Агностицизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sco:Agnosticism
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
'''Агностицизам''' ([[грчки]]: ''Αγνωστικισμός'' непознат, неспознаен) е израз што опфаќа мошне различни правци како трансценденталниот [[идеализам]], [[позитивизам|позитивизмот]] и др што го застапуваат гледиштето дека стварноста не може да се спознае. Од религиозна гледна точка агностицизмот се наоѓа помеѓу [[теизам|теизмот]] и [[атеизам|атеизмот]]. Агностичари тврдат дека не може да се спознае дали навистина постои Бог или не. Тие всушност се сомневаат во сѐ и дел од нив претставуваат вид скептичари. Прв пат овој термин го употребил [[Томас Хаксли]], а најпознат философ со агностички ставови е [[Дејвид Хјум]].
 
'''Агностицизмот''' е [[Филозофија|филозофско]] убедување дека [[Вистинитосна вредност|вистинитосната вредност]] на некои тврдења—особено тврдења за постоењето или непостоењето на божества, но и други [[Религија|религиозни]] и [[Метафизика|метафизички]] тврдења—не може да се утврди ниту докаже. Агностицизмот може да се дефинира на различни начини, а и понекогаш означува сомневање или скептичен пристап кон прашања. Во некои смисли, агностицизмот е став за сличностите или разликите меѓу верување и знаење, отколку за некое специфично тврдење или верување.
Еден од првите застапници на агностицизмот е [[Протагора]] кој, во своето дело „За боговите“ напиша: „Во врска со боговите, јас немам средства да знам дали тие постојат или не или од кој вид се тие, поради опскурноста на материјата и краткоста на човечкиот живот.“
 
[[Томас Хаксли]], [[Англија|англиски]] [[Биологија|биолог]], го сковал зборот ''agnostic'' („агностичен“) во [[1869]] година. Но пред тоа некои мислители и пишани дела го промовираа агностичното гледиште, вклучувајќи ги [[Протагора]], [[Грци|грчки]] филозоф од [[5 век]], и митот за создавање „''[[Насадија-сукта]]''“ во [[Риг-веда]], антички [[хиндуизам|хиндуистички]] религиозен текст. Откога Хаксли го сковал овој термин, многу други мислители имаат напишано опширно за агностицизмот.
 
{{Философски теми}}