Бонсаи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
Изразот ''penzai'' првпат се појавува во [[Кина]] во времето на ''Џин (Jìn Cháo) Династијата'' во периодот од 265 н.е. – 420 н.е. Со тек на времето оваа вештина се развива во нови форми во различни делови на [[Кина]], [[Јапонија]], [[Кореја]], [[Виетнам]] и [[Тајван]]. Посебно одгледувањето на растенија во саксија било популарно во Јапонија во времето на кинеската ''Сонг, (Sòng Cháo) Династијата'', период на голем развој на Кина, кога Јапонците присвоиле и примениле многу од кинеските знаења и вештини. Јапонскиот Зен калуѓер ''Kokan Shiren (虎関師錬), (1278-1347)'', во 1300 год. ги поставува естетските принципи за бонсаи, бонсеки и архитектонските принципи на јапонската градина.
 
На почетокот Јапонците ги одгледувале минијатурните дрвја во саксии за разубавување на нивните домови и градини. Подоцна одгледувањето на [[азалеа]]тaазалеатa и [[јавор]]от станале симбол на богатство и престиж.
 
Една од најстарите познати живи збирки на бонсаи, која се смета и за национално богатство на Јапонија е збирката на царот, во која се наоѓа петиглестиот бел бор (''Pinus pentaphylla var. negishi''), познат како Сандај-Шогун-Но Мацу, за кој се претпоставува дека е стар околу 500 години и дека почнал да се одгледува како бонсаи уште во далечната 1610 година.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бонсаи