Разговор:Македонска револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Jingiby (разговор | придонеси)
Ред 26:
====Втор устав====
 
Во врска со "првиот поподробен устав на Организацијата", во спомените на Ѓорче под заглавието "Ѓорче Петров заедно со Делчев го изработува првиот поподробен устав на Организацијата", стои следното: "Во време на распустот во 1896 г. направивме еден вид конгрес во Солун, 15-16 души... Тоа собрание, така да се речи, беше оснивачко. И од тогаш датира солунската организација, тогаш веќе Ц.К. се призна. До тогаш уште не се знаеја членовите на Ц.К., се до тогаш одеше на другарски начела...Прашањето за печатите (да има печати) беше покренато. За прво време остана, така што само Ц.К. да има печат и со него да се потпечатуваат расписките за целата организација. Таму се истакна потребата од нов устав и правилник. Дотогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена изработени од ''Дамета''!?! (клетвата и др.) Тоа правилниче беше несистематско, литографирано (невозможно е ова да е Правилникот на БМОРК [http://promacedonia.org/hk/hk_pr5.htm коj се состои од 50 члена]). Се реши да се изработи еден полн правилник и устав. Кога дојдов во Софија, тука во Софија го изработив (''со Делчев''), го напечатив и го испратив." Татарчев од друга страна пишува: "Најсетне дојдовме до заклучок дека и таа област (''Одринско'') треба да составува дел од нашата ревулуционерна дејност, така што, на тој начин си мислевме дека се даваше едно задоволително решение на балканското прашање. Решението за тоа се зеде едвам при крајот на 1895 г. и почна да се применува во дејство во 1896 г. Од една страна Пеју Jаворов тврди во биографијата на Гоце Делчев, дека уставот од 1896 година бил еднонационален и ги приклучвал само егзархистите Бугари: "Тоа собир утврждава еден устав на револуционерната организацијa, копиja на стариот бугарски устав, тврде оригинален со положбата, дека само егзархисти Бугари се приемат за членови на комитетите." Од друга страна Татарчев пишува: "На основачкиот конгрес при крајот на 1896 г. се зеде решение да им дозволи на незадоволните месни елементи без разлика на народност и вера да влезат во конспирацијата, доста тие да не бидат познати поради престапнички дејанија".
 
===Бугарски гледишта===
Назад на страницата „Македонска револуционерна организација“.