Разлика помеѓу преработките на „Палацо Медичи Рикарди“

с
нема опис на уредувањето
с
с
'''Палацо Медичи Рикарди''' ([[итал.]] ''Palazzo Medici Riccardi'') after the later family that acquired and expanded it, is a [[Ренесанса|ренесансен]] [[дворец]] во центарот на [[Фиренца]], [[Италија]].
 
Дворецот е дело на [[Микелоцо Микелоци|Микелоцо ди Бартоломео Микелоци]]<ref>Fabriczy, ''Michelozzo di Bartolommeo'', 38, 41f.</ref> изграден по нарачка на [[Козимо де Медичи]], од влијателното семејство [[Медичи]], помеѓу 1445<ref>Aby Warburg, „Die Baubeginn des Palazzo Medici“, во Gesamelte Schriften'', (Лајпциг и Берлин) 1932: том I, 165.</ref> и 1460 г. Зданието е познато по изѕиданата фасасда со [[рустикација (архитектура)|рустикација]] и [[ѕидарски камен]].<ref>Според [[Веспазијано да Бистичи]], само градбата чинела 60.000 дукати; во 1492 покуќнината вредела 81.000 дукати. (Rab Hatfield, „Some Unknown Descriptions of the Medici Palace in 1459“, ''The Art Bulletin'' '''52'''.3 (септември 1970:232-249), стр. 235 и белешки.</ref> Триделната елевација тука е замислена како отелотворение на духот на ренесансната рационалност, поредок и класицизам во човечки размери. Хоризонталната поделба на фаасадата е изведена со хоризонтални окапници што го делат зданието на три ката, следниот понизок од претходниот. Вака објектот изгледа полесен во однос на мошне тешкиот корниз кој ја карактеризира контурата на целото здание.
 
Во проектирањето на дворецот, Микелоцо нашол инспирација во [[Десет книги за архитектурата|римските градежни начела]], и начелата на неговиот претходник, [[Филипо Брунелески]]. Ренесансната архитектура се стремела да го возобнови римскиот стил од тогашните зданија и насликаната архитектура на фреските. Кај дворецот Медичи Рикарди, рустикацијата на ѕидовите и корнизот имаат свои претходници во римската уметност.
 
==Надворешни врски==
{{Ризница-врскарв|Palazzo Medici-Riccardi}}
* [http://www.palazzo-medici.it/ Палацо Медичи Рикарди] – официјална страница {{it}} {{en}}
 
{{coord|43.775200|N|11.255429|E|type:landmark_region:IT|display=title}}