Разлика помеѓу преработките на „Монетарно осамостојување на Македонија“

с
 
==Монетарно осамостојување и воведување на македонскиот денар==
На [[Велигден]], [[26 април]] 1992 г., [[Собранието на Република Македонија]] носи пакет [[закон]]и со кои се поставува институционалната рамка на монетарниот систем и се воведува [[денар]]от како парична единица на Република Македонија. Денарот се дели на 100 дени, а неговиот скратен назив во платниот промет е ДЕН. Името на македонската валута - денар е донесено на предлог на академик [[Петар Х. Илиевски]], како израз на историскиот континуитет на употребата на [[пари]]те на територијата на Македонија од римската [[антика]] до средновековниот период. На [[27 април]] 1992 г. започнува замената на книжните [[југословенски [динардинари]]и со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената трае три дена. Книжните пари што гласат на југословенски динари дефинитивно престануваат да важат како платежно средство во Република Македонија на [[29 април]] 1992 г., додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари остануваат во оптек уште една година.
 
==Напуштање на вредносните бонови и појава на вистинските пари==