Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 264:
 
P(Y) = {y' e Y : {y" e Y : y" > y', y" ≠ y'} = 0}
 
 
Ред 273 ⟶ 274:
 
 
Австријското'''Австриското училиште'''
 
 
Ред 293 ⟶ 294:
 
 
'''Колапс и реконструкција '''
 
Алфред Маршал сѐ уште работел на последните измени на неговата книга „Принципи на економијата“ кога започнала Првата Светска воја (1914-1918). Новата клима на оптимизам на дваесеттиот век наскоро беше присилно разгранета на делови од Западниот фронт, додека цивилизираниот свет се распаѓаше. За четири години производството на Британија, Германија и Франција беше целосно насочена кон индустријата на смртта на воената економија. Во 1917 Русија западна во револуција предводена од Болшевичката партија на Владимир Ленин. Марксистичката теорија им беше како Библија и на распаднатата земја ветуваа „мир, леб и земја“ со колективизирање на средствата за производство. Исто така, во 1917, Обединетите Држави на Америка влегоа во војната на страна на Франција и Британија, на чело на претседателот Вудроу Вилсон и слоганот „ го правиме светот безбеден за демократија“. Тој разработи мировен план наречен „Четиринаесетте точки на Вилсон“. Во 1918 Германија започна пролетна офанзива која не успеа и како што сојузниците возвраќаа на нападот и милиони и милиони беа масакрирани, Германија западна во револуција, а нејзината привремена влада бараше мир врз основа на Четиринаесетте точки на Вилсон. Европа е разпушена, како финансиски, така и физички и психолошки, надевајќи се на исполнување на договорот од Версајската конференција во 1919. Џон Мајнард Кејнз беше претставник на државниот трезор на Британија на конференцијата и беше најгласниот критичар за исходот.
Ред 299 ⟶ 300:
 
 
'''Џон Мејнард Кејнз'''
 
Џон Мејнард Кејнз (1883-1946) е роден во Кембриџ, образован е во Итон под менсторство на A.C. Пиџоу и Алфред Маршал на Универзитетот во Кембриџ. Тој ја започнал својата кариера како професор пред да се вработи во Британската влада за време на првата светска војна, и станал финансиски претставник на британската влада на конференцијата во Версај. Неговите белешки беа изнесени во неговата книга Економските последици на мирот (1919), каде што тој го документира неговиот бес за колапсот на Американското придружување кон четиринаесетте точки на Вилсон и огромната волја за освета кон Германија. Тој се откажал од конференцијата и користејќи ги економските податоци обезбедени од досиејата на конференцијата, Кејнз смета дека ако победниците ја присилат поразената страна да ја плати штетата од војната, тогаш ќе настане светска економска криза, што би довело до втора светска војна. Кејнз ја заврши својата дисертација со пропагирање на: прво намалување на трошоците за поправки што треба да бидат платени од Германија на разумно ниво, зголемено меѓу владино управување на континенталното производство на јаглен и слободна трговска унија преку Лигата на народите; второ договор за распределба на долговите помеѓу сојузниците; трето целосна реформа на меѓународната размена на валути и меѓународен фонд за кредитирање; и четврто усогласување на трговските односи меѓу Русија и источна Европа.
Ред 305 ⟶ 306:
 
 
'''Општа теорија '''
 
За време на Големата депресија, Кејнз го издал неговото најважно дело „ Општа теорија на вработување, камата и пари“ (1936). Депресијата се разгоре и со Падот на Волстрит во 1929, водејќи кон масовно зголемување на невработеноста во Соединетите Држави, како и до барање на европските кредитори за враќање на долговите и економски домино ефект ширум светот. Ортодоксната економија повика на намалување на трошоците додека да се повратат бизнис довербата и да се стабилизира профитот. Спротивно на тоа, Кејнз тврди во „Тракт на монетарната реформа“ (1923) дека економската активност е одредена од низа фактори и дека не е доволно да се чека долгорочната стабилност на пазарот да се врати во нормала сама по себе. Како што вели познатата забелешка на Кејнз:
„...оваа долгорочност погрешно води кон сегашните работи. Во долгорочен план сите ние сме мртви. Економистите прелесно и непотребно си поставуваат задача, ако во сезони на невреме единствено што тие можат да ни кажат е дека кога невремето е оддамна поминато океанот повторно ќе е мирен.“
Ред 313 ⟶ 315:
 
 
'''Кејнзијанска економија'''
 
