува со постојана мизерија, поради екплоатирањето на производот од нивниот труд и оддалечувањето од алатките за производство. И поради отпуштањето од работа, тие остануваат невработени лица. Маркс верувал дека резервна армија на невработени ќе расте сè повеќе и повеќе и ќе врши надолен притисок врз приходите, бидејќи очајните луѓе прифаќаат работа за помалку пари. Но, ова ќе предизвика дефицит во побарувачката бидејќи куповната моќ на луѓето се намалува. Како последица на ова, ќе се појави презаситеност на непродадени производи, производството ќе се скрати, профитите ќе се намалат сè додека зголемувањето на капиталот не доведе до економска „депресија“. Кога презаситеноста ќе згасне, економијата повторно ќе почне брзо да расте пред да започне наредното циклично опаѓање. Според Маркс, со секој пораст и опаѓање, со секоја капиталистичка криза, тензијата и конфликтот помеѓу зголемено поларизираните класи на капиталисти и работници се зголемува. Освен тоа, поголемите фирми ги проголтуваат помалите фирми на секое поле на бизнисот бидејќи мочта е сконцентрирана во рацете на малкумина и се наоѓа далеку од останатите. На крај, раководен од комунистичката партија, Маркс предвидел револуција и создавање на бескласно општество. Маркс никогаш не можел да претпостави како би ова функционирало. Неговиот почетен придонес не бил план за тоа како би изгледало општеството, туку критицизам на она што тој го видел во него.
 
=== '''По Маркс''' ===
 
Првиот дел од „Das Kapital“, е единствениот дел кој Маркс го издал сам. Вториот и третиот дел биле завршени со помош на Фридрих Енгелс и Карл Каутски кој станал пријател на Енгелс што се гледа од издавањето на четвртиот дел. Маркс започнал традиција на економисти кои еднакво се концентрирале на политичките афери. Исто така, во Германија, Роза Луксембург била член на Социјал демократската партија (SPD), која подоцна се насочила кон комунистичката партија, поради нивниот став против Првата светска војна. Беатрис Веб во Англија, била социјалист и помогнала во основањето на Лондонското економско училиште (LSE) и здружението „Фабиан“.
Ред 272 ⟶ 176:
 
 
=== '''Гранична корист''' ===
 
 
Ред 280 ⟶ 184:
 
 
=== '''Математичка анализа''' ===
 
Вилфредо Парето (1848-1923) бил италијански економист, најдобро познат за развој на концептот на околностите под кои никој не треба да помине ниту полошо, ниту подобро преку редистрибуирање на богатството.
Ред 298 ⟶ 202:
 
 
=== '''Австриското училиште''' ===
 
 
Ред 326 ⟶ 230:
 
 
=== '''Џон Мејнард Кејнз''' ===
 
Џон Мејнард Кејнз (1883-1946) е роден во Кембриџ, образован е во Итон под менсторство на A.C. Пиџоу и Алфред Маршал на Универзитетот во Кембриџ. Тој ја започнал својата кариера како професор пред да се вработи во Британската влада за време на првата светска војна, и станал финансиски претставник на британската влада на конференцијата во Версај. Неговите белешки беа изнесени во неговата книга Економските последици на мирот (1919), каде што тој го документира неговиот бес за колапсот на Американското придружување кон четиринаесетте точки на Вилсон и огромната волја за освета кон Германија. Тој се откажал од конференцијата и користејќи ги економските податоци обезбедени од досиејата на конференцијата, Кејнз смета дека ако победниците ја присилат поразената страна да ја плати штетата од војната, тогаш ќе настане светска економска криза, што би довело до втора светска војна. Кејнз ја заврши својата дисертација со пропагирање на: прво намалување на трошоците за поправки што треба да бидат платени од Германија на разумно ниво, зголемено меѓу владино управување на континенталното производство на јаглен и слободна трговска унија преку Лигата на народите; второ договор за распределба на долговите помеѓу сојузниците; трето целосна реформа на меѓународната размена на валути и меѓународен фонд за кредитирање; и четврто усогласување на трговските односи меѓу Русија и источна Европа.
Ред 333 ⟶ 237:
 
 
=== '''Општа теорија''' ===
 
За време на Големата депресија, Кејнз го издал неговото најважно дело „ Општа теорија на вработување, камата и пари“ (1936). Депресијата се разгоре и со Падот на Волстрит во 1929, водејќи кон масовно зголемување на невработеноста во Соединетите Држави, како и до барање на европските кредитори за враќање на долговите и економски домино ефект ширум светот. Ортодоксната економија повика на намалување на трошоците додека да се повратат бизнис довербата и да се стабилизира профитот. Спротивно на тоа, Кејнз тврди во „Тракт на монетарната реформа“ (1923) дека економската активност е одредена од низа фактори и дека не е доволно да се чека долгорочната стабилност на пазарот да се врати во нормала сама по себе. Како што вели познатата забелешка на Кејнз:
Ред 344 ⟶ 248:
 
