Википедија:Барања за администраторски статус/Виктор Јованоски: Разлика помеѓу преработките

===[[Википедија:Барања за администраторски статус/Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]]===
'''[{{fullurl:Википедија:Барања за администраторски статус/Виктор Јованоски|action=edit}} Искажете го вашето мислење]'''
'''(0/0/0); Закажано да заврши во 18:21, [[10 септември]] [[2007]] (UTC)'''
 
{{Корисник|Виктор Јованоски}} – Виктор е моментално еден од најактивните уредници на Википедија на македонски јазик. Првото уредување го направи пред околу 6 месеци. До сега не влегол во некој конфликт со друг уредувач, има напишано голем број на статии од кои добар дел завршија и на главната страница како „Одбрани“. Со администраторските привилегии би требало да му се олесни уредувањето и уште повеќе да се вклучи во борбата против вандализмот. [[Корисник:Misos|Милош]] 18:21, 3 септември 2007 (UTC)
 
:''Кандидату, ве молиме прифатете ја номинацијата тука:''
 
<!--Кандидатот може да изјави нешто тука-->
:[http://en.wikipedia.org/wiki/Jimmy_Wales Џимбо Велс] во [[Википедија:Администратори#Тривијална работа|често повторуваниот коментар за улогата на администраторите]] вели дека ''да се стане сисоп „не е голема работа“''. Со сета почит кон неговиот лик и дело, нема да се согласам со ова негово тврдење: ''можеби'' најголемата чест со која може да се здобие еден уредувач на Википедија е токму таа. Истовремено е и голема обврска - далеку од тоа дека да се биде администратор значи да се земе удел во една тривијална работа. Уште помалку ако се земе во предвид фактот дека се работи за енциклопедија, слободна и достапна ''за секого'', ранлива и подложна на повреди ''од секаде'': несомнено е дека кипот на Википедија го вајаат рацете на илјадниците корисници што ги споделуваат своите интереси и знаења со оние на кои тие им се потребни, но тој не би бил ништо повеќе од една авангардна апстрактна статуа - неразбирлива и несфатлива за сите - доколку не постои некој што би го контролирал процесот на создавањето и постојано би интервенирал во случај на немарна или намерна грешка. Тој ''некој'' е администраторот. Бесмислено е да се тврди дека секој би можел да биде администратор.
:Затоа, со задоволство го прифаќам предлогот и се надевам дека ќе помогнам на секој можен начин во обидот Википедија да ја направиме водечка енциклопедија на македонски јазик. А не сме многу далеку - преведената Британика содржи 17,000 заглавни зборови, Википедија 5,000 помалку. Нема да мине многу време, а ќе се израмниме по квантитет. Квалитативно, мислам дека можеме доста подобро.
 
;Прашања за кандидатот
Драг кандидату, благодариме за вашата понуда да {{Уникод|ѝ}} служите на Википедија со овој капацитет. Ве молиме оддвојте малку време, со цел да одговорите неколку општи прашања со цел да го олесните раководењето на гласачите:
:'''1.''' Со кои администраторски задачи планирате да помагате? Ве молиме видете [[:Категорија:Википедија дневник]] и [[:Категорија:Административен дневник]], и прочитајте ја страницата за [[Википедија:Администратори|администратори]].
::'''А:''' На мојата [[Корисник:Виктор Јованоски|корисничка страница]] веќе ги имам набројано своите интереси и познавања - најголем дел од статиите кои ги пишувам тука се во наведените области и не би сакал да се повторувам. Без разлика на администраторската функција (кога би ја добил, секако), моето главно дејство на Википедија ќе биде истото: збогатување на енциклопедијата со квалитетни и бројни статии. Во секој случај, администраторската функција нуди неколку привилегии. Пред се - многу полесен начин да се води борба против вандализмот.
 