За време на втората светска војна, Кејнз повторно беше советник во државниот трезор на Британија, преговарајќи за главните заеми од САД. Тој помогнал да се формулираат плановите за ММФ, Светската банка и Светската трговска организација на конференцијата одржана во Бретон Вудс, пакет креиран за да се стабилизира флуктуацијата во светската економија што се случи во дваесетите и да создаде стабилна трговија на целата планета. Кејнз почина една година подоцна, но неговите идеи веќе создадоа нов глобален економски поредок и сите западни влади го следеа неговиот начин на размислување во врска со намалување на трошењето за да се избегне кризата и да се одржи вработеноста. Една од Кејнзовите ученици на Кембриџ била Џоан Робинсон, која придонела за идејата дека конкуренцијата ретко е совршена на пазарот спротивно на Теоријата дека пазарот ја диктира цената. Во „Функција на производството и теоријата на капиталот“ (1953) Робинсон се противи на некои работи за кои смета дека се циркулари на ортодоксната економија. Неокласицистите тврдат дека пазарната конкуренција ги присилува производителите да ги минимизираат трошоците на производство. Робинсон вели дека трошоците на производство се само цените на инпутите, како што е капиталот. Капиталните добра ја добиваат нивната вредност според финалните продукти. И ако цената на финалниот продукт ја одредува цената на Капиталот тогаш, според Робинсон, крајно циркуларно е да се тврди дека цената на капиталот ја одредува цената на финалните продукти. Цените на добрата не можат да се одредат без да се утврдат трошоците за инпутите. Ова не би било важно доколку се во економијата се одвива истовремено, но во реалниот свет, за одредување на цената треба време – добарата ја добиваат цената пред да бидат продавани. Бидејќи капиталот не може да биде адекватно проценет во независни мерни единици, тогаш како може да се докаже дека капиталот би повратил исто колку што е вложено во производството? Пиеро Срафа дошол во Англија од фашистичка Италија во дваесетите години и работел заедно со Кејнз во Кембриџ. Во 1960 објавил мала книга со наслов „Производство на комодитети користејќи комодитети“, која објаснува како технолошките односи се основите за производство на добра и услуги. Цените се резултат на размената на профитот, колективното ценкање, конфликтите помеѓу работната сила и управата, и интервенцијата на владиното планирање. Исто како и Робинсон, Срафа покажал дека главна сила за поставување на цената во економијата не мора да е прилагодувањето на пазарот.
 
'''Американскиот начин'''
 
После втората светска војна Соединетите Американски држави станаа најпрестижната економска сила. Европа и Советскиот Сојуз лежеа во рушевини, додека на Британската Империја и се ближеше крајот. Се дотогаш американските економисти играа минорна улога. Институционалните економисти беа многу критични за американскиот начин на живот, особено во однос на „сомнителното конзумирање“ во „Roaring twenties“ пред крахот на берзата во 1929. Како и да е, по војната, поортодоксен начин на мислење зазеде корени, реагирајќи против рационалниот стил на дебатирање на Кејн и одново поставувајќи ја областа. Ортодоксниот центар исто така беше предизвикан и од порадикална група експерти базирани во Универзитетот од Чикаго. Тие се повикуваа на „право на избор“ и „слобода“, освртувајќи се кон стилот на 19от век, кога владите не интервенираа.
 
'''Институционализам'''
 
Торстејн Веблем (1857 – 1929), кој доаѓа од руралниот дел на централно-западна Америка и работи во Универзитетот во Чикаго, е еден од најпознатите рани критичари на „Американскиот начин“. Во „Теоријата на неработната класа“ (1899) ѓи напаѓа материјалистичката култура и богатите луѓе кои упадливо ги трошат нивните богатства како начин на покажување на нивниот успех, а во „The Theory of Business Enterprise“ (1904) Веблен прави дистинкција помеѓу производство за потребите на луѓето и производство за чист профит, тврдејќи дека првото е често попречено, бидејќи бизнисот го брка второто. Крајниот резултат и технолошкиот напредок се ограничени од бизнисот и креирањето на монополи. Бизнисот ги штити неговите капитални инвестиции и применува преголеми кредити, што води до депресија и зголемување на воената експанзија и војна, преку бизнис контрола на политичката моќ. Овие две книги кои се фокусираат на критицизмот како кон побарувачката така и кон профитирањето, не предложија промени. Како и да е, во 1911 Веблен се приклучи кон наставничкиот колегиум на Универзитетот во Мисури, каде ја доби подршката на Херберт Девенпорт, главниот на економскиот оддел. Веблен останал во Колумбија, Мисури во текот на 1918 и истата година се преселил во Њу Јорк каде што започнал да работи како уредник во списанието “The Dial” за во 1919 заедно со Чарлс Бирд, Џејмс Харви Робинсон и Џон Дјуи да помогнат при основањето на Новата школа за социјални истражувања (позната како „Новата школа“). Исто така бил дел од „Техничка алијанса“ основана во 1919 пд Хауард Скот. Од 1919 па се до 1926 Веблен продолжил да пишува и да е активен во повеќе сфери во „Новата Школа“. Во овој период ја напишал „Инженери и ценовниот систем“ (1921).
Ред 329 ⟶ 332:
 