 
=== '''Кејнзијанска економија''' ===
 
За време на втората светска војна, Кејнз повторно беше советник во државниот трезор на Британија, преговарајќи за главните заеми од САД. Тој помогнал да се формулираат плановите за ММФ, Светската банка и Светската трговска организација на конференцијата одржана во Бретон Вудс, пакет креиран за да се стабилизира флуктуацијата во светската економија што се случи во дваесетите и да создаде стабилна трговија на целата планета. Кејнз почина една година подоцна, но неговите идеи веќе создадоа нов глобален економски поредок и сите западни влади го следеа неговиот начин на размислување во врска со намалување на трошењето за да се избегне кризата и да се одржи вработеноста. Една од Кејнзовите ученици на Кембриџ била Џоан Робинсон, која придонела за идејата дека конкуренцијата ретко е совршена на пазарот спротивно на Теоријата дека пазарот ја диктира цената. Во „Функција на производството и теоријата на капиталот“ (1953) Робинсон се противи на некои работи за кои смета дека се циркулари на ортодоксната економија. Неокласицистите тврдат дека пазарната конкуренција ги присилува производителите да ги минимизираат трошоците на производство. Робинсон вели дека трошоците на производство се само цените на инпутите, како што е капиталот. Капиталните добра ја добиваат нивната вредност според финалните продукти. И ако цената на финалниот продукт ја одредува цената на Капиталот тогаш, според Робинсон, крајно циркуларно е да се тврди дека цената на капиталот ја одредува цената на финалните продукти. Цените на добрата не можат да се одредат без да се утврдат трошоците за инпутите. Ова не би било важно доколку се во економијата се одвива истовремено, но во реалниот свет, за одредување на цената треба време – добарата ја добиваат цената пред да бидат продавани. Бидејќи капиталот не може да биде адекватно проценет во независни мерни единици, тогаш како може да се докаже дека капиталот би повратил исто колку што е вложено во производството? Пиеро Срафа дошол во Англија од фашистичка Италија во дваесетите години и работел заедно со Кејнз во Кембриџ. Во 1960 објавил мала книга со наслов „Производство на комодитети користејќи комодитети“, која објаснува како технолошките односи се основите за производство на добра и услуги. Цените се резултат на размената на профитот, колективното ценкање, конфликтите помеѓу работната сила и управата, и интервенцијата на владиното планирање. Исто како и Робинсон, Срафа покажал дека главна сила за поставување на цената во економијата не мора да е прилагодувањето на пазарот.
Ред 352 ⟶ 256:
После втората светска војна Соединетите Американски држави станаа најпрестижната економска сила. Европа и Советскиот Сојуз лежеа во рушевини, додека на Британската Империја и се ближеше крајот. Се дотогаш американските економисти играа минорна улога. Институционалните економисти беа многу критични за американскиот начин на живот, особено во однос на „сомнителното конзумирање“ во „Roaring twenties“ пред крахот на берзата во 1929. Како и да е, по војната, поортодоксен начин на мислење зазеде корени, реагирајќи против рационалниот стил на дебатирање на Кејн и одново поставувајќи ја областа. Ортодоксниот центар исто така беше предизвикан и од порадикална група експерти базирани во Универзитетот од Чикаго. Тие се повикуваа на „право на избор“ и „слобода“, освртувајќи се кон стилот на 19от век, кога владите не интервенираа.
 
=== '''Институционализам''' ===
 
Торстејн Веблем (1857 – 1929), кој доаѓа од руралниот дел на централно-западна Америка и работи во Универзитетот во Чикаго, е еден од најпознатите рани критичари на „Американскиот начин“. Во „Теоријата на неработната класа“ (1899) ѓи напаѓа материјалистичката култура и богатите луѓе кои упадливо ги трошат нивните богатства како начин на покажување на нивниот успех, а во „The Theory of Business Enterprise“ (1904) Веблен прави дистинкција помеѓу производство за потребите на луѓето и производство за чист профит, тврдејќи дека првото е често попречено, бидејќи бизнисот го брка второто. Крајниот резултат и технолошкиот напредок се ограничени од бизнисот и креирањето на монополи. Бизнисот ги штити неговите капитални инвестиции и применува преголеми кредити, што води до депресија и зголемување на воената експанзија и војна, преку бизнис контрола на политичката моќ. Овие две книги кои се фокусираат на критицизмот како кон побарувачката така и кон профитирањето, не предложија промени. Како и да е, во 1911 Веблен се приклучи кон наставничкиот колегиум на Универзитетот во Мисури, каде ја доби подршката на Херберт Девенпорт, главниот на економскиот оддел. Веблен останал во Колумбија, Мисури во текот на 1918 и истата година се преселил во Њу Јорк каде што започнал да работи како уредник во списанието “The Dial” за во 1919 заедно со Чарлс Бирд, Џејмс Харви Робинсон и Џон Дјуи да помогнат при основањето на Новата школа за социјални истражувања (позната како „Новата школа“). Исто така бил дел од „Техничка алијанса“ основана во 1919 пд Хауард Скот. Од 1919 па се до 1926 Веблен продолжил да пишува и да е активен во повеќе сфери во „Новата Школа“. Во овој период ја напишал „Инженери и ценовниот систем“ (1921).
Ред 365 ⟶ 269:
 
