Фотиј I Цариградски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
 
Во [[864]] година целата Бугарска земја доброволно се обратила во [[христијанство]]то. Бугарскиот кнез [[Борис I]] бил крстен, според преданието, од самиот патријарх Фотиј. Потоа светителот Фотиј испратил во [[Бугарија]] архиепископ и свештеници за Крштевање на бугарскиот народ. Во негово време, тој ги испратил Свети Кирил и Методиј во [[865]] да го проповедаат христијанството на [[словенски јазик]].
 
Сепак, приврзаниците на папата во [[Бугарија]] поттикнале недоверба кај [[Бугари]]те кон проповедниците од Источната Црква. Лошата положба на Бугарија заради нападите од [[Германи]]те ги натерала да баарат помош од Западот. Бугарскиот кнез се обратил до папата со молба да му испратат свои епископи. Кога пристигнале во Бугарија, папските легати почнале во неа активно да ги утврдуваат латинското учењето и обичаи, наместо православните. Фотиј, ја известил со окружно писмо [[Источна црква|Источната Црква]] за делата на [[папа]]та, укажувајќи на отстапувањето на [[Римокатоличка црква|Римската Црква]] од древното [[Православие]], не само во обредите, туку и во вероисповеданието. Бил свикан Собор, кој го осудил своеволието на Западот.
 
Во [[867]] година императорскиот престол го зазел [[Василиј I]], кој го убил императорот [[Михаил III Пијаница]]. Фотиј го осудил убиецот и не дозволил да биде причестен. За таа одлука тој бил отстранет од патријаршискиот престол и затворен во [[манастир]] под стража. На негово место повторно бил поставен патријархот Игнатиј. Во Соборот што бил свикан за разгледување на постапките на светителот Фотиј, учествувале и папски легати, кои барале Соборот да потпише грамота за безусловно потчинување на целата Црква на судот на папата. Источните епископи не се согласиле со тоа и стапиле во спор со легатите. Фотиј, кога бил повикан на Соборот, со молчење одговорал на сите напади од легатите и само на прашањето поставено од судиите. Противниците на Фотиј по долги спорови победиле и немајќи никаква основа за да го осудат, му изрекле анатема на Патријархот Фотиј и на епископите кои го бранеле. Светителот бил испратен во заточение 7 години, каде според неговото сведоштво, «''само му благодарел на Господа, трпеливо носејќи ги неговите судови''…» Во тоа време латинскиот клир бил изгонет од [[Бугарија]] заради своеволиети на папата, а Патријархот Игнатиј таму испратил свои епископи.
 
Во [[879]], по смртта на Патријархот Игнатиј, бил свикан Собор (кој многумина отци на Црквата го нарекуваат [[Осми Вселенски Собор]]) на кој повторно бил признат светителот Фотиј за законски пастир на Црквата. [[Папа Јован]] , кој лично го познавал Фотиј, преку свои пратеници на Соборот објавил дека ги повлекува сите претходни папски определби за Фотиј. Соборот ја признал неприкосновеноста на [[Никејски симбол на верата|Никејско-Цариградскиот Символ]], го отфрлил латинското искривување (''filioque''), ја признал независноста и рамноправноста на двата престола и на двете Цркви (Западната и Источната).
 
За време на наследникот на императорот Василиј, Лав, светителот Фотиј повторно настрадал од клевета; бил обвинет за заговор против императорот. Откако го отстраниле од катедрата во 886 г., светителот ги завршил своите денови свои во Армонијскиот манастир, во 891 година.