 
'''Џон Кенет Гелбрејт'''
 
По војната, Џон Кенет Гелбрејт (1908-2006) стана еден од стандардните носители на проакотивната влада и либерално-демократската политика. Во „Богато општество“ (1958), Гелбрејт расправа дека гласачите кои стекнуваат материјално богатство, почнуваат да гласат против општото добро. Тој тврди дека „конвенционалното знење“ на конзервативниот консензус не е доволно за да се решат проблемите со социјалната нееднаквост. Во ера на големи бизниси, Гелбрејт тврди дека е нереално пазарот да се гледа на класичен начин. Тие ги креираат цените и го користат рекламирањето за да создадат лажна побарувачка за нивните продукти, искривувајќи ги приоритетите на луѓето. Приоритетите на купувачите доаѓаат до израз кај тие корпорации („ефект на зависност“), а економијата како целина е насочена кон нерационални цели. Во „Новата индустриска состојба“ економските одлуки се планирани од приватната бирократија, техноструктура составена од експерти кои ги манипулираат каналите за маркетинг и односи со јавноста. Оваа хиерархија си служи самата себеси, профитот повеќе не е главниот двигател и дури ни менаџерите немаат контрола. Бидејќи тие се новите планери, корпорациите избегнуваат ризик и бараат разумна економија и стабилни пазари. Тие привлекуваат влади за да им служат на нивните интереси преку фискалната и монетарна политика, а во замена ја подржуваат монетраната политика која ги збогатуваат лихварите преку зголемување на каматните стапки. Додека целта на богатото општество и инволвираната влада служат на нерационалната техноструктура, јавниот простор истовремено се намалува. Гелбрејт го одсликува ова како преминување од луксузни апартмани на распукани улуци и од раскошни градини на запустени јавни паркови. Во „Економија и општата примена“ (1973) Гелбрејт го предложува „новиот социјализам“ како решение , национализирајќи го военото производстово и јавните услуги како здравството, воведувајќи дисциплински плати и ценовна контрола за да се намали нееднаквоста.
 
'''Пол Семјуелсон'''
 
Спротивно на јазичниот стил на Гелбрајт, повоената економска професија, почна да синтетизира многу повеќе од трудовите на Кејнс со математички презентации. Воведните универзитетски економски курсеви, почнаа да ја претставуваат економската теорија како единствена целина во она што се нарекува неокласична синтеза. "Позитивна економија" стана термин создаден за да се опишат одредени економски трендови и "закони", кои би можеле да бидат објективно забележани и опишани на релативно слободен начин, одделно од "нормативната економија" и нивните проценки и судови.
Најдобро продаваниот учебникар на оваа генерација беше Пол Семјуелсон (1915-2009). Неговиот Докторат беше обид да се покаже дека математичките методи би можеле да претставуват јадро за тестирање на економската теорија. Тоа го објави како „Основи на економски анализи“ во 1947 година. Семјуелсон започна со две претпоставки. Прво, луѓето и фирмите ќе дејствуваат во насока на зголемување на целите за кои се заинтересирани. Второ, пазарите се стремат да достигнат рамнотежа на цените, каде побарувачката и понудата се совпаѓаат. Тој понуди математички формули, за да се опише однесувањето на економските системи кои се стремат кон рамнотежа, вклучувајќи ја тука и тогаш новата макроекономска теоријата на Џон Мајнард Кејнс.
Додека Ричард Кантилон направи споредба на механичката физика на Исак Њутн за инерцијата и гравитација со конкуренција и пазарот, физиократите направија споредба на крвниот систем на човековото тело со циркуларни приходни модели, Вилијам Џевонс пронашол растечки циклуси кои одговараат на периодичноста на сончевите циклуси, Семјуелсон адаптирал термодинамички формули за економската теорија. Повторувачка економија или циклусите во економијата, како тешко научно откритие беше пронајдено во Велика Британија, а исто така, и еднаш прославеното "откритие" на А.В. Филипс, беше корелациска врска помеѓу инфлацијата и невработеноста. Заклучокот на политиката за вработувањето беше дека обезбедувањето на целосна вработеност може да се тргува против висока инфлација. Семјуелсон ја примени идејата на кривата на Филипс во својата работа. Неговиот учебник за вовед во економијата насловен едноставно како „Економија“ стана влијателен и широко прифатен. Учебникот стана најуспешен економски текст кој дотогаш бил издаден. Пол Самјуелсон ја доби новата Нобелова награда за економија во 1970 година за неговото спојување на математиката и политичката економија.
 
