Разлика помеѓу преработките на „Македонско движење и српската пропаганда“

{{Цитатник|''Најпосле има уште една појава која не може да се испушти од предвид. Тоа е стремежот на Македонците да бидат самостојни, што бара пат по средина на сите погоре спомнати стремежи ( станува збор за пропагандите б.н). И овој стремеж почна да се буди, особено поради спротивностите меѓу бугарскиот и македонскиот говор, меѓу бугарскиот и македонскиот карактер од времето кога бугарската пропаганда почна претерано о остро да удира по македонските особености во името на панбугаризмот'' <ref name="OTAZBINA"><small>''Стојан Новаковиһ, Бугарске школе у Македонији. Отаџбина, 1888 бр. 16, с. 91''</small> </ref> }}
 
Српската пропаганда не успеала да ја реализира својата намера, односно кога [[Македонците]] ја насетиле таквата позадина, тргнале по свој сопствен пат динстанцирајќи се од сите надворешни влијанија. [[Крсте Петков Мисирков]] во својата книга [[За македонцките работи]] истакнува:
 
{{Цитатник|''Мислата за национално обединување на Македонците, иако под маската бугарска, се зафати во 1890 г. Во крајот на 1889 год. се префрлија во Бугарија 30-40 души ученици и студенти Македонци од Белград во Софија. Тие ученици се душата на сите настани во Македонија оттогаш досега. Тие беа запознаени со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македонија. Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави - ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со сви сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија. По нивна иницијатива во почетокот на деведесетите години се образува едно национално сепаратистичко движење со цел да се одделат интересите на Македонците од бугарските со издигнување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци. Орган на тоа сепаратистичко движење на Македонците во Бугарија беше списанието „Лоза”.Но тоа духовно движење на Македонците не и’ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза” и фати да ги гони Македонците сепаратисти. Од тоа уште време побегна Дамјан Груев, којшто беше во бројот на Македонците ученици што паминаа од Белград во Софија и во бројот на сепаратистите. Немајќи во Бугарија почва за национален сепаратизам, Македонците што пребегаа од Белград во Софија, се зафатија со образување на револуционерни организации во Бугарија и во Македонија.Видните Македонци револуционери сепаратисти, како Делчев, беа само ученици на првото поколение Македонци ученици српски и бугарски. Исто така и Сарафови другите подоцнешни револуционери се јавија само како нивни продолжувачи и следбеници, но не иницијатори на револуционерната организација. Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија.''}}
 
== Извори ==