Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 107:
Најраните дискусии за економија дтаираат уште од античко време. Во тоа време и сѐ до индустриската револуција, економијата не била посебна гранка во науката туку дел од филозофијата. Во античка Атина, робовско општество, но и општество кое развива зачетен модел на демократија, книгата на Платон „Република“ содржи упатства до усовршување на работата и производството. Но, неговиот ученик Аристотел е тој што создаде неколку од позначајните аргументи што сѐ уште се во економскиот дискурс.
=== '''Аристотел''' ===
''„Политика“'' на Аристотел (околу 350 п.н.е.) претежно се интересирала за анализа на различни форми на државно уредување ( монархија, аристократија, конституционална влада, тиранија, олигархија, демократија) како критика на Платоновото застапување на владеачкат а класа од „филозофи-кралеви“. Особено за економистите, Платон изготвил нацрт на општеството врз основа на заедничка сопственост на ресурсите. Аристотел на овој модел гледал како на олигархијска анатема. Во ''Политика'', книга II, дел V, расправа дека,
Ред 115:
Иако Аристотел се залагал за тоа дека многу работи може заеднички да се поседуваат, исто така тврдел дека не сѐ може да биде заеднички поседувано, од проста причина „злобата на човековата природа“. „Очигледно е дека е подобро сопственоста да е приватна“, напишал Аристотел, „но, заедничката употреба и посебниот бизнис на законодавецот е да создаде добронамерната природа во човекот“. Во Политика книга I, Аристотел расправа за општата природа на домаќинствата и пазарната размена. Според него постои одредена „уметност на добивка“ или „начин на сткнување богатство“. Единствената цел на парите како такви е средство за размена, што значи само по себе дека „ се безвредни... не се корисни за која било од животните потреби“. Сепак, Аристотел нагласува дека поради тоа што „инструментот“ на парите е ист, многу луѓе се опседнати со обичната акумулација на пари. „Начинот на стекнување богатство“ за едно домаќинство е „неопходно и достоинствено“, додека трговската размена на мало за обичната акумулација е „праведно критикувана, затоа што е нечесна“. Аристотел остро се противел на заемите со енормни камати и бил згрозен од профитирањето преку монополи.
=== '''Среден век''' ===
Тома Аквински (1225-1274) е италијански теолог и писател за економски прашања. Предавал во Келн и Париз и бил дел од групата на католички учители познати како Схоластици, кои ги поместија нивните интереси од теологијата до филозофските и научни дебати. Во статијата ''„Summa Theologica“'' Аквински го опфаќа концептот на фер цена, за која смета дека е неопходна за репродукција на социјалниот поредок. Имајќи многу сличности со модерниот концепт на долгорочна рамнотежа, фер цената би требало да биде таа која ќе ги покрива трошоците за производство, вклучувајќи ги и одржувањето на работникот и неговата фамилија. Тој тврди дека е неморално продавачите да ги покачуваат нивните цени просто затоа што купувачите се во огромна потреба за продуктот.
Ред 127:
=== '''Томас Ман''' ===
Англискиот бисзнисмен, Томас Ман (1571-1641) во својата книга ''„Англиското богатство преку трговијата со странство”'' ја претставува раната меркантилистичка политика. Иако, не била објавена до 1663 година, пред тоа кружела како ракопис. Тој бил член на East India Company и во „Discourse of Trade from England into the East Indies” (1621 година) пишувал за своите тамошни искуства. Според Ман, трговијата бил единствениот начин да се зголеми богатството на Англија (т.е. националното богатство) и во потрага по таа цел тој предложил неколку насоки на дејствување. Важне биле умерената потрошувачка за да се зголеми количината на добра достапни за извоз, да се зголеми обработката на земја и други природни домашни ресурси за да се намали увозот, намалување на царината за извозот на добрата кои се произведени во државата од странски материјали и извозот на добра со непопустлива побарувачка затоа што повеќе пари можат да се заработат од повисока цена.