 
=== '''Џон Кенет Гелбрејт''' ===
 
По војната, Џон Кенет Гелбрејт (1908-2006) стана еден од стандардните носители на проакотивната влада и либерално-демократската политика. Во „Богато општество“ (1958), Гелбрејт расправа дека гласачите кои стекнуваат материјално богатство, почнуваат да гласат против општото добро. Тој тврди дека „конвенционалното знење“ на конзервативниот консензус не е доволно за да се решат проблемите со социјалната нееднаквост. Во ера на големи бизниси, Гелбрејт тврди дека е нереално пазарот да се гледа на класичен начин. Тие ги креираат цените и го користат рекламирањето за да создадат лажна побарувачка за нивните продукти, искривувајќи ги приоритетите на луѓето. Приоритетите на купувачите доаѓаат до израз кај тие корпорации („ефект на зависност“), а економијата како целина е насочена кон нерационални цели. Во „Новата индустриска состојба“ економските одлуки се планирани од приватната бирократија, техноструктура составена од експерти кои ги манипулираат каналите за маркетинг и односи со јавноста. Оваа хиерархија си служи самата себеси, профитот повеќе не е главниот двигател и дури ни менаџерите немаат контрола. Бидејќи тие се новите планери, корпорациите избегнуваат ризик и бараат разумна економија и стабилни пазари. Тие привлекуваат влади за да им служат на нивните интереси преку фискалната и монетарна политика, а во замена ја подржуваат монетраната политика која ги збогатуваат лихварите преку зголемување на каматните стапки. Додека целта на богатото општество и инволвираната влада служат на нерационалната техноструктура, јавниот простор истовремено се намалува. Гелбрејт го одсликува ова како преминување од луксузни апартмани на распукани улуци и од раскошни градини на запустени јавни паркови. Во „Економија и општата примена“ (1973) Гелбрејт го предложува „новиот социјализам“ како решение , национализирајќи го военото производстово и јавните услуги како здравството, воведувајќи дисциплински плати и ценовна контрола за да се намали нееднаквоста.
 
=== '''Пол Семјуелсон''' ===
 
Спротивно на јазичниот стил на Гелбрајт, повоената економска професија, почна да синтетизира многу повеќе од трудовите на Кејнс со математички презентации. Воведните универзитетски економски курсеви, почнаа да ја претставуваат економската теорија како единствена целина во она што се нарекува неокласична синтеза. "Позитивна економија" стана термин создаден за да се опишат одредени економски трендови и "закони", кои би можеле да бидат објективно забележани и опишани на релативно слободен начин, одделно од "нормативната економија" и нивните проценки и судови.
Ред 377 ⟶ 281:
Додека Ричард Кантилон направи споредба на механичката физика на Исак Њутн за инерцијата и гравитација со конкуренција и пазарот, физиократите направија споредба на крвниот систем на човековото тело со циркуларни приходни модели, Вилијам Џевонс пронашол растечки циклуси кои одговараат на периодичноста на сончевите циклуси, Семјуелсон адаптирал термодинамички формули за економската теорија. Повторувачка економија или циклусите во економијата, како тешко научно откритие беше пронајдено во Велика Британија, а исто така, и еднаш прославеното "откритие" на А.В. Филипс, беше корелациска врска помеѓу инфлацијата и невработеноста. Заклучокот на политиката за вработувањето беше дека обезбедувањето на целосна вработеност може да се тргува против висока инфлација. Семјуелсон ја примени идејата на кривата на Филипс во својата работа. Неговиот учебник за вовед во економијата насловен едноставно како „Економија“ стана влијателен и широко прифатен. Учебникот стана најуспешен економски текст кој дотогаш бил издаден. Пол Самјуелсон ја доби новата Нобелова награда за економија во 1970 година за неговото спојување на математиката и политичката економија.
 
