Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 78:
Во следниот период односите се повеќе се заострувале. Цариградската патријаршија постојано вршела притисок врз Охридската Архиепископија најтојувајќи да ја има целосната контрола над неа. Со поставувањето на Цариградски патријарх во Костурската, Струмичката и други македонски епархии, односите уште повеќе се заостриле. На охридскиот престол бил поставен прогрчки архиепископ. По неговото протерување на престолот дошол митрополитот Арсениј. Со разни интриги, Цариградската патријаршија извршила голем притисок врз Охридската архиепископија, па таа во 1767 годинна на 16 Јануари, била укината. Митрополитот Арсениј бил принуден да потпише „добро-волна“ оставка.
 
== Охридската архиепископија и македонскиот идентитетМакедонците ==
 
Поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име. Под јуриздикција на Охридската Архиепископија била и [[Пеќка Патријаршија|Пеќката Патријаршија]], која за секоја своја одлука и решение требала да добие амин од Охридската Архиепископија, како постара и подостојна црква. До [[17 век]], во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија и подредената на неа Пеќка Црква, е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители македонски предели.