Алтер его: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
 
[[Комичар]]ите по рутина ги користат своите алтер ега. Браќата Маркс за време на нивната кариера се претставуваа како вариете карактери.На пр: Џулиус Маркс го играше Гручо безразлика дали му е доделена улога на професор (во Horse Feathers), или ветеринар (во A Day at the Races), или на претседател (во Duck Soup). Сценските комичари како што се на пр.Дон Риклс (Mистер Топлина) и Џеки Мејсон (Хартуниан) ги развија своите трикови до степен на поедини алтер ега. Сценскиот уметник Енди Кофман беше главно познат на неговите следбеници по неколкуте карактери, вклучувајќи го и “the Foreign Man” (подоцна Latka Gravas), Tони Клифтон и Кофмановото имитирање на [[Елвис Присли]]. Биографскиот [[филм]] “Човек на месечината” го прикажува Кофман како човек чиј вистински идентитет било тешко да се одгатне дури и од неговите блиски пријатели,бидејќи алтер егата секогаш преовладувале. Актерот Саша Барон Кохен, кој честопати е споредуван со Кофман и како и самиот Кофман е познат по карактерите на Aли Џи, [[Борат]] и Бруно.
 
Професионалните борачи исто така настапуваат под нивните алтер ега(или сценски имиња),како што се на пр .карактерот Хулк Хоган на Тери Болеа и The Undertaker на Марк Халавеј.