=== '''Кенет Ароу''' ===
 
Кенет Ароу (роден 1921) му е зет на Пол Семјуелсон. Неговото прво значајно дело, со кое ја припреми својата докторска дисертација на Универзитетот Колумбија, му беше „Општествениот избор и индивидуалните вредности“ (1951), со кој ја донесе економијата во допир со политичката теорија. Со тоа ја покрена теоријата за општествен избор и ја претстави неговата „Теорема за можностите“. Според неговите зборови, ако ја исклучиме можноста за меѓусебна споредба на услугите, тогаш единствените методи за пренесување на индивидуалните вкусови врз општествените, кои ќе биде задоволителни и кои ќе бидат дефинирани за широк спектар на индивидуални претппочитувања се или наметнати или диктаторски.
Ред 391 ⟶ 295:
Академците кои работеле на Универзитетот во Чикаго, повеќе се наградени со Нобелова награда за економија, од академците од било кој друг универзитет во светот.
 
=== '''Роналд Коаз''' ===
 
Роналд Коаз (роден 1910) е најпознатиот економски аналитичар на правото и добитник на Нобеловата награда во 1991 година. Во неговата прва поголема статија, „Природата на фирмата“ (1937), тврди дека причината за постоењето на фирми (фирми, партнерства, итн), е постоењето на трошоците за трансакции. Рационалните поединци, на отворените пазари тргуваат преку билатерални договори, се додека трошоците за трансакции доведат до тоа, користењето на корпорациите за производство да биде поисплатливо.
Ред 400 ⟶ 304:
 
 
=== '''Милтон Фридман''' ===
 
Милтон Фридман (1912-2006) важи за еден од најпознатите и највлијателни економисти од крајот на дваесеттиот век. Тој има добино Нобеловата награда за економија во 1976 година, меѓу кои и за „Монетарната историја на САД“ (1963). Фридман тврди дека Големата депресија била предизвикана од политиката на „федерални резерви“ за време на 1920-тите, која значително се влоши во 1930-тите. Фридман тврди дека независната владината политика е попожелна отколку политиката на владина интервенција во економијата. Владите треба да се стремат за неутрална монетарна политика ориентирана кон долгорочен економски раст, со постепено проширување на понудата на пари. Тој се залага за теоријата на количество пари, дека цените генерално се одредуваат од количеството пари. Затоа активна монетарна (пр. лесен кредит) или фискална (пр. данок и трошоци) политика може да има несакани и негативни ефекти. Во „Капитализмот и Слободата“ (1967) Фридман напиша:
Ред 410 ⟶ 314:
== '''Времиња на глобализација''' ==
 
=== '''Амартја Сен''' ===
 
Амартја Сен (роден 1933) е еден од водечките економсти за развој и благосостојба, и изразува значителен скептицизам во валидноста на нео-класичните претпоставки. Тој беше многу критичен кон теоријата за рационални очекувања, и ја посвети својата работа на развојот и човековите права. Тој ја доби Нобеловата награда за економија во 1998 година.
 
 
=== '''Џозеф Е. Штиглиц''' ===
 
Џозеф Штиглиц (роден 1943 година) добил Нобелова награда во 2001 година за неговата работа во областа на информациска економија. Работел како претседател на Советот на Економски советници на Претседателот Клинтон и како главен економист во Светска Банка. Штиглиц предавал на многу универзитети, вклучувајќи ги Универзитетот-Колумбија, Станфорд, Оксфорд, Јеил и МИТ. Во последно време станува отворен критичар на глобалните економски институции. Тој е попоуларен и како академски автор. Во “Making Globalization Work” во 2007 година, тој понудува свој профил за перспективите за прашања поврзани со меѓународната економија.
Ред 421 ⟶ 325:
"Фундаменталниот проблем со неокласичниот модел и кореспондивниот модел во услови на пазарен социјализам е што и двата не успеваат да земат во предвид различни проблеми кои произлегуваат од недостиг на права информација односно стекнување на информација за трошоците, како и недостиг на несовршености во некои од клучните ризици и пазари на капитал. Отсуството или несовршеноста може, за возврат, во голема мера биде објаснето со проблеми во информацијата.
 
=== '''Пол Кругман''' ===
 
Пол Кругман (роден 1953 година) е современ економист. Неговиот учебник “International Economics” во 2007 се објавува во многу додипломски листи. Подобро познат како претставник на прогресивизмот, пишува неделни колумни за економијата, американската економска политика и американската политика, најчесто во Њујорк Тајмс. Беше награден со Нобелова награда по Економија во 2008 година за неговата работа на “Новата трговска теорија” и “Eкономска географија”.
Ред 427 ⟶ 331:
== '''Современи економски теории''' ==
 
=== '''Макроекономија од ерата на Бретон Вудс''' ===
 
Од 1970-тите наваму, Фридмановата монетарна критика на Кејнзијанската макроекономија, формира почетна точка за бројот на трендови во макроекономската теорија наспроти идејата сека Владината интервенција може и треба да ја стабилизира економијата. Роберт Лукас ја критикува Кензијанската теорија заради нивната непостојаност со микроекономската теорија.