Министерство за народна просвета и пропаганда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 47:
Владата често одржувала и емитувала говори како средство за влијание врз масите. По првиот говор на Хитлер во својство на [[канцелар]], Гебелс забележал: „''Говорот ќе биде од голема пропагандна вредност...ќе се користи, ќе се прикажува во киносалите уште многу години...каков дострел''.“ Пред да го одржи говорот, Гебелс го најавил Хитлер и ја искористил приликата за да ја истакне важноста на пропагандата: „''Се чини дека нема добра власт без добра пропаганда, ниту пак добра пропаганда без добра власт. Но не треба да се лаже! Никогаш не смееме да лажеме! Евреите се тие што треба да платат за тоа што го лажеа нашиот народ!''” Веројатно најзапаметениот во Втората светска војна е производ на Министерството за пропаганда - Гебелсовиот [[говор во Спортпаласт]] одржан по претрпениот пораз во [[Сталинградска битка|Сталинградската битка]], со намера да добие масовна поддршка кај народот за „тотална војна“<ref>{{цитирана книга|last=Гебелс|first=Јозеф|authorlink=Јозеф Гебелс|title=Политички говори||edition=I|editor=Олга Русимова (преведувач)|publisher=Ѓурѓа|location=Скопје|date=2007|chapter=Кризата на Исток и тоталната војна|isbn=9789989920974}}</ref>. Хитлер држел говори и на радио, но овие биле така ефективни како кога [[Говорништво|говорел]] пред жива публика (на пр. на [[Нирнбершки собири|Нирнбершките собири]]).
 
Во добро познатиот исказ, Гебелс се изјасил: „''Радиото го сметам за најсовремената и најклучната алатка за влијаење врз масите..''“. Нацистите го максимално користеле потенцијалот на радиото. Производителите на радиоапарати добивале дотации од владата за да произведуваат ефтини апарати наречени „[[Народен приемник|народни приемници]]“. Овие приемници биле изработени така што не фаќале странски (ненацистички) емисии. Покрај ова, слушањето на негермански радиостаници било кривичен престап. Во екот на Втората светска војна ова било казниво дури и [[Смртна казна|со смрт]].
 
== Поврзано ==