Хавиер Бардем: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Nina04 (разговор | придонеси)
Nina04 (разговор | придонеси)
Ред 47:
 
Првиот филм на англиски на Хавиер, ''Пред да падне ноќ'' (''Before Night Falls'') во 2000 година, се пробил интернационално. Хавиер го прикажал Аренас од 17 годишно момче, полно со живот и на работ на сексуалното будење, до блед 45 годишен човек кој, уништен од Сида, посакувал да умре. Бардем бил добитник на Volpi Cup награда во Венеција, бил номиниран за [[Златен глобус]] и станал првиот Шпанец номиниран за оскар за најдобар актер. Филмот му донел светска слава на Бардем. Следното појавување на Бардем било во филмот ''Ни трага од Господ'' (''Sin Noticias de Dios''), каде настапил со поранешните колеги Пенелопе Круз, Викторија Абрил и [[Гаел Гарсија Бернал]] (се појавува и мајку му Пилар, но само на фотографија). Во 2002 година, откако финансиски се осигурал и го совладал англискиот јазик, ја прифатил улогата во првиот филм на Малкович, ''The Dancer Upstairs''. Бардем глуми адвокат кој станал детектив за подобро да и служи на правдата. Малкович го опишал Бардем како “ најдобриот млад актер во Европа, а можеби и во цел свет. Тој има сила и моќ на бик однадвор... но е кршлив одвнатре”. “Неговиот талент е неизмерен”. 2002 година донела уште еден филмски хит за Бардем, ''Сончеви понеделници'', најуспешниот шпански филм на годината, надминувајќи го дури и ''[[Зборувај со неа]]'' на Алмодовар. Филмот е моќна социо-политичка приказна за група невработени градежници на бродови. Бардем го игра Санта, жесток активист и неизгласан лидер. Филмот освоил пет Гоја награди, заклучно наградата која ја добил Хавиер Бардем за најдобар актер.
[[Image:Javier Bardem Coen brothers.jpg|thumb|left|300px|Хавиер Бардем и [[браќата Коен]] на [[Канскиот филмски фестивал]] 2007.]]
 
Веднаш по филмот ''Пред да падне ноќ'', тој одбил улога во филмот ''Извештај за малцинства'' (''Minority Report'') која потоа ја добил [[Колин Фарел]]. Бардем се приближил до својот прв поголем холивудски хит, појавувајќи се кратко во криминалната драма на Мајкл Мен, Колатерал. Истата година, Бардем освоил награда за најдобар актер на [[венециски филмски фестивал|венецискиот филмски фестивал]], за улогата во ''Mar Adentro'' 2004 година, каде го глуми Рамон Сампедро, целосно парализиран човек кој се бори за правото на еутаназија. Во 2007 година, Бардем глумел во две филмски адаптации: филмот ''Нема земја за старци'' на [[браќата Коен]] и адапатација на [[Колумбија|колумбиската]] новела ''[[Љубов во време на колера]]'' од [[Габриел Гарсија Маркез]]. Во ''Нема земја за старци'', тој го игра социопатскиот убиец, Антон Чигурх. Оваа улога му го донела првиот оскар за најдобра машка споредна улога. Покрај оскар, Бардем за улогата освоил [[Златен Глобус]] и [[Screen Actors Guild (SAG)]] награда, како и [[БАФТА]] награда за најдобра машка споредна улога. Чигурх се најде на 26то место во издание од 2008 година на магазинот Entertainment Weekly на листата на “50 најголеми негативци во филмската историја”.
[[Image:Bardem Biutiful.jpg|thumb|Зад сцената во филмот ''[[Biutiful]]''.]]
 
Понатаму следи филмот ''[[Вики, Кристина, Барселона]]'' на [[Вуди Ален]], во кој повторно настапува заедно со Пенелопе Круз. Имало преговори за улога во филмската адаптација на бродвејскиот мјузикл Девет, како невистинскиот Гвидо Контини; улогата потоа ја добил [[Данил деј Луис]]. Во 2010 година, Бардем осовил награда за најдобар актер на [[Податотека:Канскиот филмски фестивал]] за улогата во филмот Biutiful, во режија на Алехандро Гонзалес Ињариту.