Болоњски псалтир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Болонскиот псалтир''' иако е пишуван во с. [[Рамне]], [[Охрид]], славистите го вбројуваат овој ракопис во битолското ракописно наследство, од причини што се смета дека во [[Битола]] се користел овој [[псалтир]]. За потребите на црквите во рамките на Охридската книжевна школа, а и подоцна до XV век биле создадени броjни богослужбени книги. Голем броj од ракописите од освоjувачите се однесени од Охрид во Болоња, Москва, Софиjа, Белград, Загреб, Прага, како и во други центри. Особено е значаен Болоњскиот псалтир - значаен македонски книжевен ракопис коj денес се наоѓа во Августинскиот манастир во [[Болоња]] - (Италиjа) уште од почетокот на [[18 век]], по што го добил и името. Во него има 264 пергаментни листови (270/200мм). Книгата jа напишале книжевниците Белослав, Јосиф и Тихота од селото Рамне - Охридско, во периодот од 1230 до 1242 година. Ракописите од тоа време обично биле пишувани со рака на пергамент, а биле и богато украсени со орнаменти и позлата. Болоњскиот псалтир се цени дека е еден од наjубавите словенски ракописи од XIII век. Редакциjата е македонска, а правописот карактеристичен за Охридската книжевна школа.
[[Категорија:Православие]]
 
{{Македонски ракописи до 14 век}}