Сметачка мрежа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 61:
Безжичните локални мрежи им овозможуваат на корисниците да се поврзуваат кон мрежните ресурси без инсталација на кабли или ожичување. Тука се користат безжични уреди наречени ,,пристапни точки’’(Access Points), за примопредавање на податоците. Во зависност од големината на компанијата или објектот, може да постојат една или повеќе локални мрежи. Компанијата која е лоцирана во објект со повеќе катови и стотици вработени може да има [[локална мрежа]] на секој кат. Помеѓу секој кат, за поврзување на локалните мрежи може да се користат уреди како што се мостови (bridge) или рутери (router).
 
===Локална мрежа===
 
Една [[локална мрежа]] (LAN) е мрежа која ги поврзува компјутерите и уредите во ограничена географска област како што се домот, училиштето, компјутерска лабораторија, деловен објект или блиску позициониран комплекс од згради. Секој компјутер или уред во мрежата е еден јазол. Сегашните жичани мрежи речиси се базирани на [[Ethernet]] технологијата, иако новите стандарди како ITU-T G.hn исто така обезбедуваат начин за со здавање на жичана LAN мрежа користејќи ги посточките жици инсталирани во вашиот дом ( коаксијални кабли, телефонски жици и жици за струја).<ref>[http://www.itu.int/ITU-T/newslog/New+Global+Standard+For+Fully+Networked+Home.aspx New global standard for fully networked home], ITU-T Press Release</ref>
Ред 71:
Дефинирачките карактеристики на LAN мрежите, за разлика од WAN (Wide Area Network) мрежите, вклучуваат повисоки стапки на пренос на податоци, помал географски опсег и нема потреба од закупени телекомуникациски линии. Сегашните Ethernet или било која друга IEEE 802.3 LAN технологии работат на брзини најмногу до 10 Gbit/s. Ова е стапка на пренос на податоци. IEEE има изтражувачки проекти за стандардизација на 40 и 100 Gbit/s. <ref>[http://www.ieee802.org/3/ba/ IEEE P802.3ba 40Gb/s and 100Gb/s Ethernet Task Force]</ref>
 
====Лични мрежи (Personal Area Network - PAN)====
 
Лична локална мрежа (PAN) е компјутерска мрежа која се користи за комуникација меѓу компјутер и различни информационо технолошки уреди кои се во близина на една личност. Некои примери на уреди кои се користат во PAN се персонални компјутери, принтери, факс машини, телефони, PDA, скенери, па дури и конзоли за видео игри. PAN вклучува и жични и безжични уреди. Далечината на PAN се протега до 10 метри.<ref>http://searchmobilecomputing.techtarget.com/sDefinition/0,,sid40_gci546288,00.html</ref> Жичаната PAN обично е изградена со USB и Firewire врски а додека технологиите како што се Bluetooth и инфрацрвени зраци се типични за безжичната PAN.
 
====Домашна локална мрежа (Home Area Network - HAN)====
 
Домашна локална мрежа (HAN) е станбена LAN која се користи за комуникација помеѓу дигитални уреди обично распоредени во домот, најчесто тоа се мал број на персонални компјутери и дополнителна опрема, како што се печатачи и мобилни компјутерски уреди. Важна функција е споделувањето на Интернет пристап а често и сервисот за праќање пораки преку CATV или провајдерот дигитална претплатнича линија Digital Subscriber Line (DSL). Таа, исто така може да се нарече како канцелариска мрежа (Office area network - OAN).