'''Кенет Ароу'''
 
Кенет Ароу (роден 1921) му е зет на Пол Семјуелсон. Неговото прво значајно дело, со кое ја припреми својата докторска дисертација на Универзитетот Колумбија, му беше „Општествениот избор и индивидуалните вредности“ (1951), со кој ја донесе економијата во допир со политичката теорија. Со тоа ја покрена теоријата за општествен избор и ја претстави неговата „Теорема за можностите“. Според неговите зборови, ако ја исклучиме можноста за меѓусебна споредба на услугите, тогаш единствените методи за пренесување на индивидуалните вкусови врз општествените, кои ќе биде задоволителни и кои ќе бидат дефинирани за широк спектар на индивидуални претппочитувања се или наметнати или диктаторски.
Ова предизвика широка дискусија за тоа како да се интерпретираат различните услови на теоремата и какви импликации има таа за демократијата и гласањето. Најконтроверзен од неговите четири (1963) или пет (1950/1951) услови е независноста на ирелевантните алтернативи.
Во 1950 година, Ароу и Жерард Дебре развија Ароу-Дебре модел на општа рамнотежа. Во 1971 година, Ароус со Френк Хан, заеднички ја напишаа „Општи конкурентни анализа“ (1971), во која ја повторија теоријата за општа рамнотежа на цените во економијата. Во 1969 година, Шведската централна банка започна да доделува награда за економија, како аналогија на Нобеловите награди за хемија, физика, медицина, како и за литература и мир (иако Алфред Нобел никогаш ова не го одобрил). Со Џон Хикс, Ароу ја освои наградата на Шведската банка во 1972 година, и беше најмладиот добитник некогаш. Претходната година, американскиот претседател Ричард Никсон имаше изјави дека "Сега сите сме Кејнзијанци ". Иронијата беше дека ова беше почеток на нова револуција во економската мисла.
 
'''Монетаризам и Чикашката школа'''
 
Интервенционистичката монетарна и фискална политика, што православните повоени економии ја препорачуваа и практикуваа, беше цел на напади, особено од страна на група на теоретичари кои работеа на Универзитетот во Чикаго, кои подоцна беа познати како "Чикашка школа“. Овој поконзервативен правец, поттикна "слободарски" поглед на активностите на пазарот, односно дека луѓето најдобро е да се остават самите на себе, слободно да избираат како ќе ги задоволат своите потреби.
Академците кои работеле на Универзитетот во Чикаго, повеќе се наградени со Нобелова награда за економија, од академците од било кој друг универзитет во светот.
 
'''Роналд Коаз'''
 
Роналд Коаз (роден 1910) е најпознатиот економски аналитичар на правото и добитник на Нобеловата награда во 1991 година. Во неговата прва поголема статија, „Природата на фирмата“ (1937), тврди дека причината за постоењето на фирми (фирми, партнерства, итн), е постоењето на трошоците за трансакции. Рационалните поединци, на отворените пазари тргуваат преку билатерални договори, се додека трошоците за трансакции доведат до тоа, користењето на корпорациите за производство да биде поисплатливо.
Ред 354 ⟶ 361:
 
 
'''Милтон Фридман'''
 
