Свјатослав Рихтер: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Simata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Роден е 1915 година во [[Житомир]], [[Украина]], во семејство со [[Германци|германско]] потекло. Неговиот татко бил почитуван пијанист и учител. Од него ги добива првите музички часови, но во голема мера тој е самоук. Свири пијано со зачудувачка техника веќе на 8 години. Малку подоцна, семејството се преселува во [[Одеса]], кадешто тој се запишува на тамошниот конзерваториум. Во своите младешки години, се приврзува кон диригирањето и на неверојатни 15 години тој е примен како диригент во Операта и Балетот на Одеса, место коешто го држи 4 години. Првиот рецитал на пијано го дава на 19 години исто така во Одеса, во салата на инженерскиот дом. Препознавајќи извонреден талент, неговите претпоставени го убедуваат да појде во [[Москва]] и да учи пијано кај тогашниот најдобар професор во [[Русија]], [[Хајнрих Нојхаус]]. Послушувајќи ги советите, на 22 години се запишува на Московскиот конзерваториум, кадешто работи и ги завршува студиите кај големиот Нојхаус, кој подоцна, за својот ученик, ќе напише: „Морам да признаам дека немав повеќе што да го научам!“.
 
Времето поминато во Москва е исполнето со познанства со колеги – музичари, за кои денеска велиме дека се џиновите на светската музика. Се запознава со својот колега од класата кај Нојхаус - [[Емил Гилељс]], исто така еден од најдобрите пијанисти, со кого развиваат искрено почитување за своите уметности (Низ [[САД]] веќе од порано настапувал Емил Гилељс, зачудувакќи ја американската публика со своето свирење, и при еден пофален комплимент упатен до него по настап, тој само скромно одговорил: „Почекајте да го слушнете Рихтер!“). Познанството со [[Сергеј Прокофјев]] донесува обострано воодушевување. Композиторот е трогнат од Рихтеровата изведба на неговата Соната No.6, па му ги посветува No.7 и No.9, чии премиерни изведби овој ги свири. Се вели за седмата соната дека Прокофјев ја пишувал скоро четири месеци, а Рихтер ја научил за 4 дена. Сепак, Рихтер во една прилика запишува: „Никогаш не бев особено близок со Прокофјев – човекот, иако на музички план соработувавме многу. Од него чувствував некаков страв; тој за мене целосно е содржан во неговата музика, и тогаш, и сега.“ Соработуваат заедно со виолончелистот, легендарниот [[Мстислав Ростропович]] и виолинистот [[Давид Ојстрах]], изведувајќи дела од светската литература, чии снимки денес се осамени на врвот по својот квалитет и исклучителност. Во [[1945]] се запознава со сопранистката [[Нина Дорилак]], која многу кратко потоа ја корепетира на концерт соизведувајќи соло песни од руските автори Глинка и Римски-Корсаков.[[Слика:Moscow Cnservatory 1940-e.JPG|мини|200п|Московскиот конзерваториум во четириесеттите години]]репертоар од соло песни. Нивната врска, освен на професионално ниво, ќе премине и на приватно ниво. Иако тие никогаш не стапуваат во официјален брак, живеат заедно и Дорилак редовно го следи на неговите турнеи и му помага околу настапите.
 
Иако настапувајќи редовно на над 120 концерти годишно, Рихтеровиот неверојатен пијанизам речиси никогаш не ги преминува границите на Западот (освен неколку снимки со лош квалитет) сè до [[1960]] кога тој најпрво свири во [[Финска]], а потоа и низ САД, кадешто електризирачкото свирење ја обзема целата земја како низ некое невреме. [[Њу Јорк Тајмс]] го прогласува за „пијанист со стил, поетичност и имагинација: комплетен уметник!“.