Википедија:Почетен курс (Заклучок): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{ВП:ПК}}
Универзитет “Кембриџ”
===[[Image:Gtk-ok.svg]]Готови сте===
 
Сега ги знаете најважните работи за придонесување на Википедија. Имете коментари или фидбек за овој почетен курс? Чувствувате дека нешто не е добро објаснето, или сакате да знаете нешто што не е овде наведено? Слободно обратете ни се преку оставање на коментар на страницата за разговор. Ако имате потреба од дополнителна помош, главниот материјал се наоѓа во '''[[Помош:Содржина]]''' (секогаш постои врска преку левата странична лента за интеракција, под Помош).
 
Универзитетот Кембриџ се наоѓа во градот Кембриџ источна Англија.Тој е втор универзитет во светот кој работи се од неговото основање.Неговото име некаде можеме да го сретнеме како Cantab што потекнува од латинското ине на градот Кембриџ Cantabrigia,Cantabrigiensis.
Мотото на универзитетот е Hinc lucem et pocula sacra,што значи От тука светлина и скапоцено знаење.
Универзитетот е основан од група на учени луѓе кои го напуштиле Оксфорд во 1209 година по распаравата со тамошните жители.Овие два универзитети со тек на време станале значаен дел од англиската историјата и културата.Со векови меѓу нив постоело ривалство.Во различни анкети Универзитетот Кембриџ се наоѓа меѓу 5те најдобри Универзитети во светот и се оценува како најдобар Универзитет во Европа.од универзитето Кембриџ доаѓаат 81 добитник на Нобеловата награда,што е најмногу во однос на другите универзитети во Европа и светот.
Во 2008 година Универзитетот Кембриџ имал 8.614 наставен кадар и 18.396 студенти.Во 2006 година Универзитетот располагал со 4,1 милијарда фунти.
 
 
 
Историја
Статусот на Кембриџ беше зајакнат со повелбата од 1231 од Кралот Хенри III од Англија, која доби ius non trahi (право да ги дисциплинира-воспитува своите членови) плус некои ослободувања од даноци , и була во 1233 од Папата Грегориј IX којшто им даде на дипломираните од Кембриџ право да предаваат насекаде во Христијанскиот свет.
Откако Кембриџ беше опишан како stadium generale во писмо на Папата Никола IV во 1290, и потврдено како такво во була од Папата Јован XXII во 1318, стана вообичанено истражувачите од други Европски средновековни универзитети да доаѓаат и да го посетуваат Кембриџ за студираат или да држат предавања.
 
 
 
Основање на колеџите
Колеџите на Кембриџ првично биле случајна карактеристика на системот. Ниту еден колеџ не е толку стар како самиот универзитет. Колеџите беа обезебедени(донирани) со стипендии од стипендисти (научници, професори). Имаше истотака институции без донации наречени хостели. Хостелите беа постепено апсорбирани од страна на колеџите низ вековите, но тие оставија некои индикатори (показатели) на нивното време, како што е името на Garret Hostel Lane.
Hugh Balsham, епископ од Еly, во 1284 година го основа Peterhouse, првиот колеџ на Кембриџ. Многу колеџи беа основани за време на четиринаесеттиот и петнаесеттиот век, но колеџи продолжија да се воспоставуваат (основаат) во текот на вековите на модерните времиња, иако имаше празнина од 204 години помеѓу основањето на Sydney Sussex во 1596 год. И Downing во 1800 год. Последниот основан колеџ е Robinson, изграден во доцните 1970ти. Сепак, Hoмerton College достигна статус на целосен универзитетски колеџ во Март 2010 год., што го прави најновиот целосен колеџ (претходно беше “Одобрено општество” поврзано со универзитетот).
Во средновековниот период, колеџите беа основани така што нивните ученици ќе се молат за душата на основачите. Од таа причина тие често биле поврзани со капели или катедрали. Промена во фокусот на колеџите се случил во 1536 год. Со Распадот(Поништувањето) на Манастирите. Кралот Henry VIII наредил на факултетот да го распушти својот Факултет за канонско право и да престане да предава “сколастичка филозофија”. Како одговор на ова, колеџите ги сменија своите наставни програми, надвор од канонско право и кон класиката, Библијата и математиката.
Како што Кембриџ се оддели од Канонското право така се оддели и од Католицизмот. Уште во 1520тем континеталните изрази на незадоволство на Лутеранството, што станаа пошироко познати како Протестантска реформација, направија нивното присуство да се почувстува на интелектуалната расправа на универзитетот. Меѓу интелектуалците кои беа вклучени беше теолошки влијателниот Thomas Cranmer, за подоцна да стане Архиепископ Кантербериски. Затоа што стана погодно (поволно) за Henry VIII во 1530те, Кралот се обрати кон Cranmer и другите (во рамките и надвор од Кембриџ) да изградат нова верска патека која ќе биде различна од Католицизмот, но истотака и различна од она што Мартин Лутер го имал на ум.
Речиси еден век подоцна, универзитетот беше во центарот на друг Христијански раскол. Многу благородници, интелектуалци, и дури и обичниот народ ги видоа патиштата на Црквата на Англија како премногу слични со Католичката црква и освен тоа дека била искористена од страна на Круната да ги узурпира (присвои) правичните овластувања на земјата. Источна Англија беше центарот на она што стана Пуританско движење и во Кембриџ, беше исклучително силно во Emmanuel, Халата на Св. Катерина, Sidney Sussex и Христовиот колеџ . Тие создадоа многу “не-конформисти” дипломирани студенти кои во голема мера имаа влијание, од страна на општествена положба или проповедална (говорница), приближно 20000те Пуританци кои заминаа за Нова Англија и особено Massachusetts Bay Colony во текот на декадата на Големата преселба во 1630те. Oliver Cromwell, Парламентарниот управувач (командант) за време на Граѓанската војна и шеф на Англискиот Комонвелт (Англиска република) (1649–1660), дипломира на Sidney Sussex.
 
