3.392
уредувања
Да бидам искрен, очекував ваква реакција порано или подоцна. Работа со ботови е во најмала рака контроверзна и за мене често пати дегреадирачка кон придонесот на правите корисници на Википедија. Пред се, би сакал да расчистам неколку работи:
# Викимедија Македонија (ВМ) правно, формално или било како „официјално“ нема врска со Википедија на македонски јазик (ВП) и не треба да се меша. Никој од ВМК нема нити треба да има посебни права, бенефиции или што ти ја знам во ВП. Тоа што Димче е претседател не значи ама апсолутно ништо овде. И Обама да дојде, ќе има исти права. Ако некој заборавил, истото важи и за администратори/бирократи.
# За да се направи нешто со бот, МОРА да се има согласност од заедницата. Brest бришел статии автоматски (т.е. со бот) но преку неговата сметка (значи технички бришењата се направени од Brest, а не од Brest-bot). За ова незнам како се постапува и дали е „дозволено“.
# Има еден куп статии за средување, празни статии итн. Ако се бришат овие статии, тогаш би требало да се избришат и сите други такви. Дали сите се согласуваат со тоа? (јас не).
# Ама апсолутно нема потреба да се оди со лични обвинувања. Arwena, ти не си „поголема“ од Зоран и Димче овде и немој да се однесуваш така.
# Николче, како администратор имаш право да го блокираш ботот ако сметаш дека не работи како што би требало да работи (како што јас го блокирав сега). Додека не се постигне конзенсус, јас не би го одблокирал.
--[[User:Misos|Милош]] <small>([[User talk:Misos|разговор]])</small> 13:54, 24 јануари 2011 (CET)
|