Социјализам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: rue:Соціалізм
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
'''Социјализмот''' е [[идеологија]] чие централно залагање е замена на [[капитализам|капиталистичкото општество]] со општество што ќе се карактеризира со намалување на општествените разлики, со замена на приватната сопственост над средствата за производство со државна и општествена сопственост, со воведување на мерки на економско планирање и со нагласување на економската соработка наместо на економскиот напредок. Најчесто социјализмот се сфаќа во значењето што му го даде [[марксизам|марксизмот]], имено, како преоден период, подготвителна фаза која ќе води кон [[комунизам]].
 
Социјализмот не е хомогена идеологија и постојат повеќе политички правци кои можат да се опфатат со поимот “социјализам”„социјализам“. Во најшироко значење, како социјалисти се класифицираат [[социјалдемократија|социјалдемократите]], [[демократски социјализам|демократските социјалисти]], [[комунизам|комунистите]] и [[анархизам|анархистите]], потесното сфаќање ги склучува анархистите, а според најтесното значење како социјалисти се подразбираат само демократските социјалисти. Во секој случај, разликите помеќу различните социјалисти се толку големи што не може да се зборува за една социјалистичка идеологија, туку само за повеќе социјалистички идеологии.
 
Социјалистичките идеологии меѓу себе се разликуваат речиси по сите прашања кои нивните приврзаници ги сметаат за клучни:
Ред 13:
• Дали треба да се укине [[демократија]]та по доаѓањето на власт, односно, дали и во која мера треба да се прифати демократијата која постои во капитализмот?
 
• Кој треба да биде двигател во градењето на социјализмот: обичните граѓани ([[пролетеријат]]от”от“) или партијата што дојде на власт со социјалистички претензии?
 
• Каков треба да биде односот кон оние што се противат на новата социјалистичка власт? Дали нивните [[човекови права]] треба да се почитуваат или не?