Гамета: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ms:Gamet
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Никулец}}
'''Гамета''' означува специјализирана полова [[клетка]] која вообичаено се спојува со друга гамета во процесот на [[полово размножување]]. Гаметите се [[хаплоид]]ни клетки кои содржат еден комплетен сет на [[хромозом]]и и се продуцираат во процесот [[гаметогенеза]] кој вообичаено се одвива во половите органи ([[гаметангиум]]и). За време на гаметогенезата доаѓа до редукциона ([[мејоза|мејотска]]) делба на клетките кои преминуваат од [[диплоид]]ни соматски во хаплоидни полови клетки (гамети). По копулацијата (спојувење) на две гамети доаѓа до повторно удвојување на бројот на хромозомите, односно се добива нова единка, [[зигот]]. По низа модификации и енормен број на [[митоза|митотски]] клеточни делби зиготот најпрво поминува во ембрион, за подоцна по раѓањето да созрее во адултна единка способна да продуцира гамети.
 
Кај [[животни]]те и останатите [[организам|организми]] кои полово се размножуваат по пат на [[оогамија]], половите клетки, [[сперматозоид]]ите и [[Јајце клетка|јајце клетките]], поседуваат големи разлики во структурата, големината и однесувањето. Покрај оогамниот полов процес, постојат и, изогамија, кој вклучува две идентични гамети, и анизогамија или хетергамија, кога машката и женската гамета се разликуваат по големина. Кај пониско организираните организми постојат и низа други помалку познати начини на полово размножување кои може но и не мора да вклучуваат гамети во основната смисла на зборот. Такви се на пример: [[зигогамија]] или [[гаметангиoгамија]], [[конјугација]], [[хологамија]], [[автогамија]].
 
{{никулец од областа на биологијата}}
 
[[Категорија:Клетка]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гамета