:'''2.''' Од вашите статии или придонеси кон Википедија, дали има некои со кои сте особено задоволни, и зошто?
::'''А:''' Досега неколку мои статии биле избрани и прикажани на главна страница - [[Едгар Алан По]], [[Одри Хепберн]] и [[Вилијам Блејк]] - но не би можел да речам дека само тие се оние од кои сум особено задоволен. Дури и напротив, мене особено ми се допаѓаат серијата статии кои ги напишав за унгарските поети - [[Шандор Петефи]], [[Ендре Ади]] и низа други - како и оние посветени на француските симболисти кои моментално и ги пишувам - [[Шарл Бодлер]], [[Артур Рембо]]. Всушност, така некако за мене изгледа една совршена статија: не е премногу долга (значи не може да стане здодевна), а истовремено содржи достатен број на информации и барем една слика; покрај тоа, особено важни ми се и надворешните врски и најчесто се трудам (покрај оние преземени од англиското издание) и сам да пребарам со цел да најдам неколку нови, и тоа кон страници на различни јазици, со предимство на оние кои се на македонски.
 
:'''3.''' Дали сте биле во некакви конфликти во однос на уредувањето во минатото или дали сметате дека другите корисници ви предизвикале стрес? Како сте се справиле со тоа и како ќе се справувате со тоа во иднината?
::'''А:''' Досега не сум бил во никаков конфликт и ниту еден корисник не ми предизвикал стрес. Искрено, не ни сметам дека ова некогаш ќе се случи. Иако сите луѓе кои пишуваат на Википедија се обидуваат да напишат нешто за што тие се сигурни (или барем мислат) дека е точно, искрено верувам во постоење на една единствена неутрална гледна точка, сместена некаде на средината на туѓите, спротиставени мислења. А се додека верувам во тоа, мислам дека ќе биде лесно да се надмине секој проблем.
 
;Општи коментари
*
----
<!-- ВАЖНО: Само регистрирани Википедијанци може да коментираат во секциите „за“, „против“ или „воздржан“. Нерегистрираните корисници или уредниците кои не се логирани се добредојдени да учествуваат во секциите „коментари“ и „прашања“. -->
 
'''Дискусија'''
 
*
 
'''За'''
<strike>{{за}}--[[Корисник:MadBuldog|MadBuldog]] 14:03, 5 септември 2007 (UTC)</strike> Тазе регистриран корисник, неможе да гласа. --[[Корисник:Misos|Милош]] 12:10, 5 септември 2007 (UTC)
#{{за}}--[[Корисник:FlavrSavr|FlavrSavr]] 22:35, 3 септември 2007 (UTC)
#{{за}}--[[Корисник:Misos|Милош]] 00:11, 4 септември 2007 (UTC)
#{{за}}--[[Корисник:Filipgd|Фичо]] 02:25, 4 септември 2007 (UTC)
#{{за}}--[[Корисник:Brest|brest]] 06:05, 4 септември 2007 (UTC), {{коментар}} корисникот [[Корисник:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]] посвети значајно внимание на уредувањето на википедија, покажа чувство за соработка со другите корисници, активно учествуваше во википроекти ([[Википедија:Проект:На денешен ден|На денешен ден]] и [[Википедија:Проект:Археомак 2.0|Археомак 2.0]]), даде значаен придонес во уредувањето на порталите, не влезе во отворен конфликт со други корисници, помагаше на новите корисници. Тоа го прави и сега, се надевам со поголем интензитет ќе го прави и во иднина.
#{{за}}--[[Корисник:INkubusse|Поречанец]] 11:45, 4 септември 2007 (UTC), {{коментар}} работи неуморно и квалитетно, има огромен придонес (и тоа и со нови обемни и содржајни статии и со дополнување и средување на недовршени или неуредни статии) и, најважно за администраторската позиција, ги има потребните квалитети за администратор - смиреност, неутралност, желба (и способност) за помагање во сите области, секогаш аргументирани и оправдани постапки и познавање на википедија и нејзините принципи. Неговата администраторска позиција не може во никој случај да наштети, а напротив би била од (многу!) голема корист за овој проект.
#{{за}}--[[Корисник:Arwena|Arwena]] 14:03, 4 септември 2007 (UTC) - Thumbs up за [[Корисник:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]]
#{{за}}--[[Корисник:Антон|Антон]] 18:45, 5 септември 2007 (UTC) Ипресиониран сум од интересите и ерудициjата на Виктор Јованоски. Ако имам право да гласам, сум "за".
#{{за}}--[[Корисник:Ajax|Ajax]] 07:58, 6 септември 2007 (UTC)
#{{за}}--[[Корисник:Muad'Dib|Muad&#39;Dib]] 11:44, 6 септември 2007 (UTC)
'''Против'''
#
 
'''Воздржани'''
#
Анонимен корисник