Илуминации (песни): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
''Илуминациите'' содржат толку деликатни симболи и алузии што со секое ново читање нудат нов начин на восприемање и можност нешто ново да се сфати. Постои необјаслива привлечност во нивниот непровиден [[импресионизам]] и совршен ритам. Во ниту еден момент песните не престануваат да бидат еден боженствен спектакл и дури и нивните најсветовни пасажи се исполнети со еден невиден тип на супер-реалност.
 
Сепак, за разлика од слободниот стих, [[лирска проза|лирската прозна поезија]] безмалку почнува и завршува да постои со ликот и делото на [[Артур Рембо]]. Митот за неговата генијалност ќе се изгради токму околу ''Илуминациите'' - иако сѐ уште тинејџер, со овие четириесет песни тој го забарикадира своето место на врвот на светската оригинална поезија - прв користи слободен стих, ја воспоставува и истовремено усовршува [[лирска проза|лирската проза]], го збогатува речникот со доста [[неологизам|нови зборови]] и ги разноврснува ритмите застапени во француската поезија; сесѐ на сесѐ, со ''Илуминациите'' Рембо и дефинитивно станува најуникатна појава во светската литература.
 
==Надворешни врски==