50
уредувања
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Џозеф Гордон Леонард- Левит,( роден на 17 февруари, 1981) е американски актер, чија кариера уште од најрана возраст, па се до ден денес вклучува телевизиски серии, театарски остварувања, и сценски изведби.
По пауза, која ја искористи за да студира на Универзитетот „Колумбија“,Гордон-Левит ја напушти телевизијата, но како повозрасен се врати на глумата, каде се појави во различни независни филмови, како Manic во 2001 година, проследено со докажаните улоги во Mysterious Skin во 2004 година и Brick во 2005 година. Во 2009 година ја играше главната улога во филмот (500) Days of Summer, кој доби одлични филмски критики и му донесе номинација за награда за Златен Глобус за најдобар актер во филмски мјузикл или комедија. Во 2010 година, тој глуми во филмот на Кристофер Нолан, Inception. Тој поседува онлајн продукциска компанија наречена HitRECord.
=====
Детство и семејство =====
Гордон-Левит е роден во Лос Анџелес, Калифорнија, а израсна во Шерман Оукс. Потекнува од еврејско семејство. Неговиот татко, Денис Левит, тогаш беше уредник на вестите на Пацифика радио станицата, KPFK-ФМ. Неговата мајка, Џејн Гордон, се кандидираше за Конгресот на САД во Калифорнија во текот на 1970 за Партијата за мирот и слободата; се запозна со Денис Левит додека работеше како лектор на програмата во радиото. Таткото на Џејн Гордон, дедото на Гордон-Левит беше холивудски режисер меѓу 1940-1970 година, познат по режирањето на филмот Pillow Talk, со Дорис Деј и Рок Хадсон во главните улоги. Гордон-Левит имаше постар брат, Ден, кој беше фотограф и жонглер. Роден е во 1974 година и почина во октомври 2010 година.
Гордон-Левит се приклучи на музичка театарска група на четиригодишна возраст и го играше Плашилото во The Wizard of Oz. Подоцна го откри еден агент и почна да се појавува на телевизија и по реклами за Sunny Jim путер од кикирики, Cocoa Puffs, Pop-Tarts и Kinney Shoes.
===== Актерска кариера =====
Гордон-Левит ја започна својата актерска кариера на возраст од шест години, кога се појави во неколку телевизиски филмови во доцните 1980-ти години, 2 епизоди од сериите Family Ties и во четвртото продолжение на серијата Quantum Leap, во 5-тата епизода Permanent Wave. По главната улога во римејкот Dark Shadows како Дејвид Колинс, го направи своето филмско деби во филмот Beethoven во 1992 година. Истата година, подоцна, ја одигра младата верзија на ликот на Крег Шефер во A River Runs Through It. На 12 годишна возраст, Гордон-Левит ја играше главната улога како Грегори во филмот Switching Parents, базиран според вистинска приказна за Грегори Кингсли, момче кое успеа да добие законско право да се оддели од неговите родители. Во 1994, тој играше во комедијата Holy Matrimony и се појави во главната улога во филмот Angels in the Outfield во продукција на Дизни. Од 1993 до 1995 имаше постојана улога во комедијата Roseanne. Во 1996 година, Гордон-Левит започна да го глуми Томи Соломон во комедијата 3rd Rock from the Sun, улога која го проби на сцената и по која денес е најмногу познат. San Francisco Chronicle ја забележа случајноста дека Гордон- Левит е „еврејско дете што глуми вонземјанин кое се преправа дека е еверејско дете.“ Во 1998 беше гостин во првата сезона од That '70s Show, каде се појавува во епизодата Eric's Buddy, во улога на соученик на Ерик Форман, кој е хомосексуалец. Во текот на 1990-тите години се појави во уште неколку филмови како The Juror (1996), Sweet Jane (1998) заедно со Саманта Матис, и Шекспировата комедијата 10 Things I Hate About You (1999), каде тој и Хит Леџер ги имаа главните машки улоги. Го позајми гласот на главниот лик Џим Хокинс во анимираниот филм на Дизни, Treasure Planet (2002), научна фантастика адаптирана на Treasure Island од Роберт Луис Стивенсон.
познавач на францускиот јазик.Тој изјави дека преселбата во Њујорк Сити(мометално престојува во Manhattan Lower East Side) од неговиот роден град го присили да порасне како личност.Гордон-Левит се откажа од студиите во 2004 за повторно да се сконцентрира на неговата актерска кариера.
