Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 65:
Од изложеното произлегува дека Охридската архиепископија во својата управна структура, во соодветност со останатите православни цркви, ги поседувала сите управни тела и органи кои активно функционирале и ги обавувале своите должности, а тоа сведочи дека била самостојна автокефална црква, со достоен авторитет и постојана соработка со останатите автокефални цркви.
 
== XIII - XVII век и укинување ==
== Охридската Архиепископија во XIII и во XIV и за време на Османлиското владеење ==
 
По обновувањето на Бугарското царство во 1185 година, од Охридската архиепископија се издвоиле епископиите од Бугарија, формирајќи ја Трновската патријаршија. За време на владеењето на Добромир Хрст и кнежевството на Стрез од 1185 па се до 1214 година, тие имале потполна подршка од Охридската архиепископија. Во 1218 година покрај Трновската патријаршија, се издвоила и Рашката епископија, така што се формирала Српската архиепископија. Од 1230 до 1280 година Охридската архиепископија изгубила голем дел од својата територија, која подоцна повторно ги повратила. За време на овој период Охридската архиепископија ја зачувала својата автокефалност и угледност. Архиепископот Никола, во 1346 година, учествувал на прогласувањето на српскиот архиепискот за патријарх и крунисување на Душан за цар.
Ред 74:
 
Со освојувањата на Османлиите на балканот, автокефалноста на Охридската архиепископија била нарушена. Таа постојано била потиснувана од страна на Цариградската патријаршија. Во XV век црквата Св. Софија во Охрид (тогашното седиште на Охридската архиепископија), била претворена во џамија. Архиепископското седиште било префрлено во Климентовиот манастир Св. Пантелејмон, но по нејзиното претворање во џамија, седиштето на Охридската архиепископија било преместено во Св. Богородица Перивлепта. Многу други цркви во Македонија била претворени во џамии во тој период.
 
Во следниот период односите се повеќе се заострувале. Цариградската патријаршија постојано вршела притисок врз Охридската Архиепископија најтојувајќи да ја има целосната контрола над неа. Со поставувањето на Цариградски патријарх во Костурската, Струмичката и други македонски епархии, односите уште повеќе се заостриле. На охридскиот престол бил поставен прогрчки архиепископ. По неговото протерување на престолот дошол митрополитот Арсениј. Со разни интриги, Цариградската патријаршија извршила голем притисок врз Охридската архиепископија, па таа во 1767 годинна на 16 Јануари, била укината. Митрополитот Арсениј бил принуден да потпише „добро-волна“ оставка.