Математичари
Од времето на Isaac Newton т.е од крајот на 17 па се до средината на 19 век,Универзитетот повеќе обврнува внимание на применетатa математика,а посебно на математичката физика.Проучувањето за оваа тема е задолжително за дипломирањето,а од студентите се бара да го положат овој испит и да земат диплома за прв и главен степен на Cambridge во областа на уметноста и науката.Овој испит е познат како Tripos.
На студентите од прва класа им беше доделено признание по положувањето на испитот Tripos.Овие студенти беа наречени wranglers.Математичкиот испит на Cambridge Tripos беше натпреварувачки од кoj што излегоа повеќе познати имиња на Британската наука како: James Clerk Maxwell, Lord Kelvin и Lord Rayleigh..
Сепак,некои познати студенти како G. H. Hardy,не билe за овој систем затоа што велелe дека со него студентитие се инатересираат само за оценките,а не за темата на која што работат.Иако во Cambridge има истаржувања и настави за различни области,сепак математиката е онаа која е водечка меѓу нив. Cambridge alumni имаат освоено пет награди и една Abel награда за математика,додека пак студенти поединци имаат освоено 4 награди.Универзитетот исто така води напредни студии од областа на математиката.Чистата математика нема такво силно застапништво на Cambridge.Чистиот пристап имал мало влијание во Англија се до 20век (следен од пионерската работа на G. H. Hardy и неговиот соработник J. E. Littlewood),покрај значајниот напредок во 19век во континентална Европа(особено во Франција,Германија и Русија).Дури до 1950 година математиката на Cambridge остана индиферентна кон post-Bourbaki одвраќање затсапено во Европа и САД(на пример класична аналитичка теорија на броевите остана примарен фокус). Lucasian Chair беше зафатен со физичарите.
 
Митови легенди и традиции
Како институција со долга историја ,Универзитетот Cambridge разви голем број на митови и легенди.Поголем дел од нив се невистинити,но се пренесуваат од генерација на генерација,на студенти и туристички водичи.Прекинатата традиција е дека на дрвена лажичка,наградите доделени на студентитте со најамалa оценка на крајниот испит на Mathematical Tripos.Последна од овие лажички доби Cuthbert Lempriere Holthouse во 1909 година,веслач во клубот Boat на Lady Margaret на колеџот St John.веслото имаше повеќе од еден метар.Можеше да се види надвор од
Senior Combination Room на St John's..Од 1909 година резултатите беа објавувани по азбучен ред,а не по освоениот резултат.Ова направи да биде потешко да се утврди кој е победник на лажичката(освен ако има само една личност во тертата класа),па оваа пракса бече напуштена.Секој вечер за Бадник радио телевизијата BBC го емитува The Festival of Nine Lessons и Carols by the Choir of King's College, Cambridgе.Радио програмата стана националана Божиќна традиција од кога беше прв пат емитувана во 1928 година.Радио преносот се врши во светот од страна на светскиот сервис BBC кој исто така врши пренос на стотици радио станици во САД.Првиот телевизиски пренос на фестивалот беше во 1954 година.
 