=== '''Филип фон Хорник''' ===
Филип фон Хорник (1640-1712 година, понекогаш се спелува како Хорник или Хорнек) бил роден во Франкфурт на Мајна и станал австриски службеник и пишувал во време кога неговата земја била под постојана закана од Отоманска инвазија. Во „Австрија над сите, кога би била” (1864) тој ја истакнал една од најјасните изјави на меркантилистичката политика. Тој набројал девет основни правила за национална економија.
Ред 137:
„Да се истражувата почвата во државата со огромна грижа и да не се занемарат земјоделските можности од ниеден агол или грутка земја... Сите комодитети пронајдени во државата, кои не можат да се користат во својата природна состојба, треба да бидат обработени во рамките на земјата... Треба да се обрати внимание на населението кое треба да биде толку големо колку што земјата може да издржи... Златото и среброто под никакви услови не смеат да се извадат надвор за кои било цели... Жителите треба да прават напори за да домашните продукти им бидат доволни... Странските стоки не треба да бидат заменети за злато и сребро, туку за домашни производи... и треба да бидат увезени во недовршена форма и да се доработат во државата... И дење и ноќе треба да се изнаоѓаат можности за да се продадат непотребните добра на земјата на овие странци во преработена форма... Под никакви услови не треба да е дозволен увоз ако дома има доволно залиха со соодветен квалитет.
=== '''Жан-Баптист Колберт''' ===
Жан-Баптист Колберт (1619-1683) бил министер за финансии под власт на крал Луј XIV од Франција. Тој постави национални здруженија за да ги регулира повеќето индустрии. Свила, лен, таписерија, производство на мебел и вино биле примери за работите по кои Франција била позната и за кои било потребно членство во здружение во кое ќе функционираат. Вака останало се до француската револуција. Според Колберт едноставно и единствено изобилството на пари внатре во државата ја прават разликата во нејзината величенственост и моќ.
Ред 146:
Британија во текот на 17 век поминала низ најпроблематичните времиња, издржала не само политичка и религиозна поделба во англиската Граѓанска војна, погубувањето на крал Чарлс I и диктатурата на Кромвел, туку ги преживеела и чумите и пожарите. Монархијата била повторно вратена под власт на Чарлс II, кој имал католички симпатии, но неговиот наследник кралот Џејмс II набргу бил одстранет од престолот. Поканети на неговото место биле протестантите Вилијам Орански и Мери, кои се сложиле со Декларацијата на правата (Bill of Rights, 1689), осигурувајќи се дека парламентот е доминантен и што подоцна стана познато како Славната Револуција (Glorious Revolution). Немирот вродил голем број научни достигнувања со огромно значење, вклучувајќи го и октритието на Роберт Бојл за константата на гасниот притисок (1660) и објавувањето „Philosophiae Naturalis Principia mathematica” на Исак Њутн во 1687, каде ги опишал трите закони за движење и неговиот закон за универзална гравитација. Сите овие фактори го поттикнале напредокот на економската мисла. На пример, Ричард Кантилон (1680-1734) свесно ги имитирал Њутновите сили на инерција и гравитација во природниот свет со човечка свест и натпреварување на пазарите во економскиот свет. Во неговиот „Essay on the Nature of Commerce in General”, тој расправа за рационалниот сопствен интерес во систем на слободно прилагодени пазари би довеле до ред и заеднички компатибилни цени. Меѓутоа, наспроти меркантилистичките мислења, богатсвото не било пронајдено во трговијата туку во човечкиот труд. Првата личност која ги поврзала овие идеи во политички рамки бил Џон Лок.
