Корисник:Sanja.djurkovic/ТестСтатија: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''== Џозеф Гордон =='''
Џозеф Гордон Леонард- Левит,( роден на 17 февруари, 1981) е американски актер, чија кариера уште од најрана возраст, па се до ден денес вклучува телевизиски серии, театарски остварувања, и сценски изведби.
 
Ред 5:
 
По пауза, која ја искористи за да студира на Универзитетот „Колумбија“,Гордон-Левит ја напушти телевизијата, но како повозрасен се врати на глумата, каде се појави во различни независни филмови, како Manic во 2001 година, проследено со докажаните улоги во Mysterious Skin во 2004 година и Brick во 2005 година. Во 2009 година ја играше главната улога во филмот (500) Days of Summer, кој доби одлични филмски критики и му донесе номинација за награда за Златен Глобус за најдобар актер во филмски мјузикл или комедија. Во 2010 година, тој глуми во филмот на Кристофер Нолан, Inception. Тој поседува онлајн продукциска компанија наречена HitRECord.
 
=====
===== Детство и семејство =====
Гордон-Левит е роден во Лос Анџелес, Калифорнија, а израсна во Шерман Оукс. Потекнува од еврејско семејство. Неговиот татко, Денис Левит, тогаш беше уредник на вестите на Пацифика радио станицата, KPFK-ФМ. Неговата мајка, Џејн Гордон, се кандидираше за Конгресот на САД во Калифорнија во текот на 1970 за Партијата за мирот и слободата; се запозна со Денис Левит додека работеше како лектор на програмата во радиото. Таткото на Џејн Гордон, дедото на Гордон-Левит беше холивудски режисер меѓу 1940-1970 година, познат по режирањето на филмот Pillow Talk, со Дорис Деј и Рок Хадсон во главните улоги. Гордон-Левит имаше постар брат, Ден, кој беше фотограф и жонглер. Роден е во 1974 година и почина во октомври 2010 година.
Гордон-Левит се приклучи на музичка театарска група на четиригодишна возраст и го играше Плашилото во The Wizard of Oz. Подоцна го откри еден агент и почна да се појавува на телевизија и по реклами за Sunny Jim путер од кикирики, Cocoa Puffs, Pop-Tarts и Kinney Shoes.