Отвори го главното мени

Промени

=== Репресивниот карактер на грчката пропаганда ===
 
Се е Мамено бе не им вервете алоооооооооооооооооооо И покрај сите обиди кои грчката пропаганда ги презела за зацврстување на своите позиции во Македонија таа не успеала да го спречи преминувањето на Македонците под јуриздикција на Егзархијата, и затоа грчката пропаганда почнала да се користи и со методи од репресивен карактер. Имено, грчките чети на Катархјас и Каракас во [[1880]] година испратиле заканувачко писмо до жителите на селото [[Ѓавато]] од нив побарале или да го затворат [[словени|словенското училиште]] или да се иселаат во [[Бугарија]], во спротивно тие истакнале дека ќе дојдат грчки чети во селото и нема да остават ниту живо куче <ref><small>''Р. поплазаров, Грчаката спрема Македонија..., 21''</small></ref>. Треба да се истакне дека слични закани имало и до останатите македонски села. Дополнително на оваа грчката пропаганда се користела и со ''рушвети'' и обвиненија кај турските власти. Во 1880 година во [[Струмица]] повторно било отворено егзархиското училиште, но грчкиот владика веднаш ги обвинил родителите на учениците дека се бунтовници и биле уапсени 15 луѓе. Во 1888 година во селата [[Муртино]] и [[Моноспитово]] тамошното македонско население дошло во судир со локалните Турци и веднаш овој судир бил искористен од страна на грчкиот [[струмица|струмички]] владика да побара остранување на егзархиските учители и нивана замена со грчки. Во селото [[Босилово]] сите жители преминале под духова јуриздикција на Егзархијата со исклучок на свештеникот и неговото семејство но грчката пропаганда успеала да издејствува преку ''рушвет'' црквата да остане под контрола на [[Цариградската Патријаршија|Патријаршијата]] <ref><small>''Политиката на турското правителство..., 47 - 48''</small></ref>. Воружената грчка пропаганда до [[1903]] година во [[Македонија]] била со послаб интензитет, а една од поголемите акции во овој период е [[Андартска провокација|Андартската провокација]] од [[1896]] година кога поголема група на андарти навлегле во [[Солунски вилает|Солунскиот]] и на дел од [[Битолски вилает|Битолскиот вилает]].
 
=== Воружената грчка пропаганда ===
Анонимен корисник