=== '''Џон Лок''' ===
Џон Лок (1632-1704) е роден во близина на Бристол и се образувал во Лондон и Оксфорд. Тој се смета за еден од најзначајните филозофи од неговото време главно поради критиката на одбраната на апсолутозмот на Томас Хобс во „Lavithan” (1651) и за развојот на теоријата за социјален договор. Лок верувал дека луѓето се собрале во општество кое било обврзано да ги заштити нивните права на имот. Тој општо дефинирал дека имотот ги вклучува животот и слободата на луѓето, како и нивното богатство. Кога луѓето го споиле својот труд со околината, тие ги создале правата на имотот. Со негови зборови од неговата „Second Treatise on Civil Government” (1689 година),
Ред 153:
Лок дискутирал дека владата не треба само да го прекине мешањето со имотите на луѓето (или нивните животи, слободи и недвижности), туку дека треба позитивно да работи за да ја обезбеди нивната заштита. Неговите погледи за цените и парите биле напишани во писмо за член на Парламентот во 1691 година под наслов Разгледување на последиците од намалувањето на каматата и покачување на вредноста на парите. Овде Лок дискутира дека „цената на секое добро расте и опаѓа пропорцинално со бројот на купувачи и продавачи“, правило кое „важи исто за се што сака да се купи или продаде“.
=== '''Дадли Норт''' ===
Дадли Норт (1641-1691) бил богат трговец и земјопоседник. Тој работел како службеник во Министерството за Финансии и бил против повеќето меркантилистички политики. Во неговата „Discourses upon trade” (1691), која анонимно била објавена, тој дискутира дека претпоставката за потребата од погоден баланс на трговијата бил погрешен. Трговијата, тврдел тој, им користи и на двете страни, ја промовира специјализацијата, поделбата на трудот и го зголемува богатството на сите. Регулацијата на трговијата се вмешува со овие бенефиции со намалување на приливот на богатство.
=== '''Дејвид Хјум''' ===
Дејвид Хјум (1711-1776) се согласува со филозофијата на Норт и ги напаѓа меркантилистичките претпоставки. Неговите придонеси биле запишани во „Political Discources” (1752), подоцна вметнат во неговата „Essays, Moral, Political, Literary” (1777). Додадено на фактот дека било непожелно да се залага за погоден баланс на трговијата Хјум рекол дека во секој случај е невозможно. Хјум рекол дека секој суфицит на извоз кој можеби е достигнат би бил платен од страна на увозителите со злато и сребро. Ова би ја покачила набавката на пари, и цените би пораснале. Тоа би предизвикало пад во извозот се до обновувањето на балансот на увоз.
Ред 175:
Адам Смит (1723-1790) се смета како татко на модерната политичка економија. Неговото објавување на “Истрага за природата и причините за богатството на народите”во 1776 се совпаѓа не само со американската револуција, кратко време пред европските пресврти на француската револуција, но исто така и почетокот на новата индустриска револуција што дозволува да се стекне многу поголемо богатство од кога било порано. Смит бил шкотски морален филозоф, чие деби била “теоријата на моралните чувства” (1759). Тој тврди дека етички системи на луѓето се развиваат преку лични релации со други лица, така што смислата на правилно и погрешно се можат да се видат во одредени реакции на нечие однесување. Со тоа Смит се здоби со поголема популарност отколку со неговото следно дело: Богатството на народите, кое што во почетокот беше игнорирано од јавноста. Сепак, политичко економскиот магнум опус беше успешен во круговите што се битни.
=== '''Објаснување''' ===
Вилијам Пит, премиер на ториевците, во доцните 1780-ти ги базираше неговите даночни предлози за идеите на Смит и се залагаше за слободна трговија како вистински следбеник на Богатството на народите. Смит беше назначен за комесар на царини и во рок од 20 години Смит имаше следбеници од новата генерација на писатели кои имаа намера да ја изградат науката на политичката економија.
Ред 183:
Бурк бил изграден политички економист со својата книга “Мисли и детали за недостатокот” Тој остро ја критикуваше либералната политика и ја осуди француската револуција која почна во 1789 година. Во одраз на француската револуција тој напишал дека “периодот на витештвото” заврши и дека софистичарите, економистите и пресметувачите успеаа и дека славата на Европа е згасната засекогаш. Современите влијанија на Смит ги вклучува Франсоа Кене и Жак Турго кои ги запознал во Париз, и Дејвид Хјум , неговиот шкотски колега. Со тек на време се појави заедничка потреба меѓу мислителите за да се објаснат социјалните пресврти за време на индустриската револуција и навидум во хаос без феудални и монархистички структури на Европа и тие покажуваат дека сепак постои ред.