Милтон Фридман (1912-2006) важи за еден од најпознатите и највлијателни економисти од крајот на дваесеттиот век. Тој има добино Нобеловата награда за економија во 1976 година, меѓу кои и за „Монетарната историја на САД“ (1963). Фридман тврди дека Големата депресија била предизвикана од политиката на „федерални резерви“ за време на 1920-тите, која значително се влоши во 1930-тите. Фридман тврди дека независната владината политика е попожелна отколку политиката на владина интервенција во економијата. Владите треба да се стремат за неутрална монетарна политика ориентирана кон долгорочен економски раст, со постепено проширување на понудата на пари. Тој се залага за теоријата на количество пари, дека цените генерално се одредуваат од количеството пари. Затоа активна монетарна (пр. лесен кредит) или фискална (пр. данок и трошоци) политика може да има несакани и негативни ефекти. Во „Капитализмот и Слободата“ (1967) Фридман напиша:
Ред 360 ⟶ 367:
 
Фридман, исто така, е познат по неговата работа за функцијата на потрошувачката, тезата за постојан приход (1957), кој Фридман самиот го нарекува негов најдобар научен труд. Во ова дело тој тврди дека рационалните потрошувачи ќе потрошат пропорционален износ со тој што тие го сметаат дека ќе им биде постојан приход. Неочекуваните приходи ќе им бидат заштедите. Даноците, исто така, како што рационалните потрошувачи би предвиделе, во иднина ќе мора да се зголемуваат, за подоцна да се балансираат со јавните финансии. Други важни негови придонеси се критиката на кривата Филипс и концептот на природната стапка на невработеноста (1968). Оваа критика го поврзува неговото име со тврдењето дека владата што предизвикува поголема инфлација, не може со тоа трајно да ја намали невработеноста. Невработеноста може привремено да се намали, ако инфлацијата е изненадна, но на долг рок невработеноста ќе биде определена од страна на недоразбирањата и несовршеностите на пазарот на трудот.
 
'''Времиња на глобализација'''
Амартја Сен
 
'''Амартја Сен'''
 
Амартја Сен (роден 1933) е еден од водечките економсти за развој и благосостојба, и изразува значителен скептицизам во валидноста на нео-класичните претпоставки. Тој беше многу критичен кон теоријата за рационални очекувања, и ја посвети својата работа на развојот и човековите права. Тој ја доби Нобеловата награда за економија во 1998 година.
 
 
'''Џозеф Е. Штиглиц'''
 
Џозеф Штиглиц (роден 1943 година) добил Нобелова награда во 2001 година за неговата работа во областа на информациска економија. Работел како претседател на Советот на Економски советници на Претседателот Клинтон и како главен економист во Светска Банка. Штиглиц предавал на многу универзитети, вклучувајќи ги Универзитетот-Колумбија, Станфорд, Оксфорд, Јеил и МИТ. Во последно време станува отворен критичар на глобалните економски институции. Тој е попоуларен и како академски автор. Во “Making Globalization Work” во 2007 година, тој понудува свој профил за перспективите за прашања поврзани со меѓународната економија.
"Фундаменталниот проблем со неокласичниот модел и кореспондивниот модел во услови на пазарен социјализам е што и двата не успеваат да земат во предвид различни проблеми кои произлегуваат од недостиг на права информација односно стекнување на информација за трошоците, како и недостиг на несовршености во некои од клучните ризици и пазари на капитал. Отсуството или несовршеноста може, за возврат, во голема мера биде објаснето со проблеми во информацијата.
 
'''Пол Кругман'''
 
Пол Кругман (роден 1953 година) е современ економист. Неговиот учебник “International Economics” во 2007 се објавува во многу додипломски листи. Подобро познат како претставник на прогресивизмот, пишува неделни колумни за економијата, американската економска политика и американската политика, најчесто во Њујорк Тајмс. Беше награден со Нобелова награда по Економија во 2008 година за неговата работа на “Новата трговска теорија” и “Eкономска географија”.
 
'''Современи економски теории'''
Макроекономија од ерата на Бретон Вудс
 
'''Макроекономија од ерата на Бретон Вудс'''
 
Од 1970-тите наваму, Фридмановата монетарна критика на Кејнзијанската макроекономија, формира почетна точка за бројот на трендови во макроекономската теорија наспроти идејата сека Владината интервенција може и треба да ја стабилизира економијата. Роберт Лукас ја критикува Кензијанската теорија заради нивната непостојаност со микроекономската теорија.
Критиката на Лукас ги постави основите за неокласичното учење на макроекономијата, Нова класична економија, базирана на основите на класичната економија. Лукас исто така ја популаризираше идејата за рационални очекувања, која беше употребена како основа за неколку нови класични теории вклучувајќи ја и Политиката на неефективност на тврдењето.