Уредување
Cambridge е колегијален универзитет,што значи дека е составен од самоуправа и независни колеџи од кои секој си има своја имот и приход.Повеќето колеџи собираат студенти од простран спектар на различни дисциплини и внатре во факултетот,училиштето или катедрата на Универзитетот ќе бидат пронајдени академици од различни факултети.Факултетите се одговорни дека предавањата се одржани,за организирањето на семинарите,истаржувањето и утврдувањето на наставната програма,под надзор на генералниот совет.Заедно со централаната администрација на чело со вице-канцеларот,го сочинуваат Cambridge University.Објекти како што се библиотеките се наоѓааат секаде низ Универзитетот:на самиот Универзитет(the Cambridge University Library),на катедрите на Универзитетот(Squire Law Library) и на поединечните факултети.
 
 
 
Колеџи
Многу студенти и академици учат и работат на колеџите и воедно се дружат.Таму и се одржува настава во мали групи,позната како супервизија.Секој колеџ има свој наставен кадар и соработници за секој предмет посебно,кој исто така одлучува за примањето на студентите во согласносот со правилата и прописите на Универзитетот кој организира натсава во мали групи за студенти и кој е одговорен за благосостојбата на своите студенти,дипломци,постдипломци и вработените.
Универзитетот Cambridge има 31 колеџ од кои само Murray Edwards, Newnham и Lucy Cavendish примаат само женски лица.Сите останати колеџи се мешани,иако првично сите примале само машки. Darwin бил првиот колеџ кој почнал да прима лица и од двата пола,додека пак Churchill, Clare и King's колеџите се колеџите кои претходно примале само машки и кои од 1972 година почнале да примаат и женски лица.Колеџот Magdalene беше последниот машки колеџ кој стана мешан во 1988 година. Clare Hall и Darwin примаат само постдипломци,а Hughes Hall, Lucy Cavendish, St Edmund's и Wolfson примаат само матуранти(лица до 21 година или над до денот на упишувањето),студенти и вклучувајки исто така и дипломирани студенти.Сите други колеџи примаат студенти и постдипломци без разлика на возраста.Колеџите не бараат од студентите да се запишуваат на сите предмети туку на еден одреден предмет.
Некои колеџи имаат пристрасност кон одредени предмети,на пример Churchill тежнее кон науките и инжинерството,додека пак другите како St Catharine's тежнее кон урамнотеженост.Трошоците на студентите(сместувањето и храната)се различни.Другите одр=уваат многу неформалан репутација,кјако на пример за студентите од King's колеџот кои треба да имаат левичарски погледи,а пак колеџите Robinson College и Churchill College настојуваат кон намалување на нивното влијание врз животната средина.Исто така на Универзитетот Cambridge постојат неколку теолошки факултети како Westcott House, Westminster College и Ridley Hall Theological College кои се членови на Теолошката федерација на Универзитетот.
 
 
Настава
Главен метод на наставата на Cambridge е супервизијата.Тоа се обично неделни состаноци на мала група студенти(1,2 и 3) со нставниот кадар на колеџот или со докторант.Обично од студентите се бара да напишат есеј или да извршат задача дадена од супервизорите.Главна задача на супервизорите е да разговараат за потешкотиите кои ги имале студентите во тек на неделната настава.Предавањата на Cambridge се најчесто опишани како вистински 'bolt-on’ од страна на супервизорите.Студентите примаат меѓу 1 и 4 супервизори неделно,зависно од предметите кои ги имаат во текот на неделата.Овој педагошки систем е најчесто познат како единствен на Cambridge и на Oxford каде што супервизорите се познати како тутори.Овој начин на оценување на студентите бече воведен од страна на учителот William Farish на Универзитетот Cambridge во 1792 година.
 
 
Училишта,факултети и катедри
Покрај 31 колеџ,Универзитетот исто така поседува 150 катедри,училишта,синдикати и други институции.Членовите на овие други институции се исто така членови на еден или повеќе колеџи и одговорноста за управување на целата академска програма на Универзитетот е поделена меѓу нив.
Училиштето на Универзитетот е широка административна групација поврзана со факултетите и други единици.Секое училиште има свој избран супервизорен орган-Советот на училиштето кој се состои од претсавници на составните тела.Постојат шест училишта:
1.Уметност и хуманост
2.Биолошки науки
3.Клиничка медицина
4.Хуманост и општествени науки
5.Физички науки
6.Технологија
На Cambridge наставата и истаржувањата се организирани од страна на факултетите.Факултетите имаат различни организациски структури од кои дел ја разгледуваат историјата,а дел за нивните потреби кои мочшат да вклучат одреден број на катедри и други институции.Покрај нив постајат и Синдикати кои се одговорни за настават и истражувањата како на пример Cambridge Assessment, University Press и Универзитетската библиотека.
 