=== '''Невидливата рака''' ===
„Нашата вечера не ја добиваме поради добронамерноста на месарот, пиварот или пекарот, туку поради нивните сопствени интереси. Ние освртуваме не до нивната хуманост туку до нивното самољубие и никогаш не разговараме со нив за нашите сопствени потреби туку за нивните предности.“ - Познатата изјава на Адам Смит за сопствен интерес.
Ред 195:
Смит верува дека пазарот го произведува она што тој го нарекува “напредокот на богатството”. Во ова е вклучен синджир на концепти, дека поделбата на трудот е двигател на економската ефикасност но сепак, тоа е само ограничување на процесот на проширување на пазарите. И поделбата на трудот и пазарното проширување барат поинтензивна акумулација на капиталот од страна на претприемачите и лидерите на бизнисот и индустријата. Целиот систем е дополнет со одржувањето на безбедноста на имотните права.
=== '''Ограничувања''' ===
Првата насловна страна на Адам Смит.
Ред 210:
Забележителен тек во класичната економија била теорија заснована на претпоставка, како разработена од школата во бирмингем и Малтус во почетокот на 19 век. Тие бараа владино дејствување за ублажување на невработеноста и економските падови што беше интелектуален предходник на она што подоцна стана кејнзијанска економија во 1930-тите. Друга значајна школа беше капитализмот на манчестер, која се залагаше за слободна трговија, наспроти претходната политика на меркантилизмот.
=== '''Џереми Бентам''' ===
Џереми Бентан (1748-1832) е можеби најрадикалниот мислител на своето време, и го разви концептот на утилитаризам. Бентам беше атеист, затворски реформатор, активист за правата на животните, верник во универзалното право на глас, слобода на говор, слободната трговија и здравственото осигурување во време кога само неколку се осмелија да ги дискутираат. Тој беше ригорозно школуван од рана возраст завршувајќи универзитет и да се активира во правниот сектор уште на 18 години. Неговата прва книга „Фрагмент на владата“ ( 1776) е објавена анонимно бесе остра критика на „коментари на законите во Англија“ на Вилијам Блекстон. Ова доби широк успех се додека не се откри дека всушност младиот Бентан е негов автор, а не некој почитувани професор. Во „Принципи на моралите и законодавството“ (1791) Бентам ја изнесе својата теорија за комунални услуги.
Ред 216:
Целта на законската политика мора да се стреми кон тоа да се намалат бедата и страдањата колку што е можно повеќе и да се зголеми среќата на највисоко можно ниво. Бентам дури дизајнира и сеопфатна методологија за пресметка на агрегатна среќа во општеството со посебен закон за производствена анализа. Општеството, тврди Бентам, не е ништо повеќе од вкупниот број на поединци така што ако некој има за цел да произведе нето социјално добро тогаш треба само да се осигура дека се доживува поголемо задоволство насекаде, отколку болка, без оглед на броевите. На пример предложен е законот да се направи секој автобус во градот да е пристапен за инвалиди, но да се движи по бавно од своите предходници, како резултат на новиот дизајн. Милиони корисници на автобуси имат мала количина на незадоволство или “болка”со зголемување на сообраќајот и патувањето, но еден мал дел на луѓе со инвалидски колички ке ја доживеат огромната сума на задоволство да бидат во можност да фатат јавен превоз, кој го надминува вкупното незадоволство од другите корисници. Интерперсоналните споредби на комуналните услуги им беа дозволени од страна на Бентам, идејата дека огромното задоволство на еден човек може да се смета повеќе од болката на многу други. Многу критичари подоцна покажаа дека ова може да биде изопачено, на пример дали производствената анализа би дозволила многу среќен диктатор да го надмине коритото на бедата на неговите експлоатирани. И покрај методологијата на Бентам се појавија сериозни пречки во мерењето на среќата кај луѓето.
