Голем крвоток: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
патот на големиот крвоток и неговата улога
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
Бидејки во левата страна на срцето има оксидирана крв, таа преку комората т.е. преку артеријата аорта излегува, оди до сите органи и ткива и преку вената во десната предкомора се враќа редуцирана крв.
 
Аортата по излезот од левата комора лачно свиткува надолу, а потоа од неа се одвојуваат помали артерии што носат крв кон главата и во рацете.Оттука покрај 'рбетот аортата продолжува надолу разгранувајќи се на артерии што носат крв во внатрешните органи и во нозете.Сите овие артерии на крај се разгрануваат на капилари преку кои се донесува кислород и хранливи материи на ткивата и клетките.Откако ќе се изврши размена на материите, од капиларите редуцираната крв се собира преку вените.Од главата и горниот дел на телото сите вени се собираат во горната празна вена.Од долниот дел на телото, од нозете и внатрешните органи сите вени се собираат во долната празна вена.Горната и долната празна вена се вливаат во десната преткомора.Така крвта го поминува долгиот пат на големиот крвоток.