 
Учебна година
Учебната година е поделена на три семестри утврдени со статусот на Универзитетот.. Michaelmas Term трае од октомври до декември, Lent Term од јануари до март и Easter Term од април до јуни.Во рамките на овие семестри наставата се одвива осум недели кои се наречени Full Terms.Овие семестри се пократки од оние на другите Англиски универзитети.Исто така од студенти се очекува да се припремаат во текот на трите празници(Божиќ,Велигден и распустот).
 
Централна администарција
 
 
Канцелар и вице-канцелар
Сегашниот канцелар на Универзитетот е Војводата на Edinburgh, а сегашниот вице-канцелар е Leszek Borysiewicz.Должноста на канцеларот која е дозѓивотна е главно церемонијална,додека пак вице-канцеларот е de facto главен академик и административен функционер.Внатрешното управување на Универзитетот се извршува речиси во целост од неговите членови со многу мала застапеност на управниот орган.
 
Сенатот и Regent House
Сенатот го сочинуваат сите носители на титулата магистер или титула од повисок степен.Тој го избира канцеларот, High Steward и два члена на House of Commons до укинувањето на избиричкото тело на Универзитетот.До 1926 година универзитетскиот управен орган ги извршуваше функциите кои денес ги има Regent House. Regent House е управниот орган на Универзитетот кој се состои од членови на Универзитетот и колеџите заедно со канцеларот, High Steward, Deputy High Steward, и Commissary.Јавните предтсавници на Regent House се два Proctors изберени од страна на колеџот за време од една година.
 
Советот и генералниот одбор
Иако Советот на Универзитетот е главно извршно и креирачко тело,тоа мора да биде одговорен и да дава извешти на Regent House разни мерки и контроли.Советот е исто така должен да го известува Универзитетот и да го советува Regent House за општи работи кои се однесуваат на Универзитетот.Тоа ги прави и обете страни со известувања да бидат објавени од страна на органите на известувачот на Cambridge University,кој што претставува службен весник на Универзитетот.Од 2005 година Советот вклучи два надворешни членови,додека пак Regent Hous во март 2008 година гласаше за зголемување на надворешните членови од два на четири,што беше одобрен од Кралицата во јуни 2008 година.Генералниот одбор на факултетите е одговорен за научната и образовната политика на Универзитетот и е одговорен пред Советот за добро управување со овие работи.Одборот на факултетот е одговорен за Генералниот одбор,додека пак другите одбори и синдикати се одоворни или за Генералниот одбор или за Советот.на овој начин разни гранки на Универзитетот се под надзор на централната администарција,а исто така и Regent House.
 
Финансии
Кон крајот на 2006 година вкупното финансиско донирање на Универзитетот и на колеџите се проценува на околу 4.1 милијрда долари,од кои 1.2 милијрда долари се врзани директно за Универзитетот,а 2.9 милијарда долари за колеџите.Oxford(вклучувајки ги неговите колеџи)е веројатно рангиран на второ место бидејки околу средината на 2006 година има пријавено донации со вредност околу 3.9 милијарда долари.Секој колеџ е независна добротворна институција со свои сопствени донации одделена од центарлните универзитетски донации.Ако се рангира на табелата за донации на Англиските универзитети користејки ги броевите пријавени во 2006 година,Cambridge ќе се рангира на шестото или седмото место(зависно од тоа дали е вклучен Универзитетот од Тексас кој вклучува 9 Универзитети и 6 здравствени институции),а пак четврт на рангирањето споредено со деветте институции кои се во Ivy League.
Споредбите меѓу донаците на Cambridge и оние на други врвни американски универзитети се сепк неточни бидејки станувајќи Универзитет финансиран од државата,Cambridge добива голем дел од своите приходи преку настава и истражувања донирани од страна на Англиската влада.Во 2006 година беше објавено дека околу една третина од приходите на Cambridge доаѓаат од владата на Англија наменети за настава и истражување,а друга третина доаѓа од други донации.Вложените приходи изнесуваат околу 6 %.
 
 
Бенефиции и прибирање средства
Во 2000 година Bill Gates од Microsoft донираше 210 милиони амеикански долари преку Фондацијата Bill and Melinda Gates да се доделат за стипендиите Gates за студенти кои доаѓаат надвор од Англија помагајќи им на постдипломците кои студираат на Cambridge.Компјутерската лабараторија на Cambridge е првата која одржа курс за компјутери во 1953 година сместена во зграда сместена во зграда основана од Gates и именувана по неговиот татко William Gates.Во 2005 година 800 годишнината Cambridge камапања беше покрената со цел да се подигнат 1 милијарда долари до 2012-кампања за собирање пари од страна на првиот Универзитет во Европа со американски стил.До денес се собрани донации од 940 милиони долари.
 
===[[Image:Gtk-dialog-info.svg|50px]] Корисни врски===