=== '''Жан Баптист Сеј''' ===
Жан Баптист Сеј (Jean-Baptiste Say) (1767 – 1832) бил французин, роден во Лион кој помогнал да се популаризира работата на Адам Смит во Франција. Неговата книга, „ A Treatise on Political Economy“ (1803) содржала краток дел кој подоцна станал ортодоксен за политичката економија сè до појавата на „Големата депресија“ и бил познат како „Пазарното право на Сеј“. Сеј тврдел дека никогаш не може да постои општ дефицит на побарувачка или општа презаситеност на продукти во целата економија. „Луѓето создаваат нешта - рекол Сеј, за попрво да ги остварат нивните потреби, отколку на другите“. Меѓутоа, производството не е прашање на понудата, туку индикација на побарувачката на добра на производителите. Сеј се сложил дека дел од приходот се заштедува од страна на домаќинствата но, на подолг временски период, заштедите се инвестирани. Инвестирањето и потрошувачката се двата основни елементи на побарувачката или причина за „општа презаситеност“ на понудата. Сеј исто така, тврдел дека парите се неутрални, бидејќи нивната единствена улога е да ја олеснуваат размената: меѓутоа, луѓето бараат пари само за да купуваат материјални добра. Сеј рекол дека „парите се превез“. Со цел да ги резимира овие две идеи, Сеј рекол: „производите се разменуваат за други производи“. Во краен случај, ќе постојат различни економски сектори чиишто побарувачки нема да бидат задоволени. Но со текот на времето, понудата ќе се промени, бизнисите ќе се реорганизираат за поинакво производство и пазарот сам ќе се поправи. Пример на „општа презаситеност“ може да биде невработеноста, со други зборови, преголема понуда на работници, а многу малку отворени работни места. Според „правото на Сеј“, ова значи дека постои преголема побарувачка за други производи којашто сама ќе се поправи. Ова претставувало основа на економската теорија сè до 1930тите години. „Правото на Сеј“, прв пат било изнесено од страна на Џејмс Мил (1773 – 1836) на англиски јазик, а било поддржано од Дејвид Рикардо, Хенри Торнтон и Џон Стјуарт Мил. Меѓутоа, двајца политички економисти, Томас Малтус и Сисмонди, не биле убедени.
=== '''Томас Малтус''' ===
Томас Малтус (Thomas Malthus) (1766 – 1834) бил „конзервативен“ министер во парламентот на Обединетото Кралство кој, за разлика од Бентам, верувал во строго воздржување на државата од општествените заболувања. Малтус, последното поглавје од својата книга „Principles of Political Economy“ (1820) го посветил на побивање на „правото на Сеј“ и тврдел дека економијата би можела да стагнира со недостаток на „ефективна побарувачка“. Со други зборови, платите, доколку се помали од целосните трошоци за производство, нема да можат да го откупат целосниот износ на индустријата и дека ова ќе предизвика опаѓање на цените. Падот на ценитего намалува стимулот за инвестирање и дека кривата би можела да продолжи до бесконечност. Меѓутоа, Малтус е повеќе прочуен по неговото поранешно дело, „An Essay on the Principle of Population“. Во ова дело се тврди дека интервенирањето било невозможно поради два фактора. Според Малтус, „Храната е неопходна за опстанокот на човештвото“. „Страста помеѓу половите е неопходна и ќе остане речиси во првобитната состојба“, додал Малтус, со значење дека „моќта на населението е бесконечно поголема отколку моќта во Земјата, за создавање опстанок за човештвото“. Меѓутоа, порастот на населението е проследен со „мизерија и пороци“. Секој пораст на платите за масите ќе предизвика само приврмен пораст на населението кој поради ограничувањата на понудата на земјиното производство ќе предизвика мизерија, пороци и соодветно прилагодување кон извоеното население. Меѓутоа, повеќе работа би можело да знаќи и поголем економски пораст, кој би бил производ од создавањето на капитал.
