Класицизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 4:
 
 
== МИШКОБОРО МАЈМУН ==
 
Во 16 век терминот е обновен од Т. Себије кој во своето дело ''За поетската уметност'' зборува за двајца истакнати француски писатели од средниот век и тој таму ги нарекува “добри класични писатели”. Подоцна со се почеста и поразнолична употреба на терминот се утврдуваат и неколку значења. Писателите, задоени со хуманизмот, кои создавале дела во кои ги подражавале грчките и римските примери со време стекнале право да се нарекуваат “класични”, што би се рекло по дух и вредност блиски на античките писатели, нивни достојни следбеници. Во ова значење се насетува извесна книжевно-стилска определба, иако недоволно одредено, бидејќи во таа смисла се типични класичните Петрарка и Тасо, Ронсар и Расин, како и подоцна Клопшток и Гете. Почнувајќи од крајот на 18 век, нанапред во Германија, и тоа во записите на браќата Шлегел, а набрзо и кај некои други автори и во другите книжевности, поимот класичен означува спротивност на поимот романтичен. Низ речиси целиот 19 век, па и подоцна, оваа антитеза представува најважна основа за дефинирање на двата поима. Госпоѓата Де Стал се прославила развивајќи ја идејата за развивањето на книжевно-географската поделба на класичен, грчко-римски југ и на романтичен, германски север. Во втората половина на 19 век, со појавата на реализмот, натурализмот, симболизмот и другите правци, се јавувале нови антитези во кои придавката “класичен” се поодредено ја претставува спротивноста на модерноста и се повеќе се врзува за минатото, за неспорните традиционални вредности на националните култури.