===== Понатамошна работа =====
Гордон-Левит по враќањето на глумата, изјави дека свесно донел одлука „да биде добар во филмовите“. Од почетокот на 2000-та година, настапи во серијал, опишани од Boston Herald како „потврдени и докажани инди“ филмови што го направија ѕвезда во инди филмската индустрија. Гордон-Левит се здоби со пофалби и позитивни критики за неговите настапи. Водејќи се според признанијата од критичарите и публиката, шоу бизнисот забележа дека Гордон-Левит „ги урна сите стереотипи кои постојат за младите актери кога ќе пораснат., додека The New York Times го опиша како „еден од најзгодните млади ѕвезди во инди индустријата“. Иако редовно ги истражува улогите пред снимањето преку тоа што се поистоветува со истите во вистинскиот живот, Гордон-Левит не се етикетира како актер со посебни методи.
Неговиот нареден филм е драмата Manic (2001), сниман во ментална институција, потоа Mysterious Skin (2004), каде глумеше хомосексуална проститутка и жртва на сексуално малтретирање, Brick (2005), модерен филм сниман во средно училиште со главна улога на Брендан Фрај, тинејџер кој е вовлечен во круговите на дрогата, а истовремено истражува убиство. Филмот доби позитивни критики од Minnesota Daily со коментарите дека Гордон-Левит го одиграл ликот „одлично“, „верно на филмскиот стил“, „без многу напор, но не и разочарувачки“ и „секси на еден необјаснив начин“. Друг критичар изјави неговата изведба е „за восхит“. Неговите улоги во Mysterious Skin и Brick ги поттикнаа Salon.com да го објаснат како „еден од најинтересните водечки артисти во независен филм, досетлив изведувач, кој истовремено е повлечен и го изразува своето мислење, кој е специјалист за глумење проблематични ликови кои се во војна со самите себе и со светот.“ Глумеше и покрај Стив Сандвос како млад мисионер со предрасуди во Latter Days (2003), филм што е сконцентриран на сексуално збунетиот Мормонист (Сандвос), кој се заљубува во својот сосед – хомосексуалец. Гордон-Левит првенствено се пријави за улогата на Сандвос, но му беше доделена улогата на Елдер Пол Рајдер поради добрата смисла за хумор и агресивноста. Во 2005 година, глумеше во тинејџерската драма Havoc како и според критиките, неуспешниот Shadowboxer, филм за смртно болниот платен убиец, игран од Хелен Мирен, која го извршува последното убиство.
Гордон-Левит беше еден од продуцентите на Бродвејското шоу Slava’s Snowshow, работа која ја делеше со повеќемина, меѓу кои и со Џеред Гелер, кој беше сценски менаџер за време на продукцијата на Uncle Bob. Во 2009 беше номиниран за наградата Tony за најдобар театарски настан.
===== Други проекти =====
Споредниот проект на Гордон-Левит , „hitRECord.org“, е онлајн продукциска компанија.Веб страната на компанијата гласи: „ние создаваме уметност и медија тука на самата страна; ја користиме мојата позиција во традиционалната забавна индустрија за да ја претвориме таа креативност во продукции кои ќе прават пари; и потоа стекнатиот профит го делиме со уметниците кои придонесуваат за тоа.“ Гордон-Левит е сопственик на страната од 2004 година откако произведе 6 видеа и кратки филмови. Со почетокот на 2009 година ја направи достапна и за филмови од други артисти. За Salon изјави дека со страната има можност да биде што е можно покреативен и повремено да „откачува“. Оттогаш страната се прошири со повеќе од 10000 учесници кои соработуваат во правењето песни, слики, приказни и кратки филмови. Според еден прилог во Details magazine, Гордон – Левит ја надгледува страната преку мрежни компјутери од неговото домашно студио.
Првиот филм на Гордон – Левит како режисер, 24 минутниот Sparks, адаптација на кратката приказна од Елмор Леонард, беше избран како дел од новата програма за кратки филмови на Sundance Film Festival. Во август 2010 година, Гордон-Левит режираше уште еден краток филм со наслов Morgan and Destiny's Eleventeeth Date: The Zeppelin Zoo, каде што и самиот тој глумеше покрај колегата од G.I. Joe, Чанинг Тејтум. Имаше две премиери за време на South by Southwest Фестивал во Остин, Тексас.
|
уредувања