=== '''Дејвид Рикардо''' ===
Дејвид Рикардо (David Ricardo) (1772-1823) е роден во Лондон. На 26 годишна возраст, тој станал богат трговец на берзата и си обезбедил гласачка единица во Ирска за да добие место во „Долниот дом“ во парламентот на Велика Британија. Најпознато дело на Рикардо е „Principles of Political Economy and Taxation“ коешто содржи критики за ограничувањата во меѓународната трговија и опис на начинот на кој е распореден приходот на населението. Рикардо правел разлика помеѓу работниците кои добивале плата, доволна за преживување, земјопоседниците кои добивале наемнина и капиталистите кои имале капитал и добивале профит, како додатен приход. Доколку населението се зголеми, неопходно е да се обработува додатна почва чијашто плодност, е послаба од онаа на веќе обработените полиња, поради законот на намалена продуктивност. Меѓутоа, трошоците за производство на жито се зголемуваат како и цената на житото: исто така се зголемуваат и наемнините, платите и индексот на инфлација (бидејќи мора да се дозволи и работниците да преживеат) исто така. Профитите се намалуваат, сè додека капиталистите не можат да инвестираат. Според Рикардо, економијата е создадена да стреми кон една стабилна состојба.
Ред 230:
За да ја одложи стабилната состојба, Рикардо се залага за промовирање на меѓународната трговија за увоз на жито со пониска цена со цел да им се спротивстави на земјопоседниците. Законите за житата во В.Б. биле изгласани во 1815 година со создавање на променлив систем на тарифи за стабилизирање на цената на житото на домашниот пазар. Според Рикардо, високите тарифи, освен што требало да ги зголемат приходите на фармерите, ќе овозможат само пораст на цените на наемнините коишто одат во џебовите на земјопоседниците. Понатаму, ќе биде потребна поголема работна сила што води кон пораст на платите во земјата и со тоа ќе се намали извозот и профитот од прекуокеанските бизниси. Економијата за Рикардо, претставува нераскинлива врска помеѓу трите фактори („фактори на производство“): земја, труд и капитал. Рикардо математички демонстрирал дека придобивките од трговијата би можеле да ги надминат истакнатите придобивки од протекционистичката политика. Според идејата за компаративна придобивка, дури ако една земја не произведува доволно средства за разлика од друга, сеуште може да биде во добивка со отварање на границите со што приливот на средства произведени поефтино од дома, создава придобивка за домашните потрошувачи. Тогаш, според Рикардо, овој концепт би довел до промена на цените, со што Англија би произведувала материјални добра за кои нивните компаративни придобивки биле највисоки.
