Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
оваа секција нема врска со статијава
Ред 91:
 
Јаков од [[Ќустендил]] (денешна [[Бугарија]]) во 1566 г. во поговорот на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. <ref>(Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)</ref>
 
== Современи превирања и манипулации ==
 
Во [[мај]] [[2000]], со суспендирањето на преговорите (поради автокефалноста која МПЦ ја самодекларираше во 1967г) помеѓу [[Македонска Православна Црква|Македонската Православна Црква]] (МПЦ) и [[Српска Православна Црква|Српската Православна Црква]] (СПЦ), шизматична група поддржана и признаена од СПЦ ја создаде [[Православната Охридска Архиепископија]] (ПОА) на чие чело застана [[Зоран Вранишковски]] (поранешен Владика Јован) како Архиепископ Охридски. МПЦ ги прекина комуникациите со Зоран Вранишковски и неговата група. Вранишковски беше осуден на затвор со времетраење од 18 месеци за повредување на религиозните чувства на локалното население, како и промовирање и предизвикување на религиозна нетрпеливост.
 
Македонската државна Комисија за религии го оспорува правото на регистрација на ПОА поради противзаконското користење на неразлично име, користено за иста религиозна припадност од Македонската Православна Црква (за потсетување: титулата на Архиепископот на МПЦ е „''Архиепископ Охридски и Македонски''“). МПЦ од своја страна, пак, оперира со документи и докази кои посочуваат на директна вклученост на Владата на [[Србија]] во финансирањето на активностите на отпадничката група, што според тогашниот Претседател на Македонија, [[Бранко Црвенковски]], претставува мешање во внатрешните работи на една држава. Претседателот, исто така во 2005 година го одби барањето кое му беше доставено од СПЦ за аболиција на Зоран Вранишковски (што од своја страна беше нагласувано како клучен чекор кој македонската страна мора да го превземе за да се одмрзнат преговорите меѓу двете Цркви).
 
Вранишковски моментално се наоѓа во затворот „Идризово“ заради незаконска проневера на финансиски средства донирани на МПЦ.
 
== Бугарски ставови ==