=== '''Џон Стјуарт Мил''' ===
Џон Стјуарт Мил (John Stuart Mill) (1806-1873) бил доминантна фигура на политичката економска мисла на неговото време, а исто така бил и член на парламентот, како претставник на Вестминстер и водечки политички филозоф. Мил бил чудо од дете, на 3 годишна возраст почнал да чита за Античка Грција и бил строго подучуван од неговиот татко Џејмс Мил. Џереми Бентам бил негов ментор и близок семеен пријател, а пак Дејвид Рикардо имал огромно влијание врз него. Записите на Мил „Principle of Political Economy“, биле објавени во 1848 година и ова претставувало суштинско резимирање на економската мудрост на средниот XIX век. До почетокот на XX век, ова негово дело се користело како стандарден текст во голем број универзитети. За прашањето за економскиот пораст, Мил се обидел да пронајде некоја средина помеѓу сфаќањата на Адам Смит за секојдневното проширување на можностите за трговија и технолошки иновации и сфаќањата на Томас Малтус за инхерентните граници на населението. Во неговата четврта книга, Мил повеќе се задржал на истакнувањето на неколку можни идни исходи , отколку на предвидување на еден единствен исход. Првата теорија се засновала на сфаќањата на Малтус дека населението растело побрзо од понудата, што водело до помали плати и зголемени профити. Втората теорија се засновала на сфаќањата на Смит кој тврдел дека доколку капиталот се зголемува побрзо од населението, тогаш вистинските плати ќе се зголемат. Третата, според Дејвид Рикардо, доколку капиталот и населението се зголемуваат во исто време, а технологијата остане стабилна, тогаш нема да има промена во платите бидејќи понудата и побарувачката на работа ќе остане иста. Меѓутоа, со зголемување на населението ќе се создаде потреба од повеќе обработлива површина, ќе се зголемат трошоците за производство на храна, а профитите ќе се намалат. Според четвртата теорија на Мил, технологијата ќе напредува побрзо од населението и обичните акции ќе се зголемат. Резултатот би бил, просперитетна економија. Мил најмногу ја поддржувал третата теорија и сметал дека напредокот на технологијата ќе морал некогаш да стагнира. Но, Мил се колебал во врска со континуираниот пораст на економијата.
Ред 242:
Исто како што поимот „меркантилизам“ бил популаризиран од страна на критичарите како Адам Смит, исто така, поимот „капитализам“ или „Kapitalismus“ се користел од неговите дисиденти како Карл Маркс. Карл Маркс (Karl Marx) (1818-1883) бил и на некој начин сеуште ќе остане супериорен социолог и економист. Неговата комбинација од политичка теорија претставена во „Communist Manifesto“ и дијалектичката теорија за историјата, инспирирана од Фридрих Хегел, ја создала револуционерната критика на капитализмот во XIX век, од негова гледна точка. Социјалистичкото движење на коешто се придружил и Маркс, се појавило како последица на ситуацијата на луѓето во новата индустриска ера и класичната економија што била дел од неа. Тој го напишалнеговото ремек-дело „Das Kapital“ во библиотеката на Британскиот музеј.
=== '''Објаснување''' ===
Роберт Овен (Robert Owen) (1771-1858) бил индустријалист кој бил решен да ги подобри условите на неговите работници. Тој купил текстилни погони во Њу Ланарк, Шкотска и забранил децата под десет години да работат, создал работно време од 6:00 до 19:00 и обезбедил вечерни школи за децата откако ќе завршеле со работа. Ваквите оскудни мерки имале суштинско значење за напредокот и неговиот бизнис можел да поднесе поголемо производство, иако неговите плати биле пониски од државниот просек. Тој ја издал својата визија „The New View of Society“ (1816) за време на изгласувањето на актите за фабриките но, негвиот обид од 1824 година, да создаде нова општествена утопија во Њу Хармони, Индиана, неславно завршил. Еден од оние кои имале влијание врз Маркс, бил францускиот филозоф Пјер Проудон. Иако бил длабоко критичен кон капитализмот, тој исто така, им се спротивставил на оние современи социјалисти кој ја идолизирале задругата. Во неговата книга „The Philosophy of Poverty“, Поудон извршил политичко-економски напад врз класичната, егзистенцијална теорија на приходи (1846). Во неговата книга „What is Property“ (1840), тој тврди дека имотот е „кражба“, поинаков став од оној на Мил кој напишал: „делумното оданочување е послаба форма на грабеж“. Меѓутоа, пред крајот на неговиот живот, Проудон променил некои од своите поранешни гледишта. Во постхумно објавената книга „Theory of Property“, тој истакнал дека „имотот е единствена сила што може да дејствува како противтежа на државата“. Фридрих Енгелс, публициран радикален автор, ја издал книгата под наслов „The Condition of the Working Class in England in 1844“ во која местоположбата на луѓето ја опишува како „највидливата кулминација на општествената мизерија на денешницата“. По смртта на Маркс, Енгелс го завршил вториот дел на книгата „Das Kapital“ од неговите забелешки.
|